Туванци, или Тувинци (тувански: Тывалар), се туркиски народ кој живее во јужниот дел на Сибир. Историски, Туванците се познати како едни од Уријанхаите во монголската историографија.[4] Туванците живеат во руската федерална република Тува, каде се мнозинство од населението. Туванците зборуваат на тувански јазик, и се следбеници на тибетскиот будизам. Туванците традиционално биле номади и живееле во јурти.

Туванци
Тывалар
Тувански пејач.
Вкупен број
>280,000
Подрачја со значајно население
 Тува
 Русија263,934[1]
 Монголија31,823 (5,169 Туванци; 26,654 Уријанхаи)
 Кина~3,900[2]
 Украина43[3]
Јазици
тувански јазик, руски јазик, монголски јазик
Вероисповед
тибетски будизам ("ламаизам"), тенгризам
Сродни народи
Тофалари, Сојоти и останати туркиски народи.

Култура

уреди

Јазик

уреди

Туванскиот е мајчин јазик на Туванците. Јазикот е дел од северната или сибирската група на туркиски јазици. Јазикот е составен од четири главни дијалекти: централен, југоисточен, западен и североисточен дијалект. Јазикот се пишува на кирилица, поточно на туванска азбука.

Религија

уреди

Доминантна религија меѓу Туванците е тибетскиот будизам. Покрај него, се практикува и традиционалната религија тенризам, што е всушност туркиски шаманизам.

Наводи

уреди
  1. Russian Census 2010: Population by ethnicity Архивирано на 4 декември 2013 г. (руски)
  2. http://www.joshuaproject.net/people-profile.php
  3. State statistics committee of Ukraine - National composition of population, 2001 census (Ukrainian)
  4. "Uriyangqad, which is the plural form of Uriyangqan, itself originally a plural of Uriyangqai."
    KRUEGER, John (1977). Tuvan Manual. стр. 10. Which quotes from Henry Serruy's "The Mongols in China during the Hung-wu Period", Melanges chinois et bouddhiques, vol 11. pp. 282-283, Brussels 1959.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES
Project 1