Тубулиннатсемејство на глобуларни белковини или еден од членовите на ова натсемејство. Алфа- (α-) и бета- (β-) тубулините полимеризираат во микротубули, кои се главна компонента на еукариотскиот цитоскелет.[1] Микротубулите учествуваат во мноштво на важни клеточни процеси, вклучувајќи го процесот на митоза.

Тубулин
Структура на тубулинот
Назнаки
СимболТубулин
PfamPF00091
Pfam-кланCL0442
InterProIPR003008
PROSITEPDOC00201
SCOP1tub
SUPERFAMILY1tub

Кај еукариотите постојат шест членови на тубулинското натсемејство, иако не сите се присутни во сите еукариотски видови.[2][3] И α- и β-тубулините имаат маса од околу 50 kDa, која е приближна на масата на актинот (~42 kDa). Меѓутоа, тубулинските полимери (микротубулите) се многу поголеми од актинските филаменти, што се должи на нивната цилиндрична форма.

Долго време се мислело дека тубулинот е специфичен за еукариотските организми и дека го нема кај прокариотите. Сепак, во поскоро време, докажано е дека некои прокариотски белковини се хомологни (сродни) на тубулинот.[4][5][6][7]

Карактеризација

уреди

Тубулинот е карактеристичен по еволутивно сочуваниот GTPаза белковински домен, Tubulin/FtsZ.

Овој GTPaза белковински домен се наоѓа во составот на сите еукариотски тубулини,[8] како и во бактериската белковина TubZ,[7] во aрхејската белковина CetZ[9] и во белковинската фамилија FtsZ која е распространета кај бактериите и археите.[4][10]

Функција

уреди
 
Споредба на архитектурите на 5-протофиламентна бактериска микротубула (лево; BtubA, темносина; BtubB, светлосина боја) и 13-протофиламентна еукариотска микротубула (десно; α-тубулин, бела; β-тубулин, црна боја). Шевовите и старт-завојниците се прикажани во зелена и црвена боја, соодветно.[11]

Микротубули

уреди

α- и β-тубулинот полимеризираат во динамични микротубули. Кај еукариотите, микротубулите се една од главните компоненти на цитоскелетот, кој учествува во многу важни клеточни процеси, како што се структурна поддршка на клетката, внатрешноклеточен транспорт и сегрегација на хромозомите.

Микротубулите се формираат од димери на α- и β-тубулинот. Овие подединици имаат изоелектрична точка помеѓу 5,2 и 5,8, и се со слабо кисел карактер.[12] Секоја од подединиците има молекуларна маса од околу 50 kDa.[13]

За да изградат микротубули, димерите на α- и β-тубулинот врзуваат GTP и се прикачуваат за (+) крајот на микротубулите.[14] β-тубулинската подединица е изложена на плус крајот на микротубулата, додека α-тубулинската подединица е изложена на минус крајот на микротубулата. По инкорпорација на димерот во микротубулата, молекулата на GTP, врзана за β-тубулинската подединица, хидролизира во GDP по пат на интердимерни контакти во микротубулниот протофиламент.[15] GTP молекулата врзана за α-тубулинската подединица не хидролизира во текот на целиот процес. Стабилноста на димерот во состав на микротубулата зависи од тоа дали β-тубулинската подединица е врзана за GTP или GDP. Димерите кои имаат врзано GTP имаат тенденција да се врзуваат за микротубулите, додека димерите кои имаат врзано GDP имаат тенденција да се одделуваат од микротубулите; затоа GTP циклусот е од суштинско значење за динамичната нестабилност на микротубулите.

Бактериски микротубули

уреди

Хомолози на α- и β-тубулинот биле идентификувани во родот на бактерии Prosthecobacter.[5] Тие се означуваат како BtubA и BtubB, за да се истакне дека станува збор за бактериски тубулини. Тие покажуваат хомологија и со α- и со β-тубулинот.[16] Иако структурно се многу слични на еукариотските тубулини, тие поседуваат неколку специфични одлики, како што се склопувањето без помош на шаперони и слабата димеризација.[17] Испитувањата со криогена електронска микроскопија покажале дека BtubA/B формира микротубули in vivo и дека овие микротубули се состојат од само пет протофиламенти, за разлика од еукариотските микротубули, кои обично содржат тринаесет.[11] Последователните in vitro истражувања покажале дека BtubA/B градат четириверижни „мини-микротубули“.[18]

Клеточна делба кај прокариотите

уреди

Белковината FtsZ се наоѓа во речиси сите бактерии и археи, каде што учествува во клеточната делба. Тој гради прстен во средината на клетката која се дели и учествува во регрутирањето на други компоненти на дивизомот, групата на белковини кои заедно вршат констрикција на клеточниот ѕид за да се добијат две клетки-ќерки. In vitro, FtsZ може да полимеризира во цевки, плоснати формации и прстени, а in vivo тој формира динамични филаменти.

Белковината TubZ учествува во сегрегацијата на мал број на копии на плазмиди за време на бактериската клеточна делба. Оваа белковина формира структура која е необична за тубулински хомолог; две спирални филаменти кои се завиени еден околу друг.[19] Ваквата структура можеби е оптимална за извршување на функцијата, бидејќи несродната белковина ParM, кој исто така учествува во сегрегација на плазмидите, има слична структура.[20]

Клеточна форма

уреди

Кај плеоморфните халобактерии, белковината CetZ учествува во промената на клеточната форма. Кај видот Haloferax volcanii, CetZ гради динамични цитоскелетни структури кои се потребни за преобразување на клетката од плочеста форма во стапчеста форма со пливачки мотилитет.[9]

Типови

уреди

Еукариотски тубулини

уреди

Тубулинското натсемејство содржи шест фамилии: алфа-(α), бета-(β), гама-(γ), делта-(δ), епсилон-(ε) и зета-(ζ) тубулини.[21]

α-Тубулин

уреди

Поттипови на човечки α-тубулин се:

β-Tубулин

уреди
 
β-тубулин во Tetrahymena sp.

Сите лекови за кои е познато дека се врзуваат за човечки тубулин се врзуваат за β-тубулинот.[22] Тука спаѓаат паклитакселот, колхицинот и винка алкалоидите, од кои секој има различно сврзно место за β-тубулинот.[22]

Класа III β-тубулинот е елемент на микротубулите, со експресија исклучиво во невроните,[23] и се користи како специфичен идентификатор за неврони во нервно ткиво. Тој многу побавно се врзува за колхицинот од други изотипови на β-тубулинот.[24]

β1-тубулинот, понекогаш наречен класа VI β-тубулин,[25] е најдивергентниот тубулин на ниво на аминокиселинска низа.[26] Неговата експресија кај луѓето се јавува исклучиво во мегакариоцитите и тромбоцитите, а веројатно игра важна улога во формирањето на тромбоцитите.[26][27]

Катанинот е белковински комплекс кој ги „сече“ микротубулите на местото на β-тубулинските подединици, а е неопходен за брзиот транспорт на микротубулите во невроните и кај растенијата.[28]

Поттипови на човечки β-тубулин се:

γ-Тубулин

уреди

γ-Тубулинот е неопходен за нуклеацијата и поларната ориентација на микротубулите. Тој главно се среќава во центрозомите и во телцето на половите на делбеното вретено, бидејќи тоа се местата каде е најинтензивна нуклеацијата на микротубулите. Во овие органели се наоѓаат неколку γ-тубулини и други белковински молекули, во комплекси познати како γ-тубулински прстенести комплекси (γ-TuRCs), кои хемиски го имитираат (+) крајот на микротубулите и на овој начин овозможуваат врзување на микротубулите. γ-Тубулинот, исто така, бил изолиран и како димер, а и како дел на γ-тубулински мал комплекс (γTuSC), кој по големина е помеѓу димерот и γTuRC. γ-Тубулинот е најдобро проучениот механизам за нуклеација на микротубули, но некои истражувања покажале дека одредени клетки се способни да се прилагодат на неговото отсуство.

Поттипови на човечки γ-тубулин се:

Членови на γ-тубулинскиот прстенест комплекс се:

δ и ε-Тубулин

уреди

Делта (δ) и епсилон (ε) тубулинот се наоѓаат во центриолите, а може да играат улога во структурата и функцијата на центриолите. Тие не се толку добро проучени како α- и β-тубулините.

Човечки гени за δ- и ε-тубулин се:

ζ-Тубулин

уреди

Зета-тубулинот е присутен во многу еукариоти, но го нема кај плаценталните цицачи.[3]

Прокариотски тубулини

уреди

Белковините BtubA/B се среќаваат во некои Verrucomicrobia бактериски видови од родот Prosthecobacter.[5] Нивниот еволутивен однос кон еукариотските микротубули е нејасен, иако тие можеби биле пренесени од еукариотски во прокариотски домаќин по пат на хоризонтален пренос на гени.[16][17]

Речиси сите бактериски и архејски клетки ја користат белковината FtsZ во процесот на клеточна делба.[29] Тој бил првиот идентификуван прокариотски цитоскелетна белковина.

Белковината TubZ била идентификувана во видот Bacillus thuringiensis, каде игра улога во одржување на плазмидите.[7]

CetZ се наоѓа во археите Methanomicrobia и Halobacteria, каде игра улога во менувањето на клеточната форма.[9]

Фармакологија

уреди

Тубулините се цел на антиканцерозните лекови, како што се винка алкалоидите[30][31][32] винбластин и винкристин,[33][34] и паклитакселот.[35] Анти-гихт лекот колхицин се врзува за тубулинот и го инхибира формирањето на микротубулите, со што се спречува подвижноста на неутрофилите и се намалува воспалението.

Посттранслациони модификации

уреди

Кога станува инкорпориран во микротубулите, тубулинот акумулира голем број на посттранслациони модификации, од кои многу се уникатни за овие белковини. Овие модификации вклучуваат детиронизација,[36] ацетилација, полиглутамилација, полиглицилација, фосфорилација, убиквитинација, сумолација и палмитолација. Тубулинот е исто така склон на оксидативна модификација и агрегација за време на акутна клеточна повреда.[37]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The evolution of compositionally and functionally distinct actin filaments“. Journal of Cell Science. 128 (11): 2009–19. June 2015. doi:10.1242/jcs.165563. PMID 25788699.
  2. Findeisen P, Mühlhausen S, Dempewolf S, Hertzog J, Zietlow A, Carlomagno T, Kollmar M "Six subgroups and extensive recent duplications characterize the evolution of the eukaryotic tubulin protein family" Genome Biol Evol (2014) 6:2274-2288.
  3. 3,0 3,1 Turk E, Wills AA, Kwon T, Sedzinski J, Wallingford JB, Stearns T "Zeta-Tubulin Is a Member of a Conserved Tubulin Module and Is a Component of the Centriolar Basal Foot in Multiciliated Cells" Current Biology (2015) 25:2177-2183.
  4. 4,0 4,1 „Tubulin and FtsZ form a distinct family of GTPases“. Nature Structural Biology. 5 (6): 451–8. June 1998. doi:10.1038/nsb0698-451. PMID 9628483.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Genes for the cytoskeletal protein tubulin in the bacterial genus Prosthecobacter“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 99 (26): 17049–54. December 2002. Bibcode:2002PNAS...9917049J. doi:10.1073/pnas.012516899. PMC 139267. PMID 12486237.
  6. „Archaeal origin of tubulin“. Biology Direct. 7: 10. March 2012. doi:10.1186/1745-6150-7-10. PMC 3349469. PMID 22458654.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Treadmilling of a prokaryotic tubulin-like protein, TubZ, required for plasmid stability in Bacillus thuringiensis“. Genes & Development. 21 (11): 1340–52. June 2007. doi:10.1101/gad.1546107. PMC 1877747. PMID 17510284.
  8. „Structure of the alpha beta tubulin dimer by electron crystallography“. Nature. 391 (6663): 199–203. January 1998. Bibcode:1998Natur.391..199N. doi:10.1038/34465. PMID 9428769.
  9. 9,0 9,1 9,2 „CetZ tubulin-like proteins control archaeal cell shape“. Nature. 519 (7543): 362–5. March 2015. Bibcode:2015Natur.519..362D. doi:10.1038/nature13983. PMC 4369195. PMID 25533961.
  10. „Crystal structure of the bacterial cell-division protein FtsZ“. Nature. 391 (6663): 203–6. January 1998. Bibcode:1998Natur.391..203L. doi:10.1038/34472. PMID 9428770.
  11. 11,0 11,1 „Microtubules in bacteria: Ancient tubulins build a five-protofilament homolog of the eukaryotic cytoskeleton“. PLoS Biology. 9 (12): e1001213. December 2011. doi:10.1371/journal.pbio.1001213. PMC 3232192. PMID 22162949.
  12. „Separation of tubulin isoforms by isoelectric focusing in immobilized pH gradient gels“. Analytical Biochemistry. 275 (2): 265–7. November 1999. doi:10.1006/abio.1999.4326. PMID 10552916.
  13. „tubulin in Protein sequences“. EMBL-EBI.
  14. „Microtubule dynamics“. Journal of Cell Science. 115 (Pt 1): 3–4. January 2002. PMID 11801717.
  15. „Dynamics and mechanics of the microtubule plus end“. Nature. 422 (6933): 753–8. April 2003. Bibcode:2003Natur.422..753H. doi:10.1038/nature01600. PMID 12700769.
  16. 16,0 16,1 „Bacterial tubulin distinct loop sequences and primitive assembly properties support its origin from a eukaryotic tubulin ancestor“. The Journal of Biological Chemistry. 286 (22): 19789–803. June 2011. doi:10.1074/jbc.M111.230094. PMC 3103357. PMID 21467045.
  17. 17,0 17,1 „Structure of bacterial tubulin BtubA/B: evidence for horizontal gene transfer“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 102 (26): 9170–5. June 2005. Bibcode:2005PNAS..102.9170S. doi:10.1073/pnas.0502859102. PMC 1166614. PMID 15967998.
  18. Deng, Xian; Fink, Gero; Bharat, Tanmay A. M.; He, Shaoda; Kureisaite-Ciziene, Danguole; Löwe, Jan (2017-07-18). „Four-stranded mini microtubules formed by Prosthecobacter BtubAB show dynamic instability“. Proceedings of the National Academy of Sciences (англиски). 114 (29): E5950–E5958. doi:10.1073/pnas.1705062114. ISSN 0027-8424. PMC 5530688. PMID 28673988.
  19. „Filament structure of bacterial tubulin homologue TubZ“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 107 (46): 19766–71. November 2010. Bibcode:2010PNAS..10719766A. doi:10.1073/pnas.1010176107. PMC 2993389. PMID 20974911.
  20. „Structures of actin-like ParM filaments show architecture of plasmid-segregating spindles“. Nature. 523 (7558): 106–10. July 2015. Bibcode:2015Natur.523..106B. doi:10.1038/nature14356. PMC 4493928. PMID 25915019.
  21. NCBI CCD cd2186
  22. 22,0 22,1 „_targeting microtubules for cancer chemotherapy“. Current Medicinal Chemistry. Anti-cancer Agents. 5 (1): 65–71. January 2005. doi:10.2174/1568011053352569. PMID 15720262.
  23. „βIII-Tubulin: biomarker of taxane resistance or drug _target?“. Expert Opinion on Therapeutic _targets. 17 (4): 461–72. April 2013. doi:10.1517/14728222.2013.766170. PMID 23379899.
  24. „Are tubulin isotypes functionally significant“. Molecular Biology of the Cell. 4 (5): 445–57. May 1993. doi:10.1091/mbc.4.5.445. PMC 300949. PMID 8334301.
  25. „TUBB1 tubulin, beta 1 class VI [Homo sapiens (human)]“. Gene - NCBI.
  26. 26,0 26,1 „Hematopoietic-specific beta 1 tubulin participates in a pathway of platelet biogenesis dependent on the transcription factor NF-E2“. Blood. 96 (4): 1366–73. August 2000. PMID 10942379.CS1-одржување: display-автори (link)
  27. Yang, Hailing; Ganguly, Anutosh; Yin, Shanghua; Cabral, Fernando (2011). „Megakaryocyte lineage-specific class VI β-tubulin suppresses microtubule dynamics, fragments microtubules, and blocks cell division“. Cytoskeleton. 68 (3): 175–187. doi:10.1002/cm.20503. PMC 3082363. PMID 21309084.
  28. „Identification of katanin, an ATPase that severs and disassembles stable microtubules“. Cell. 75 (3): 419–29. November 1993. doi:10.1016/0092-8674(93)90377-3. PMID 8221885.
  29. Margolin, William (2005-11-01). „FtsZ and the division of prokaryotic cells and organelles“. Nature Reviews Molecular Cell Biology (англиски). 6 (11): 862–871. doi:10.1038/nrm1745. ISSN 1471-0072. PMC 4757588. PMID 16227976.
  30. van der Heijden, Robert; Jacobs, Denise I.; Snoeijer, Wim; Hallard, Didier; Verpoorte, Robert (2004). „The Catharanthus alkaloids: Pharmacognosy and biotechnology“. Current Medicinal Chemistry. 11 (5): 607–628. doi:10.2174/0929867043455846. PMID 15032608.
  31. Raviña, Enrique (2011). „Vinca alkaloids“. The evolution of drug discovery: From traditional medicines to modern drugs. John Wiley & Sons. стр. 157–159. ISBN 9783527326693.
  32. Cooper, Raymond; Deakin, Jeffrey John (2016). „Africa's gift to the world“. Botanical Miracles: Chemistry of Plants That Changed the World. CRC Press. стр. 46–51. ISBN 9781498704304.
  33. Keglevich, Péter; Hazai, Laszlo; Kalaus, György; Szántay, Csaba (2012). „Modifications on the basic skeletons of vinblastine and vincristine“. Molecules. 17 (5): 5893–5914. doi:10.3390/molecules17055893. PMC 6268133. PMID 22609781.
  34. Ngo, Quoc Anh; Roussi, Fanny; Cormier, Anthony; Thoret, Sylviane; Knossow, Marcel; Guénard, Daniel; Guéritte, Françoise (2009). „Synthesis and biological evaluation of Vinca alkaloids and phomopsin hybrids“. Journal of Medicinal Chemistry. 52 (1): 134–142. doi:10.1021/jm801064y. PMID 19072542.
  35. Altmann, Karl-Heinz (2009). „Preclinical Pharmacology and Structure-Activity Studies of Epothilones“. Во Mulzer, Johann H. (уред.). The Epothilones: An Outstanding Family of Anti-Tumor Agents: From Soil to the Clinic. Springer Science & Business Media. стр. 157–220. ISBN 9783211782071.
  36. Nieuwenhuis, Joppe; Adamopoulos, Athanassios; Bleijerveld, Onno B.; Mazouzi, Abdelghani; Stickel, Elmer; Celie, Patrick; Altelaar, Maarten; Knipscheer, Puck; Perrakis, Anastassis (2017-11-16). „Vasohibins encode tubulin detyrosinating activity“. Science (англиски). 358 (6369): 1453–1456. Bibcode:2017Sci...358.1453N. doi:10.1126/science.aao5676. ISSN 0036-8075. PMID 29146869.
  37. „Nucleocytoplasmic coagulation: an injury-induced aggregation event that disulfide crosslinks proteins and facilitates their removal by plasmin“. Cell Reports. 2 (4): 889–901. October 2012. doi:10.1016/j.celrep.2012.08.026. PMID 23041318.

Надворешни врски

уреди
  • Тубулин Национална библиотека за медицина на САД (US National Library of Medicine), Medical Subject Headings (MeSH) (англиски)
  NODES