Преспав

македонска комична телевизиска серија

Преспав — македонска ситуациска комедија со елементи на сатира и магичен реализам во режија на Игор Иванов и по сценарио на Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов. Во периодот од 31 октомври 2016 до 9 јануари 2024 година биле прикажани вкупно седум сезони — првата сезона на ТВ Телма,[1] втората на Телевизија 24,[2] а од третата до седмата на МРТ 1.[3][4] На 26 април 2020 година, доброволно била снимена и прикажана вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против КОВИД-19.[5]

Преспав
Жанрситком
Создадена одЕлеонора Венинова
Пеце Талески
Игор Иванов
Напишана одЕлеонора Венинова
Сашо Кокаланов
други сценаристи
Режирана одИгор Иванов[б 1]
УлогиЈелена Јованова
Игор Ангелов
Тијана Дапчевиќ
Васил Зафирчев
Игор Стојчевски
Владо Јовановски
Игор Џамбазов
Горан Стојановски
Адриан Азири
Дритон Вејсели
Емра Куртишова Стојанова
Владимир Тулиев
Наташа Петровиќ
Јана Маринова
Димитрија Доксевски
Береда Решит
Александар Микиќ
Зоран Љутков
Марина Поп Панкова
Бајрам Северџан
Тања Кочовска
Петар Мирчевски
Бедија Беговска
Александар Шехтански
Јасмина Поповска
Гоце Тодоровски
Соња Каранџуловска
Бранко Бенинов
Стојна Костовска
Благоја Чоревски
Лазе Манасковски
Лазар Бараков
Тематски композиторМите Димовски
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони7
Бр. на епизоди152 (+2)
Производство
Продуцент(и)Пеце Талески
МестоположбаПреспа
УреднициСашко Потер Мицевски
Времетраење±30 мин.[б 2]
Прикажување
Првична мрежаТелма (сезона 1)
Телевизија 24 (сезона 2)
МРТ 1 (сезони 3–7)
Првпат прикажана воМакедонија Македонија
Првично прикажување31 октомври 2016 – 9 јануари 2024
Надворешни врски
Мрежна страницаprespav.mk

Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во Преспанскиот Регион, благодарение на средствата добиени од фондовите на Европската Унија. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан судир и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов судир и нова разрешница.

Серијалот бил прогласен за ТВ-проект на годината во Македонија за 2018, 2019 и 2020 година, а новогодишната епизода од шестата сезона „Преспав мјузик хол“ била прогласена за најпопуларна новогодишна емисија за 2021 година на Златна бубамара на популарноста.[6][7][8][9]

Глумечки состав

уреди

Вкупниот глумечки состав на серијата „Преспав“ вклучува околу 200 глумци. Табелата во продолжение ги содржи само ликовите кои се појавуваат во повеќе од пет епизоди.

🟩главна улога 🟦споредна улога 🟧епизодна улога
Глумец Улога Сезона
1 2 3 4 5 6 7
Јелена Јованова Јелена Дунимаглова 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Игор Ангелов Коста Бузалевски 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Тијана Дапчевиќ Ула Бринкман Бузалевска 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Васил Зафирчев Марио Домазетовиќ 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Игор Стојчевски Тони Бузалевски 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Владо Јовановски Миле Бузалевски 🟩
Мич 🟧 🟩 🟩
Игор Џамбазов Миле Бузалевски 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Горан Стојановски Инспектор Томе Глобоски 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Адриан Азири Наим 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Дритон Вејсели Талат Зибери 🟦 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩 🟩
Емра Куртишова Стојанова Исаура 🟧 🟩 🟩 🟩 🟩
Владимир Тулиев Дончо 🟦 🟦 🟩 🟩 🟩 🟩
Наташа Петровиќ Натали 🟩 🟩 🟩
Јана Маринова Преслава Каменова 🟩
Димитрија Доксевски Симче Симов (Ниче) 🟩
Береда Решит Валентин 🟦 🟦 🟦 🟦 🟦 🟦
Александар Микиќ Поп Крсто 🟦 🟧 🟧 🟧 🟧 🟧 🟧
Зоран Љутков Звонко 🟧 🟧 🟦 🟦
Марина Поп Панкова Психолог 🟦
Бајрам Северџан Лоренцо 🟦 🟧 🟧 🟧
Тања Кочовска Стојна Бузалевска 🟦 🟦 🟧
Петар Мирчевски Духот на Гоце 🟦 🟧 🟧
Бедија Беговска Духот на Хелга 🟧 🟦 🟧

Епизоди

уреди

Сите сезони од серијата се достапни на gley.mk.

Сезона 1 (2016–17)

уреди

Првите петнаесет епизоди од првата сезона се прикажувале секој работен ден во 20:40 часот на ТВ-Телма. За време на изборниот период се прикажувала по една епизода седмично, а епизодите прикажани на овој начин насловени „Противкандидати“, „Наградна игра“ и „Дуел“ биле прикажани со поднасловот „Преспавполитичка програма“. Од епизодата насловена „Позитивна нула“, прикажувањето на серијата се вратило по стариот распоред, односно секој работен ден во 20:40 часот.

Првата сезона започнала со прикажување на 31 октомври 2016, а завршила на 11 јануари 2017 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
1 1 Преспаф Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 31 октомври 2016
2 2 Технички прием Елеонора Венинова Елеонора Венинова 1 ноември 2016
3 3 Мени Сашо Кокаланов Вардан Тозија 2 ноември 2016
4 4 ЕУ контрола Сашо Кокаланов Вардан Тозија 3 ноември 2016
5 5 Јаболко на раздорот Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 4 ноември 2016
6 6 Свечено отворање Елеонора Венинова Елеонора Венинова 7 ноември 2016
7 7 Оџак Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 8 ноември 2016
8 8 Ебола Елеонора Венинова Елеонора Венинова 9 ноември 2016
9 9 Ракијада Сашо Кокаланов Вардан Тозија 10 ноември 2016
10 10 Бегалци Сашо Кокаланов Вардан Тозија 11 ноември 2016
11 11 Гатачка Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 14 ноември 2016
12 12 Рација Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 15 ноември 2016
13 13 Синдикат Елеонора Венинова Елеонора Венинова 16 ноември 2016
14 14 Тапија Венко Андоновски и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 17 ноември 2016
15 15 Опасни врски Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 18 ноември 2016
16 16 Противкандидати Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 26 ноември 2016
17 17 Наградна игра Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 3 декември 2016
18 18 Дуел Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 10 декември 2016
19 19 Позитивна Нула Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 12 декември 2016
20 20 Вегетаријанско ќофте Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 13 декември 2016
21 21 Мачка и глушец Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 14 декември 2016
22 22 Риба за Гинис Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 15 декември 2016
23 23 Последен ден Елеонора Венинова Вардан Тозија 16 декември 2016
24 24 Рецепционер Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 19 декември 2016
25 25 Сигурен кец Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 20 декември 2016
26 26 Пансион Ал Капоне Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 21 декември 2016
27 27 Артефакт Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 22 декември 2016
28 28 Селфи Димитар Банов Игор Иванов 23 декември 2016
29 29 Тест за бременост Елеонора Венинова Игор Иванов 26 декември 2016
30 30 Ерсте либе Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 27 декември 2016
31 31 Маду Пурнима Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 28 декември 2016
32 32 Гробно место Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 29 декември 2016
33 33 Јеховини сведоци Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 2 јануари 2017
34 34 Концерт Димитар Банов Даријан Пејовски 3 јануари 2017
35 35 Гости од Бангладеш Елеонора Венинова Елеонора Венинова 4 јануари 2017
36 36 Инвеститор Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 5 јануари 2017
37 37 Пишман аџија Елеонора Венинова Елеонора Венинова 6 јануари 2017
38 38 Нов дуп за Дупени Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 9 јануари 2017
39 39 Братски работи Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Вардан Тозија 10 јануари 2017
40 40 Машки муабети Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 11 јануари 2017

Сезона 2 (2017–18)

уреди

Втората сезона од серијата се прикажувала секој вторник и среда во 19:00 и 22:30 часот на Телевизија 24. Во оваа сезона, Владо Јовановски бил заменет од страна на Игор Џамбазов во улогата на Миле Бузалевски.

Втората сезона започнала со прикажување на 26 декември 2017, а завршила на 28 февруари 2018 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
41 1 Преси — езерското чудовиште Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 26 декември 2017
42 2 Македонска нафта Сашо Кокаланов Игор Иванов 27 декември 2017
43 3 Лихвари Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 2 јануари 2018
44 4 Инспекторка Ленка Александра Миланова Игор Иванов 3 јануари 2018
45 5 Креативен центар Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 9 јануари 2018
46 6 Легранд Елеонора Венинова Даријан Пејовски 10 јануари 2018
47 7 Тајфун Сашо Кокаланов Игор Иванов 16 јануари 2018
48 8 Поткуп Елеонора Венинова Даријан Пејовски 17 јануари 2018
49 9 Близнак Сашо Кокаланов Игор Иванов 23 јануари 2018
50 10 Романтичен викенд Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 24 јануари 2018
51 11 Извршител Елеонора Венинова Игор Иванов 30 јануари 2018
52 12 Крвна одмазда Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 31 јануари 2018
53 13 Ловна сезона Елеонора Венинова Елеонора Венинова 6 февруари 2018
54 14 Стојна се враќа дома Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 7 февруари 2018
55 15 Веслав Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Елеонора Венинова 13 февруари 2018
56 16 Стрико од Америка Елеонора Венинова Даријан Пејовски 14 февруари 2018
57 17 Спор за името Сашо Кокаланов Даријан Пејовски 20 февруари 2018
58 18 Нудистички ресорт Алек Попов и Дељана Манева Даријан Пејовски 21 февруари 2018
59 19 Караоке Елеонора Венинова Игор Иванов 27 февруари 2018
60 20 Збогум Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов Игор Иванов 28 февруари 2018

Сезона 3 (2018–19)

уреди

Третата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1. Во оваа сезона, на глумечкиот состав му се приклучила Јана Маринова во улогата на новата газдарица Преслава Каменова од Бугарија. Третата сезона започнала со прикажување на 17 декември 2018, а завршила на 11 јануари 2019. Во оваа сезона била вклучена и посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2018 година.

Третата сезона започнала со прикажување на 17 декември 2018, а завршила на 11 јануари 2019 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
61 1 Нов газда Сашо Кокаланов Игор Иванов 17 декември 2018
62 2 Се враќа живот во Преспав Сашо Кокаланов и Елеонора Венинова Вардан Тозија 18 декември 2018
63 3 Духот на Гоце Дељана Манева и Алек Попов Вардан Тозија 19 декември 2018
64 4 Борчот е жив Сашо Кокаланов Вардан Тозија 20 декември 2018
65 5 Егзорцист Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 21 декември 2018
66 6 Селски туризам Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 24 декември 2018
67 7 ДНК-анализа Сашо Кокаланов Игор Иванов 25 декември 2018
68 8 Дива коприва Елеонора Венинова Игор Иванов 26 декември 2018
69 9 Две дами Бојан Трифуновски и Сашо Кокаланов Игор Иванов 27 декември 2018
70 10 Бугарски ќебап Бојан Трифуновски и Сашо Кокаланов Дина Дума 28 декември 2018
Новогодишна прослава Сашо Кокаланов Игор Иванов и Дина Дума 31 декември 2018
71 11 Грне Елеонора Венинова Вардан Тозија 1 јануари 2019
72 12 Богатството на Миле војвода Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 2 јануари 2019
73 13 Неочекуван гостин Елеонора Венинова Вардан Тозија 3 јануари 2019
74 14 Доста време ерген одев Александра Миланова Вардан Тозија 4 јануари 2019
75 15 Транзит Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 5 јануари 2019
76 16 Тоалетна хартија Сашо Кокаланов Игор Иванов 7 јануари 2019
77 17 Ромска убавица Алек Попов и Дељана Манева Дина Дума 8 јануари 2019
78 18 Конгрес Елеонора Венинова Вардан Тозија 9 јануари 2019
79 19 Штрајк Елеонора Венинова Игор Иванов 10 јануари 2019
80 20 Ослободување на Преспав Сашо Кокаланов Игор Иванов 11 јануари 2019

Сезона 4 (2019–20)

уреди

Четвртата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1. Во оваа сезона, Владимир Тулиев во улогата на Дончо и Емра Куртишова во улогата на Исаура, кои во претходните сезони имале епизодна улога, му се приклучиле на глумечкиот состав како едни од главните ликови. Во оваа сезона повторно била вклучена тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2019 година, но овојпат истата не била посебна и била дел од снимените 20 епизоди.

Четвртата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2019, а завршила на 15 јануари 2020 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
81 1 Рекет Сашо Кокаланов Игор Иванов 18 декември 2019
82 2 Отказ Сашо Кокаланов Игор Иванов 19 декември 2019
83 3 Цимерки Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 20 декември 2019
84 4 Кражба Сашо Кокаланов Вардан Тозија 23 декември 2019
85 5 Виш инспектор Игор Трајковски Георги М. Унковски 24 декември 2019
86 6 Анонимни алкохоличари Сашо Кокаланов Игор Иванов 25 декември 2019
87 7 Je suis Миле Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 26 декември 2019
88 8 Хипотека Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 27 декември 2019
89 9 Филм Сашо Кокаланов Вардан Тозија 30 декември 2019
90 10 Избор на мис на Преспа
(Новогодишна прослава)
Сашо Кокаланов Игор Иванов 31 декември 2019
91 11 Јагне на комитски начин Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 1 јануари 2020
92 12 Трансфер Огнен Неделковски Георги М. Унковски 2 јануари 2020
93 13 Кладилница Сашо Кокаланов Игор Иванов 3 јануари 2020
94 14 Кукла Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 6 јануари 2020
95 15 Рептил Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 7 јануари 2020
96 16 Нато генерал Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 8 јануари 2020
97 17 Пожар Артин Селмани Игор Иванов 9 јануари 2020
98 18 Транс тоалет Игор Трајковски Георги М. Унковски 10 јануари 2020
99 19 Боро и Рамиз Сашо Кокаланов и Артин Селмани Игор Иванов 14 јануари 2020
100 20 Лицитација Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 15 јануари 2020

Вонредна епизода

уреди

Во април 2020 година доброволно била снимена вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус со наслов „КОВИД еден без двајсе“, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против Ковид-19. Вонредната епизода била прикажана на 26 април 2020 година во 20:15 часот на МРТ 1.[5]

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
КОВИД еден без двајсе Сашо Кокаланов Игор Иванов 26 април 2020

Сезона 5 (2020–21)

уреди

Петтата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1.[б 3] Во оваа сезона, Владо Јовановски, кој во првата сезона го глумел ликот на Миле Бузалевски и на крајот на четвртата сезона се појавил како Воин на коњ кој победил на лицитацијата за продажба на пансионот, се вратил во улогата на Мич, а на глумечкиот состав му се приклучила и Наташа Петровиќ во улогата на стилистката Натали како еден од главните ликови.[10] Во оваа сезона трет пат по ред била вклучена посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2020 година.

Петтата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2020, а завршила на 18 јануари 2021 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
101 1 Миле Први Бузалевски Сашо Кокаланов и Вардан Тозија Вардан Тозија 18 декември 2020
102 2 Империја Сашо Кокаланов и Вардан Тозија Игор Иванов 21 декември 2020
103 3 Крвна плазма Огнен Неделковски и Сашо Кокаланов Георги М. Унковски 22 декември 2020
104 4 Преспански имунитет Билјана Црвенковска и Вардан Тозија Вардан Тозија 23 декември 2020
105 5 Елитен туризам Билјана Црвенковска и Вардан Тозија Вардан Тозија 24 декември 2020
106 6 Бјути салон Артин Селмани Игор Иванов 25 декември 2020
107 7 Стажантка Георги М. Унковски, Алек Попов и Дељана Манева Георги М. Унковски 28 декември 2020
108 8 Тартуфи Сашо Кокаланов, Алек Попов и Дељана Манева Дина Дума 29 декември 2020
109 9 Инфлуенсерка Огнен Неделковски и Сашо Кокаланов Георги М. Унковски 30 декември 2020
110 10 Бал под маски
(Новогодишна прослава)
Сашо Кокаланов Игор Иванов 31 декември 2020
111 11 Отворен брак Артин Селмани Игор Иванов 4 јануари 2021
112 12 Моногамист Александра Миланова и Сашо Кокаланов Дина Дума 5 јануари 2021
113 13 Банкарот бегалец Сашо Кокаланов, Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 6 јануари 2021
114 14 Предизвик Косара Митиќ Дина Дума 8 јануари 2021
115 15 Млеко од магарица Артин Селмани и Сашо Кокаланов Игор Иванов 11 јануари 2021
116 16 Акт работилница Мона Паскалова и Сашо Кокаланов Георги М. Унковски 12 јануари 2021
117 17 Миле vs. Миле Сашо Кокаланов, Вардан Тозија, Алек Попов и Дељана Манева Вардан Тозија 13 јануари 2021
118 18 Светски, а наш Сашо Кокаланов и Вардан Тозија Вардан Тозија 14 јануари 2021
119 19 Прана Мона Паскалова и Сашо Кокаланов Дина Дума 15 јануари 2021
120 20 Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 18 јануари 2021

Сезона 6 (2021–22)

уреди

Шестата сезона од серијата започнала да се снима во октомври 2021 година.[11] Епизодите се прикажувале секој работен ден во 20:15 на МРТ 1.[б 4][12] Во оваа сезона четврти пат по ред била вклучена посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2021 година.

Шестата сезона започнала со прикажување на 20 декември 2021, а завршила на 18 јануари 2022 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
121 1 Нов почеток Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Игор Иванов 20 декември 2021
122 2 Премија Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Игор Иванов 21 декември 2021
123 3 Термална бања Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Георги М. Унковски 22 декември 2021
124 4 Карабина Миа Николоска Георги М. Унковски 23 декември 2021
125 5 Ние не сме ангели Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Игор Иванов 24 декември 2021
126 6 Професор Марио Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Игор Иванов 27 декември 2021
127 7 Зете, мили зете Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Дина Дума 28 декември 2021
128 8 Тетка од Ресен Стефан Миленков Георги М. Унковски 29 декември 2021
129 9 Наследнички Стефан Миленков Георги М. Унковски 30 декември 2021
130 10 Преспав Мјузик Хол
(Новогодишна прослава)
Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Игор Иванов 31 декември 2021
131 11 В‘лчишта Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Дина Дума 3 јануари 2022
132 12 Нуклеарно оружје Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Вардан Тозија 4 јануари 2022
133 13 Пинк Пантерка Христијан Крстевски Вардан Тозија 5 јануари 2022
134 14 Искушеничка Косара Митиќ Дина Дума 10 јануари 2022
135 15 Пансион на годината Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Вардан Тозија 11 јануари 2022
136 16 Месија Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ Вардан Тозија 12 јануари 2022
137 17 Двојна игра Алек Попов и Дељана Манева Дина Дума 13 јануари 2022
138 18 Треска за биткоини Алек Попов и Дељана Манева Игор Иванов 14 јануари 2022
139 19 Преспанска лигња Вардан Тозија Игор Иванов 17 јануари 2022
140 20 Дечипирање Вардан Тозија Вардан Тозија 18 јануари 2022

Сезона 7 (2023–24)

уреди

Седмата сезона од серијата вклучува 12 епизоди, коишто се прикажуваат во 20:15 на МРТ 1. Во оваа сезона, на глумечкиот состав му се приклучил Димитрија Доксевски во ликот на Ниче.[13] Последната епизода од седмата сезоната („Свадбата на Јелена“) е музичка епизода.

Седмата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2023 година.

Број на епизода
(во серија)
Број на епизода
(во сезона)
Епизода Сценарио Режија Датум
141 1 Струен удар Сашо Кокаланов Вардан Тозија 18 декември 2023
142 2 Стокхолмски синдром Сашо Кокаланов Вардан Тозија 20 декември 2023
143 3 Бидаи Сашо Кокаланов Вардан Тозија 22 декември 2023
144 4 Табакерата Сашо Кокаланов Игор Иванов 25 декември 2023
145 5 Крипто Кралица Сашо Кокаланов
Калија Киселички
Игор Иванов 27 декември 2023
146 6 Докторанд Андреј Волкашин Игор Иванов 29 декември 2023
147 7 Излези, Плутоне Андреј Волкашин
Петар Вулчев
Радован Петровиќ 1 јануари 2024
148 8 Инспектор ајкула Андреј Волкашин
Петар Вулчев
Вардан Тозија 3 јануари 2024
149 9 Чорба од желки Андреј Волкашин
Петар Вулчев
Дина Дума 4 јануари 2024
150 10 Ренесансата на Ула Андреј Волкашин
Петар Вулчев
Дина Дума 5 јануари 2024
151 11 Магија за дожд Андреј Волкашин
Петар Вулчев
Артин Селмани
Дина Дума 8 јануари 2024
152 12 Свадбата на Јелена Андреј Волкашин
Петар Вулчев
Игор Иванов 9 јануари 2024

Поврзани производи

уреди

Кујната на Марио

уреди

Во април 2021 година било најавено дека во продукција на ОХО ќе започне со прикажување кулинарска емисија со ликовите од серијата насловена „Кујната на Марио“. Прикажувањето на епизодите започнало на 29 април 2021 година на службениот канал на Преспав на YouTube.[14]

Куќен притвор

уреди

Во текот на 2022 година во сопродукција на МРТ и платформата GLEY била снимена ситуациската комедија „Куќен притвор“, којашто имала за цел да долови детали од личниот живот на инспекторот Томе за време на неговиот престој во куќен притвор по приведувањето на крајот од шестата сезона. Прикажувањето на серијата започнало на 19 септември 2022 година во 20:15 на МРТ 1.[15]

Телевизиски реклами

уреди

Ликовите од серијата се појавиле и во неколку реклами за маслото за јадење „Брилијант“ коешто го произведува Витаминка како еден од главните спонзори на серијата.[16] Ликови од серијата се јавуваат и во реклами на „Сетек“, „Вива“ и „Винарија Тиквеш“.

Прикажување во странство

уреди

Бугарија

уреди

Во Бугарија, серијалот започнал со прикажување на 16 декември 2019 година на БТВ Комеди секој работен ден во 17:00 часот.[17]

Производство

уреди

Серијалот е во производство на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија.[18] Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова, Даријан Пејовски, Дина Дума и Георги М. Унковски. Главен сценарист на серијалот е Сашо Кокаланов, а сценаријата на епизодите се исто така и од: Елеонора Венинова, Венко Андоновски, Димитар Банов, Алек Попов, Дељана Манева, Билјана Црвенковска, Огнен Неделковски, Вардан Тозија, Александра Миланова, Артин Селмани, Косара Митиќ, Мона Паскалова, Небојша Ромчевиќ, Маја Новељиќ, Миа Николоска и Стефан Миленков. Директор на фотографија на прва сезона е Наум Доксевски, на втора Димо Попов, на трета и четврта Дејан Димески, а на петта и шеста сезона Тони Величковски. Монтажер на прва, трета, четврта, петта и шеста сезона е Сашко Потер Мицевски. Музиката е на Мите Димовски од музичкото студио Тралала.[18]

Белешки

уреди
  1. Игор Иванов е режисер на серијата и на дел од епизодите, а како режисери на епизоди се јавуваат и други лица.
  2. Епизодите се главно во времетраење од 30 минути; првата и последната епизода од некои сезони се нешто подолги; а епизодите со новогодишна прослава се во времетраење од 3 часа до 3 часа и 30 минути.
  3. Последните четири епизоди биле прикажувани со почеток во 22:00 часот поради натпреварите на Светското првенство во ракомет за мажи.
  4. Последните четири епизоди биле прикажувани со почеток во 22:00 часот поради натпреварите на Европското првенство во ракомет за мажи.

Наводи

уреди
  1. ВИДЕО: „Преспав" - нова македонска тв серија од понеделник на Телма Архивирано на 2 јануари 2017 г.“. Либертас. 27 октомври 2016.
  2. Гледајте ја Преспав на ТВ 24 во 19 часот“. Фактор. 26 декември 2017.
  3. М., Н.. „„Преспав“ се сели на МРТ1“. Нова Македонија. 7 септември 2018.
  4. Седмата сезона на „Преспав“ стартува пред Нова година“. Независен. 12 декември 2023.
  5. 5,0 5,1 (Видео) „Преспав“ со вонредна епизода посветена на кризата со коронавирусот“. Независен Весник. 24 април 2020.
  6. Список на сите добитници на Златна Бубамара 2019 Архивирано на 23 декември 2020 г.“. Република. 22 февруари 2019.
  7. Сите добитници на „Златна бубамара 2020“ Архивирано на 29 февруари 2020 г.“. Република. 28 февруари 2020.
  8. „Корона чао“ е пандемиски хит, а им се оддаде почит и на починатите ѕвезди – Како помина Златна Бубамара 2021?“. Crnobelo.com. 29 март 2021.
  9. Златна бубамара 2022 под мотото „Живнавме, да сме живи““. Факултети. 13 мај 2022.
  10. Што открива трејлерот за најновата сезона од серијата Преспав? Архивирано на 26 октомври 2021 г.“. Неа. 12 декември 2020.
  11. Започна со снимање шестата сезона на ТВ серијата „Преспав““. Независен Весник. 18 октомври 2021.
  12. Шеста сезона на „Преспав“ од 20 декември“. Независен. 29 ноември 2021.
  13. Вечерва почнува да се емитува хит серијата „Преспав“ со нова 7 сезона“. Конект. 18 декември 2023.
  14. З., Ф.. „Официјален трејлер за „Кујната на Марио““. Кајгана. 22 април 2021.
  15. https://nezavisen.mk/kukjen-pritvor-nov-sitkom-na-mrt-1/“. Независен. 19 септември 2023.
  16. Брилијант на Витаминка со поддршка за серијата „Преспав““. Фактор. 29 октомври 2018.
  17. Македонската комедия "Преспав" завладява bTV Comedy от 16 декември“. БТВ. 5 декември 2019.
  18. 18,0 18,1 Стартува „Преспав“ на Телма. Off.net.mk. 27 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди
  NODES