Руѓинце
Руѓинце — село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско.
Руѓинце | |
Координати 42°8′51″N 21°58′30″E / 42.14750° СГШ; 21.97500° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 35 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1314 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17088 |
Надм. вис. | 535 м |
Руѓинце на општинската карта Атарот на Руѓинце во рамките на општината | |
Руѓинце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во областа Козјачија, околу 18 км североисточно од општинското средиште Старо Нагоричане. Северно од самото село минува автопатот А2, поточно делницата Куманово - Крива Паланка. Низ источниот дел на атарот, покрај неколку маала минува потокот Ругински Дол.
Историја
уредиПодрачјето на селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Веља Страна.[2]
На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ругинци имало 520 Македонци, сите под Егзархијата, и во селото работело бугарско училиште.[3][4] Според тајна преписка на Бугарскиот конзулат во Скопје, во 1906 г. сите 65 куќи во селото под притисок на српската пропаганда го признале врховенството на Цариградската патријаршија.[5]
Во учебната 1907/08 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото има работело српско патријаршиско училиште.[6]
За време на Првата светска војна Ругинци имало 437 жители.[7]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Руѓинце имало 75 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 30 Македонци, 1 Србин и 4 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 520 | 612 | 712 | 692 | 550 | 308 | 137 | 124 | 75 | 35 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиРуѓинце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Нешинци (6 к.), Ивковци (6 к.) и Павловци (6 к.)
- Доселеници: Паланчанци (6 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Брештанци (6 к.) доселени се од селото Брешко; Калинци (5 к.) доселени се од селото Димонце; Чичарејци (1 к.) доселени се од селото Куклица кај Кратово; Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Орах; Николовци (4 к.) доселени се од некое околно село, козјачко; Додаци (6 к.), Мишаци (6 к.), Партурци (4 к.), Јовановци (2 к.), Милошовци (11 к.), Шолевци (1 к.), Мечкарци (2 к.) и Газдевци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Арсевци (3 к.) они се православни Роми.[15] Доселени се од селото Коњух.
Иселеништво
уредиПосле Втората светска војна многу население се иселиле во разни градови од бивша Југославија.
Постари и понови иселеници имало и во Макреш (Младенови), Анѓеловци се иселиле некаде во Србија. А исчезнале и Глогинци.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Петка“ (изг. 1894 г.)[16]
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Веља Страна — населба од железно време
- Градиште — утврдена населба од доцноантичко време
- Големо Рамниште — населба од средниот век
- Медведица — населба од средниот век
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 126–127..
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
- ↑ Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I. Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 31“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-02-20.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
- ↑ „Цркви“. Архивирано од изворникот на 2014-04-15. Посетено на 2010-07-31.