Сомови
Сомови Период: горен миоцен - денес | |
---|---|
Silurus glanis | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Сомовидни |
Семејство: | Сомови Cuvier, 1816 |
Родови | |
Сомови (науч. Siluridae)(Silurus glanis) [1]— семејство риби од родот на сомовидните (Siluriformes). Припаѓаат во најголемите слатководни риби во Европа.Сомот живее во водите на Централна и Источна Европа, како и во Западна Азија.
Изглед
уредиСемејството Siluridae е претставена со големи риби кои што имаат издолжено тело, голема уста со три пара мустаќи (од кои еден пар кој се наоѓа на горната вилица достигнува до врвот на градната перка). Останатите два пара мустаќи се сместени на долната вилица. Има ситни очи. На телото не се забележуваат скралушки. Грбната перка е мала и заоблена, понекогаш може и да отсуствува. Стомачната перка е невообичаено долга, а опашната е мала и заоблена. Масна перка нема. Бојата на телото варира во зависност од местото на живеење. Основната боја на телото е маслинестозелена, грбот е темен, а стомачната страна е светла. Претставува многу привлечен вид за спортските риболовци и за стопанствениците. Сомот е една од најголемите риби во Европа. Според некои автори може да нарасте и до 3-4 метри должина и до 300 кг тежина (руски ихтиолог Сабанеев наведува дека во 1830 година во реката Одра е уловен сом со тежина од 400 кг).[1] Сомот живее поединечно. Сомот е конкурент на крапот во исхраната. Се исхранува со болна и угината риба, па има и одредено санитарно значење за водите каде што се среќава. За разлика од останатите риби сомот се мрести во парови односно на една женска риба доаѓа една машка риба.Сомовите, обично се долги од 1.3-1.6 м и тешки 15-20 кг, иако во минатото биле ловени и многу поголеми примероци. Најчесто живеат при дното на големи, бавни реки и во езера. Деновите ги поминуваат скриени во дупки на дното, каде што се тешко забележливи благодарејќи на бојата. Околу устата имаат два долги и четири покуси мустаќи кои им помагаат во барањето на храната. Кожата им е мазна и не заштитена со крлушки, а препознатливи се и по малата и мошне долга подопашна перка. Видот им е прилично слаб, но слухот им е добро развиен.
Исхрана
уредиСомовите се воглавно грабливци меѓутоа можат да се хранат и со многу други работи како што е исхрана со органски отпадоци или пак разни паразитски врсти (кои ја цицаат крвта на други риби). Активни се ноќе кога се хранат со риби, ракови, но и со помали водни птици и цицачи.
Размножување
уредиМажјаците на сомот ги чуваат младите кои женката ги полага во слузава, леплива обвивка. Сомот е една од рибите кои рибарите со задоволство ги ловат, а често се приготвува како јадење. Мрестот започнува при температура на водата од 19°С до 24°С. Бројот на исфрлена икра е 16.000 до 17.000 зрна по килограм тежина на женската единка. Интересно е што гнездото каде што се инкубира икрата го заштитува машката риба. Исто така сомот го штити и својот подмладок додека тој не започне активно да плива.[1]
Значајни и необични видови
уреди- Европски сом (Silurus glanis) достигнува должина од 4 до 5 метри и тежина од 400 кг па со тоа претставува и најголема слатководна риба во Европа. Не само по големината, оваа врста е позната и по должината на животот, кој може да достигне старост и повеќе од 100 години. Во четвртата година од животот достигнува полна зрелост. Има три пара на израстоци околу устата (бркови) од кои едниот пар е на горната вилица, многу поголем од другите. Се мрестат во парови и се грижат за своите потомци. Сомот ги населува реките и мирните води како што се езерата во централна и источна Европа како и западна и југозападна Азија. За свое место на живеење го избира мекото, мрачно дно и се врзува за него, така што многу ретко го напушта на подолг период.
- Малечок сом или американски сом (Amiurus nebulosus) предците му се од Северна Америка и , како што кажува и неговото име, има многу помали димензии од својот род, европскиот сом. Може да достигне должина од 0,5 метри и тежина од околу 0,5 кг.
- Електричен сом (Malopterurus elecricus) живее во реките во Африка. Достигнува должина од 0,5 m. Во можност е до создаде електричен напон од 350 V со што може да претставува опасност за човекот.
Сомот како мотив во уметноста
уреди- „Сомот и ракот“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 43-44.