Слободната Држава Саксонија (германски: Freistaat Sachsen; горнолужички: Swobodny stat Sakska) — една од 16-те покраини на Германија, која се граничи со Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија, Баварија, Чешка и Полска. Таа е десетта најголема германска покраина по површина со 18.413 км2 и шеста најнаселена (4,3 милиони) од шеснаесетте германски покраини.

Слободна Држава Саксонија
Freistaat Sachsen (de)
Swobodny stat Sakska (wen) 
Сојузна покраина
Знаме на Слободна Држава СаксонијаГрб на Слободна Држава Саксонија
Координати: 51°1′37″N 13°21′32″E / 51.02694° СГШ; 13.35889° ИГД / 51.02694; 13.35889
ДржаваГерманија
Главен градДрезден
Управа
 • ПремиерСтанислав Тилих (ДХС)
 • Владејачки партииДХС / FDP
 • Гласови во Бундесратот4 (од 69)
Површина
 • Вкупно18.415,66 км2 (7,110,33 ми2)
Население (2022-12-31)[1]
 • Вкупно4.086.152
 • Густина220/км2 (570/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-SN
БДП€ 94.99 млрд. (2010)
NUTS-регионDED
Мреж. местоsachsen.de
Дрезден, главен град на Саксонија
Поглед на центарот на Лајпциг
Градското собрание на Кемниц

Се наоѓа во средината на поранешното германско говорно подрачје во Европа, историјата на покраината Саксонија се протега повеќе од еден милениум. Била средновековно војводство, изборно кнежевство на Светото Римско Царство, кралство и од 1918 до 1952 и потоа повторно од 1990, република.

Површината на современата покраина Саксонија не треба да се меша со Стара Саксонија, област населена од Саксонците. Стара Саксонија се поврзува се современите германски покраини Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт и вестфалскиот дел од Северна Рајна-Вестфалија.

Географија

уреди

Саксонија се граничи (од исток спрема стрелките на часовникот) со Полска, Чешка и германските држави Баварија, Тирингија, Саксонија-Анхалт и Бранденбург. Нејзиниот главен град е Дрезден. Од 1989, населението на државата во нејзините урбани центри било намалено како резултат на миграцијата во поранешна Западна Германија.

Главна оска на Саксонија е реката Елба, која поминува од југоисток до северозапад. Друга важна река, западно од Елба, е реката Мулде. Реката Лужичка Ниса, пак, ја формира германско-полската граница. Деловите источно од Саксонија се јужните делови на историскиот регион Лужица (Lausitz) и се нарекуваат Горна Лужица. Во овој регион живее малцинството Лужички Срби. Лужица е двојазичен регион.

Теренот се издигнува постепено од север кон југ, а кулминира во планинските венци на чешката граница. Рудните планини (Erzgebirge) се протегаат од Баварија до Елба. На исток постојат ридести предели познати како Лужички Планини.

Административна поделба

уреди
 
Карта на десетте окрузи и трите слободни градови во Саксонија

Во 2012 година досегашните три административни окрузиКемниц, Дрезден и Лајпциг — биле споени во еден заеднички округ Саксонија со седиште во Кемниц. Тој ги содржи вкупно десетте окрузи и трите слободни града.

Десетте окрузи во Саксонија се:

Постојат и три урбани окрузи (германски: kreisfreie Städte), кои исто така имаат статус на округ:

Најголеми градови

уреди

Најголеми градови во Саксонија според проценките од 31 март 2012.[2]

Место Град Население
1 Лајпциг 533.374
2 Дрезден 530.548
3 Кемниц 242.977
4 Цвикау 92.888
5 Плауен 65.689
6 Герлиц 55.264
7 Фрајберг 41.419
8 Бауцен 40.341
9 Фрајтал 39.392
10 Пирна 38.711

Економија

уреди

Саксонија има, по Саксонија-Анхалт,[3] една од најдвижечките економии меѓу сојузните покраини на поранешната ГДР. Нејзината економија пораснала до 1,9% во 2010.[4] Сепак, невработеноста останува висока, а инвестициите се дефицитарни. Источниот дел на Германија, освен Берлин, се квалификува како „Цел 1“ регион за развивање во рамките на Европската Унија и како резултат на ова има право да добива инвестициски субвенции до 30% до 2013.

Производителите на микрочипови близу Дрезден одлучиле на регионот да му го доделат прекарот „Силициумска Саксонија“. Издавачката индустрија и индустријата за порцелан во регионот се добропознати, иако нивните придонеси во регионалната економија не се значителни. Покраинската влада се обидува да го развие туризмот, особено во езерскиот округ Лаузиц (Лужица).[5]

Саксонија објавила невработеност од 11,9% како просек за 2010, во споредба на просекот со поранешниот ГДР, кој бил 12% и 7,7% за цела Германија.[4]

Историја

уреди

Саксонија има долга историја како војводство, изборно кнежевство на Светото Римско Царство (Изборно кнежевство Саксонија) и како кралство (Кралство Саксонија). Во 1918, по германскиот пораз во Првата светска војна, нејзината монархија била соборена и била основана републиканска форма на владеење под нејзиното моментално име. Државата била поделена на помали единици во текот на комунистичкото владеење (1949–1989), но била повторно основана на 3 октомври 1990 по обединувањето на Источна и Западна Германија.

Праисторија

уреди

Во праисториско време, територијата на Саксонија било место на едни од најголемите древни средноевропски монументални храмови, кои потекнуваат од 5-от век пред нашата ера. Познати археолошки места биле откриени во Дрезден и селата Ајтра и Цвенкау, близу Лајпциг. Словенското и германското присуство на територијата на денешна Саксонија започнало околу првиот век пред нашата ера. Делови на Саксонија биле под контрола на германскиот крал Марбод во текот на римскиот период. Во доцниот римски период, се појавиле неколку племиња познати како Саксонци, од каде државата (државите) го влече нивното име.

Војводство Саксонија

уреди
 
Хенрик Лавот (со неговата жена Матилда (војвотка од Саксонија)) — крунисан како војвода на Саксонија

Првото средновековно Војводство Саксонија било во доцниот Ран Среден век , кое се појавило околу 700 година и се зголемувало, покривајќи голем дел од Северна Германија. Ги покривало областите на современите германски покраини Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Шлезвиг-Холштајн и Саксонија-Анхалт. Саксонците го прифатиле христијанството текот на овој период.

Додека Саксонците се соочувале со притисокот од Франките на Карло Вели, имале притисок и од Словените на исток. Територијата на Слободната Држава Саксонија била окупирана од Словените пред да биде повторно заземена од Германите. Наследство од овој период е лужичкосрпското население во Саксонија.

Свето Римско Царство

уреди

Територијата на Слободната Држава Саксонија станала дел од Светото Римско Царство од 10-от век. Во 10-от век, војводите на Саксонија биле исто така кралеви (или цареви) на Светото Римско Царство, сочинувајќи ја Отонската или Саксонска династија. Околу ова време, Билунгите, саксонско благородничко семејство, добило големи феуди во Саксонија. Всушност, царот им ја доделил титулата Војвода на Саксонија. Откако војдодата Магнус умрел во 1106, предизвикувајќи истребување на машката линија на Билунги, контролата на војводството му била дадена на Лотар Зуплинбуршки, кој станал цар за кратко време.

Во 1137, контролата на Саксонија преминала на династијата Гуелф, наследници на Вулфхилд Билунг, најстарата ќерка на последниот војвода Билунг и ќерка на Лотар од Зуплинбург. Во 1180 големи делови западно од Везер биле отстапени на келнските архиепископи, додека некои централни делови помеѓу Везер и Елба останале на Гуелф, подоцна формирајќи го Војводството Брауншвајг-Линебург). Останатите источни земји, заедно со титулата Војвода на Саксонија, преминала на династијата Асканија (наследници од Ајлика од Саксонија, помладата сестра на Вулфхилд) и биле поделени во 1260 во две мали држави Саксо-Лауенбург и Саксо-Витенберг, порано исто така именувана Долна Саксонија, подоцна [[Горна Саксонија]], подоцна оттаму имиња на двата царски окрузи. Саксо-Лауенбург и Саксо-Витенберг тврделе дека ним им припаѓа кнежевската привилегија за нивниот дел, но било прифатено само барањето на Витенберг, додека Лауенбург продолжил да го одржува своето барање. Во 1422, кога саксонската кнежевска линија од Асканијците исчезнала, Ерик V од Саксо-Лауенбург се обидел да ги обедини саксонските војводства.

Меѓутоа, Зигусмунд, римско-германски крал, веќе му го доделил на грофот Фридрих IV од Мајсен (Династија Ветин) Саксонското изборно кнежевство, со цел за обесштетување на неговото воена поддршка. На 1 август 1425, Зигисмунд го назначил Фридрих како изборниот кнез на Саксонија, и покрај протестите на Ерик V. Така, саксонските територии останале трајно поделени. Кнежевска Саксонија потоа била споена со поголемото ветинско грофовија Мајсен, меѓутоа го користеле повисокото име Изборно кнежевство Саксонија, дури и асканискиот грб за целата монархија. Така, името Саксонија се однесувало на областите околу Дрезден и Мајсен. Во 18-от и 19-от век, Саксо-Лауенбург станало познато како Војводство Лауенбург, кое во 1876 се споило во Прусија како округ Војводство Лауенбург.

Основање на втората саксонска држава

уреди
 
Изборни кнезови на Саксонија од 17-от и 18-от век
 
Саксонија е дом на бројни замоци, како што е замокот Морицбург, северно од Дрезден

Саксонија-Витенберг, во денешната Саксонија-Анхалт, станала предмет на грофовијата од Мајсен, владеено од династијата Ветин во 1423. Така се воспоставила нова и силна држава, зафаќајќи големи делови од денешната Слободна Држава Саксонија, Тирингија и Саксонија-Анхалт. Иако центарот на оваа држава бил далеку на југоисток во поранешната Саксонија, се нарекувала „Горна Саксонија“, а потоа едноставно Саксонија, додека поранешните саксонски територии биле познати како Долна Саксонија.

Во 1485, Саксонија била поделена. Страничната линија на ветинските принцови ја добила Тирингија и основале неколку мали држави таму. Преостанатата саксонска држава останала сè уште посилно, станувајќи позната во 18-от век по нејзините културни достигнувања, иако била политички подредена на Прусија и Австрија, кои ја притискале Саксонија од двете страни.

Помеѓу години 1697 и 1763, изборните кнезови на Саксонија биле исто така бирани како кралеви на Полска во личен сојуз.

Во 1756, Саксонија се придружила на коалиција на Австрија, Франција и Русија против Прусија. Фридрих II Велики одбрал да нападне превентивно и да ја окупира Саксонија во август 1756, предизвикувајќи ја Седумгодишната војна. Прусите брзо ја поразиле Саксонија и ја припоиле саксонската војска во пруската. На крајот на Седумгодишната војна, Саксонија повторно станала независна држава.

Саксонија во 19-от и 20-от век

уреди

Во 1806, францускиот цар Наполеон го укинал Светото Римско Царство и му наредил на Изборното кнежевство Саксонија да премине во кралство. Изборниот кнез Фридрих Август III станал Крал Фридих Август I. Фридрих Август останал лојален на Наполеон за време на војните, кои ја зафатиле Европа во следните години; тој бил земен како затвореник и неговите територии биле одземени од Сојузниците во 1813, кои планирале анексија на Саксонија со Прусија. На крајот, со противење на Австрија, Франција и Обединетото Кралство на овој план, резултирало со враќање на Фридрих Август на неговиот престол по Виенскиот конгрес. Во тоа време во 1815, Саксонија била приморана да го предаде северниот дел на кралството на Прусија.[6] Овие земји станале дел од пруската покраина Саксонија, дел од денешната Саксонија-Анхалт. Остатокот од Кралството Саксонија отприлика бил идентичен со денешната сојузна покраина.

Во меѓувреме, во 1815, јужниот дел на Саксонија, сега наречен „Држава Саксонија“ му се придружил на Германскиот Сојуз.[7] (Германскиот Сојуз не треба да се меша со Северногерманскиот Сојуз спомнат подолу.) Во политиката на сојузот, Саксонија била засенета од Прусија. Кралот Антон од Саксонија, дошол на престолот на Саксонија во 1827. Кратко потоа, либералните притисоци во Саксонија се зголемиле и резултирале со револт во текот на 1830-та - година на револуција во Европоа.[7] Револуцијата во Саксонија имала за последица донесувањето на Устевот на Државата Саксонија, кој служел како основа за владата во Саксонија до 1918.[7]

За време на револуциите во Германија во 1848–49, Саксонија станала легло за револуционерите, со анархистите како што се Михаил Бакунин и демократите Рихард Вагнер и Готфрид Земпер, кои земеле учество во Мајското востание во Дрезден во 1849. (Сцени од учестовото на Вагнер во мајското востание во 1849 во Дрезден се презентирани во филмот од 1983, Вагнер, каде Ричард Бартон го глуми Рихард Вагнер.) Мајското востание во Дрезден го приморало кралот Фридрих Август II од Саксонија да донесе понатамошни реформи во саксонската влада.[7]

Во 1854, братот на Фридрих Август II, Кралот Јохан од Саксонија, го наследил престолот. Учениот крал Јохан го превел Данте.[7] Кралот Јохан наследил федералистичката и проавстриска политика во текот на почетокот на 1860-тите до почетокот на Австриско-пруската војна. За време на војната, пруските трпи ја зазеле Саксонија без борба и ја напаѓале тогашната австриска (денешна чешка) Бохемија.[8] По војната, Саксонија била приморана да плати обесштетување и да му се придружи на Северногерманскиот Сојуз во 1867 г.[9] Под услови на Северногерманскиот Сојуз, Прусија ја презела контролата на саксонскиот поштенски систем, железничките врски, воените и надворешните работи.[9] Во Француско-пруската војна во 1870, саксонските трупи се бореле заедно со пруските и другите германски трупи против Франција.[9] Во 1871, Саксонија се придружила на новосоздаденото Германско Царство.[9]

Откако кралот Фридрих Август III од Саксонија абдицирал на 13 ноември 1918, Саксонија останала составна држава на Германија (Вајмарска Република), станала република преименувана како Слободна Држава Саксонија по новиот саксонски устав од 1 ноември 1920. Во 1923, канцеларот на Рајхот Густав Штреземан ја победиил саксонската влада предводена од SPD. Државата го задржала нејзиното име и граници во текот на националсоцијалистичката ера како Гау, но го изгубил неговиот квазиавтономен статус и неговата парламентарна демократија.

До крајот на Втората светска војна во април 1945, американските трупи под водство на генералот Џорџ Патон го освоиле западниот дел на Слободната Држава, додека советските трупи го освоила источниот дел. Тоа лето, целата држава била во рацете на советските трупи како резултат на договорот од Лондонскиот протокол од септември 1944. Потоа Британија, САД и СССР преговарале на Потсдамската конференција за иднината на Германија. Од нивниот трилатерален Потсдамски договор, сите германски територии источно од линијата Одра-Ниса биле припоени од Полска и Советскиот Сојуз и, за разлика од повоената состојба по Првата светска војна, овој пат на припојувачите им било дозволено да ги протераат жителите.

Низ следните три години, Полска насилно ги протерала германските жители од новоприпоената територија. Откако трите сили од Потсдам понатаму се согласиле да прифатат во нивните окупациски зони повеќе протерани граѓани од други држави, владата во Прага им го одзело државјанството и имотот на над 3 милиони Чехословаци, поради нивниот германски мајчин јазик. Исто така, Саксонците морале да им обезбедат храна и сместување на сиромашните протерани граѓани, додека нивниот имот станал воен плен. Само мала саксонска површина, која се наоѓа источно од реката Ниса и во околината на градот Рајхенау (сега наречен Богатиња), била припоена од Полска. Советската воена администрација во Германија (SVAG) припоила мал дел од пруската покраина Долна Шлеска, кој останал со Германија западно од Ниса, во Саксонија.

На 20 октомври 1946, СВАГ организирал избори за саксонскиот покраински парламент (Landtag), кои не биле балансирани, бидејќи многу луѓе, кои сакале да се кандидираат биле одбиени и немале поддршка од комунистичката Социјалистичка партија на Германија (SED). Новиот саксонски министер-претседател (гувернер) Рудолф Фридрикс (SED, до април 1946 SPD), кој се сретнал со неговите баварски колеги од американската воена зона во октомври 1946 и мај 1947, ненадејно умрел по нејасни околности по еден месец. Бил наследен од Макс Зајдевиц, лојален на Јозеф Сталин.

Советскиот Сојуз поставил комунистичка влада во Германската Демократска Република во 1949, со Саксонија како нејзин дел, обезбедувајќи му на СССР сателит во срцето на Европа. Комунистичката влада официјално ја распуштила Слободната Држава во 1952 и ја поделени во три помали окрузи: Лајпциг, Дрезден и Карл-Маркс-Штат. Слободната Држава била повторно основана со малку изменети граници во 1990 по германското повторно обединување. И покрај поранешната шлеска површина на Саксонија, која главно била приклучена кон територијата на новата саксонска држава, Слободната Држава добила дополнителни области северно од Лајпциг, кои припаѓале на Саксонија-Анхалт до 1952.

Култура

уреди

Религија

уреди

Граѓаните на Саксонија припаѓаат на Евангелистичката Црква во Германија 20,9%,[10], на Католичката црква 3,6%.[11], додека 75,5% немаат никаква религија или практикуваат некоја друга.

Јазици

уреди
 
Граничен знак на Бауцен/Будишин на германски и горнолужички јазик; многу места во Саксонија се изведени од лужичкиот јазик.

Најчестите дијалекти зборувани во Саксонија се комбинирани во групата на „тириншките и горносаксонските дијалекти“. Поради неправилната употреба на „саксонските дијалекти“ во разговорниот јазик, горносаксонската особина е додадена за да се разликува од старосаксонскиот и долногерманскиот. Други германски дијалекти говорени во Саксонија се дијалектите од Рудните Планини (Erzgebirge), кои се под влијание на горносаксонските дијалекти и дијалектите од Фогтландкрајс, кои се под влијание на источнофранкониските јазици.

Горнолужичкиот (словенски јазик) — сè уштре активно говорен во делови на Горна Лужица, во кои е присутно лужичкосрпското малцинство. Германците во Горна Лужица говорат различни дијалекти на нивниот сопствен јазик (Лужички дијалекти).

Туризам

уреди

Освен Дрезден и можеби Лајпциг, Саксонија не е првично одредиште за странските туристи. Областите долж границата со Чешка, како што се Лужичките Планини, Рудните Планини, Саксонска Швајцарија и Фогтланд, привлекуваат голем број на посетители, главно Германци. Саксонија има добро зачувани историски градови, како што се Мајсен, Фрајберг, Пирна, Бауцен и Герлиц.

 
Станислав Тилих.

Политика

уреди

Владата на Саксонија ја предводи министер-претседател. Од 28 мај 2008, министер-претседател на Саксонија е Станислав Тилих. Види: Список на министри-претседатели на Саксонија, за целосна листа.

Покраински избори 2009

уреди
e • d Резултати од покраинските избори за Ландтаг на Саксонија на 30 август 2009
Партија Идеологија Гласови % (промена) Места (промена) Места %
Демохристијански сојуз (ДХС) десен центар 40,2% −0,9% 58 +3 43,9%
Левица (порано ПДС) крајна левица, социјализам 20,6% −3,0% 29 −2 22%
Социјалдемократска партија (СДП) лев центар, социјалдемократија 10,4% +0,6% 14 +1 10,6%
Слободна демократска партија (СлДП) класичен либерализам 10,0% +4,1% 14 +7 10,6%
Сојуз ‘90/Зелени зелена политика, лев центар 6,4% +1,3% 9 +3 6,8%
Националдемократска партија (НДП) крајна десница, националистичка, 5,6% −3,6% 8 −4 6%
Партија за заштита на животните животна средина 2,1% +0,5%
Пиратска партија („Пирати“) слобода на информации, реформа на правата за интелектуална сопственост, транспарентност 1,9% +1,9%
Слободна Саксонија независна 1,4% +1,4%
Партија на библиските христијани (ПБХ) религиозна, конзервативна 0,4% −0,3%
Сите други 1,0%
Вкупно 100,0%   132 +8 100,0%

Конзервативната CDU формирала коалиција со либерално-демократската FDP.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. „Bevölkerung des Freistaates Sachsen jeweils am Monatsende ausgewählter Berichtsmonate nach Gemeinden“ (PDF). 31 март 2012. Посетено на 28 јули 2012.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 2012-02-01.
  4. 4,0 4,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-07-30. Посетено на 2012-02-01.
  5. „Сè уште проблеми“, The Economist, 27 август 2005 retrieved 2 September 2005
  6. James K. Pollock & Homer Thomas, Germany in Power and Eclipse (D. Van Nostrand Co.: New York, 1952) p. 486.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Ibid. p. 510.
  8. Ibid. pp. 510-511.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Ibid. p. 511.
  10. EKD http://www.ekd.de/download/kirchenmitglieder_2007.pdf
  11. chiesa cattolica http://www.dbk.de/imperia/md/content/kirchlichestatistik/bev-kath-l__nd-2008.pdf[мртва врска]

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1
see 1