Градна жлезда

(Пренасочено од Тимус)

Градната жлезда или тимус е непарна ендокрина жлезда кај цицачите и е активна само до половата зрелост. Значи, градната жлезда е развиена само во детската возраст, за да во пубертетот брзо се намали и по потполното созревање атрофира. Тимус или градна жлезда е орган сместен во предниот, горен дел на градниот кош односно медијастинумот. Тимусот е централен орган на лимфатичниот систем. Кај новороденчиња и деца е добор развиен , а после пубертетот доаѓа до негова инволуција и претворање во масно тело.[1][2]

Градна жлезда
Thymus
Податоци
Назнаки
ЛатинскиThymus
MeSHA10.549.750
TAA13.1.02.001
FMAFMA:9607

Облик и градба

уреди

мини|десно|300п|Тимус кај развиен фетус Кај новороденчиња и деца е со светлоцрвенкаста боја, добро развиен и со тежина околу 15 грама. Тимусот е најактивен околу 3 година на животот и стално се зголемува до пубертетот, кога ја достигнува максималната големина (но не и функција). Тогаш е со светложолта боја и со мека конзистенција. Должина на тимусот тогаш е око 5-6, ширина 3-4 -{cm}-, тежина околу 35-40 грама. После пубертетот почнува полека да се разградува функционалното ткиво на градната жлезда, кое ја заменува масно ткиво (Предлошка:Јез-лат). Некогаш ткивото на тимусот е очувано и во подоцнешни години (Предлошка:Јез-лат).

Ако со екстракт од градна жлезда се хранат полноглавците, тогаш тие не се преобразуваат во возрасна жаба, туку во возрасни полноглавци. Според тоа, хормонот од градната жлезда го стимулира растењето на младиот организам и го кочи дејството на хормонот од половите жлезди.

Тимусот има значење и во имуно-биолошките преоцеси. Тој создава Хасалови телца кои влегуваат во општиот фонд на одбранбени супстанции. Од тимусот не е издвоен хормон, па затоа многу физиолози сметаат дека тимусот не е жлезда. Инаку, градната жлезда е сместена во горниот дел на градниот кош, помеѓу белодробните крила.

Наводи

уреди
  1. Драгослав Богдановић. Анатомија грудног коша. Савремена администрација.
  2. Предлошка:Gray's Anatomy40th
  NODES