Тесто е смеса која се прави од одреден вид житарици или легуминозни култури со мешање на брашно со мала количина на вода и/или друга течност. Овој процес и претходи на подготовката на разни прехранбени производи, особено разни видови на леб, тестенини, печива и сл.

Месење и подготовка на тесто за леб.

Во зависност од производите кои се приготвуваат и технологијата на приготвување, постојат многу видови теста:

Во зависност од конзистенцијата, тестото може да се излива во форма (како пандишпанот и течното тесто за палачинки), да се исшприцува (како тестото за тулумби) или да се меси и обликува (како тестото за леб или козињак). Во кулинарската практика се користат посебни ножеви за тесто, како и калапи за слатки и солени печива.

Тестото се подвргнува на разновидна топлинска обработка: обично се пече во фурна (леб, козињак), некогаш се пржи (мекици, тиганици), а во ретки случаи се вари (крофни).

Кај тестата кои содржат шеќер треба да се внимава и да не се наголемува препишаното количество шеќер во рецептот, бидејќи при печењето шеќерот го спречува процесот на издигнување на тестото и добиениот прехранбен производ станува лиснат и ронлив.

Најчесто за да не загори тестото на дното на садот, истиот се намрсува и/или посипува со брашно. Кај лепливите теста, за кои треба рачно оформување (на пример, за подготовка на некои видови солени печива), маснотијата и брашното исто така помагаат за полесно одделување на тестото од прстите.

  NODES