Треш-метал
Стилско потекло: хардкор-панк, нов бран, британски хеви-метал
Културно потекло: рани 80-ти, во округот на Калифорнија, САД,
Типични инструменти: Електрична гитара (водечка и ритам гитара) - Бас - Тапани
Мејнстрим популарност: кон крајот на 80-тите во САД,
на почетокот на 90-тите во Европа
Изведени форми:Дет-метал, блек-метал, грув-метал
Фузиски жанрови
кросовер-треш, металкор
Регионални сцени
Сан Франциско, Њујорк, Германија, Англија
Други теми
хеви-метал, спид-метал

Треш-метал — подгранка на хеви-метал музиката, еден екстремен подвид кој се одликува со неговата брзина и агресивност.[1] Потеклото на треш-металот главно датира од крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, кога неколку музички групи почнале да го обработуваат звукот на Новиот бран на британскиот хеви-метал (со тоа правејќи нов вид на музика и развивајќи се во друга насока од панк-рокот). Овој вид на метал (треш) е многу поагресивен од неговиот роднина спид-металот.

Музички особености

уреди

Трешот содржи брзи темпа, длабоки, брзи и сложени гитарски рифови, и тенки гитарски солажи. „Palm muting“ се користи во овие цврсто свирени рифови за да се добие „придушувачки звук“. Треш солажите во најголем случај се свират многу брзо, и честопати се препознатливи по гитарското рикање, и користење техники како „свипување“, „легато трзање“, „алтернативен пик“, „прескокнување жици“, и „дворачен tapping“. Брзината и тактовите на песните е тоа што го дефинира треш-металот. При самото слушање може да се осети дека тапаните се многу истакнати, поради тоа што самиот ритам, брзина, потребата од агресија, се потребни за трешот. Исто така треш-метал тапанарите користат т.н. „дупла папуча“ со цел да постигнат побрз ритам.

Тематска застапеност

уреди

Групите кои се поврзуваат со овој жанр од хеви-металот пишуваат мрачни текстови со нагласена агресија. Темите во трешот варираат од еден бенд до друг, па така Металика се фокусираат на војната, митологија, нивниот поглед на светот и начин на живот, додека текстовите на Мегадет се политички обоени, зборуваат за социјална неправда, религија, искажуваат револт и упатуваат остра критика кон капиталистичкото општество. Прилично голем број состави говорат и за масовни убиства, нацистички злосторства и за крајот на светот, додека постојат и групи чии песни се со посветли мотиви.

Изведувачи и албуми типични за треш-металот

уреди

Наводи

уреди
  1. „MUS 570D Terms“. History of Rock Music. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на 2007-02-18.
  NODES
os 1