Триглицериди — прости липиди, односно глицериди кои се естери меѓу трихидроксилниот алкохол глицерол и вишите масни киселини.

Пример за незаситен триглицерид. Лев дел: глицерол, лев дел од горе кон долу: палмитинска киселина, олеинска киселина, алфа-линолеинска киселина, хемиска формула: C55H98O6

Триглицеридите на собна температура можат да бидат течни или цврсти, во зависност од тоа дали се естерифицирани со заситени виши масни киселини (како стеаринска, палмитинска киселина итн.), кои обично даваат цврсти масти, или со незаситени виши масни киселини (олеинска, линолна итн.), при што се добиваат течни масти, или уште попознати како масла.

  NODES
Done 1