Тула[1] или цигла[2] – ѕидарски градежен материјал кој се добива со обликување, сушење и печење на пластична смеса од глинен материјал, песок и вода. Тулата е најмасовен производ на керамичката индустрија.

Ѕид од тули
Печени тули спремни за употреба
Производство на непечени тули
Тули спремни за испраќање
Стара печка за изработка на тули во Врицен- Ратсдорф во Германија

Поделба на тулите

уреди

Полна тула, шуплива, ѕидни блокови, монта, специјална тула...

Полна тула

уреди

Се добива со печење, со машинско или рачно обликување на глината.

Услови за квалитет

уреди
  • Правилен облик, правилни рабови и рамни страни. Димензиите се 250/120/65 mm. Површина може да биде глатка и избраздена (длабочина на браздата максимално 5 mm).
  • Дозволени се пукнатини во правец на дебелината, со тоа што да не бидат една наспроти друга,
  • Марка на полна тула: 7,5; 10; 15; 20 бара (1 бар = 0,1 MPa).
  • Процентот на впивање вода мора да изнесува во просек минимум 6%.
  • Треба да е отпорна на мраз.
  • Не смее да содржи соли растворливи во вода повеќе од 2%.
  • Не смее да содржи слободен жив вар во количина која штетно би влијаела на трајноста на тулата, односно би довела до распаѓање и оштетување.
  • Складирањето треба да се врши во правилни слоеви, по марки. Се испорачува со амбалажа или без неа, но товарањето и растоварањето се вршат без фрлање.

Фасадна полна тула од глина

уреди

Фасадните полни тули се елементи од печена глина. Марките се: 10, 15, 20 бара (1 бар = 0,1 MPa). Наменети се за изработка на надворешни и внатрешни ѕидови кои не се малтерисуваат.

Услови за квалитет

уреди
  • Може да бидат со природна боја или површински обработени (ангобирани, релјефни, итн.)
  • Мора да бидат во облик на правоаголен паралелопипед, 250/120/65 (55) mm, со прави остри рабови, рамни страни, а може да имаат и заоблени рабови,
  • Мора да имаат по две соседни бочни страни чисто изработени
  • Површините може да бидат рамни, избраздени или зажлебени.
  • Дозволени се оштетувања на рабовите и ќошевите на три места до длабочина од 15 mm со тоа што не смеат да се наоѓаат на двете видливи (во вградена состојба) страни
  • На видливите површини не смее да има напрснатости и пукнатини
  • Видливите површини не смеат да бидат искривени
  • Впивањето вода мора да биде најмалку 6%, а најмногу 18%
  • Мора да бидат постојани на мраз
  • Тулите не смеат да содржат слободен вар кој штетно би влијаел на нивната трајност и естетски изглед
  • Не смеат да содржат соли кои кога ќе ги раствори вода може да предизвикаат цветање и на видливите површини. Не смее да има соли растворливи во вода повеќе од 0,1%.

Радијални тули

уреди

Радијалните тули се полни тули или тули со вертикални отвори изработени од печена глина. Наменети се за изработка на слободностоечки кружни оџаци со сите пречници и висини како и бункери, силоси и други објекти.

Условите за квалитетот на отворите во тулите, кружни или со сличен облик, се вкупната површина на отворите не смее да изнесува повеќе од 12% од целокупната површина на налегнување. Марката и видот на квалитет на радијалната тула е одредена просечно и со најмалата поединечна цврстина на притисок на бруто површината на тулата мора да бидат во границите:

  • Просечната цврстина на притисок 20 MPa, а поединечната најмалку 17 MPa или просечно 15 MPa, а поединечната 12 MPa.

Порозна тула

уреди

Порозност на тулата се постигнува со додавање лесно согорливи материјали (на пр. дрвени струготини) на глинената маса во текот на изработката.

Оваа тула има голем број рамномерно распоредени пори и шуплини во својата маса кои ѝ даваат особини на добар топлотен и звучен изолатор. Заради својата структура има мала зафатнинска тежина и мала цврстина на притисок. Впива вода и е неотпорна на мраз.

Се користат за ѕидање на неоптоварени и оптоварени внатрешни ѕидови.

Шупливи тули и блокови од глина

уреди

Шупливите тули и блоковите од глина се елементи од печена глина со вертикални или хоризонтални шуплини. Наменети се за изработка на надворешни и внатрешни ѕидови. Според распоредот на шуплините блоковите се делат на два вида:

  1. Тули и блокови со вертикални шуплини нормални на рамнината на налегнување.
  2. Тули и блокови со хоризонтални шуплини кои се поставени паралелно со рамнината на налегнување.

Услови за квалитет

уреди
  • Мора да бидат во облик на правоаголен или квадратен паралелопипед, со прави рабови.
  • Бочните страни мора да бидат рамни, а може да бидат глатки или избраздени (за подобро примање на малтерот).
  • Обликот на пресекот на шуплините за двата вида тули и блокови е произволен, а може да биде квадратен, правоаголен, кружен, овален итн., додека големината на пресекот на тулите и блоковите со вертикални шуплини се ограничени.
  • На двете спротивни бочни површини блоковите со вертикални шуплини може да имаат жлебови за делумно заливање на вертикалните спојници.
  • Тулите и блокови мора да впиваат вода најмалку 8%.
  • Не смее да содржат слободен вар.

Историја

уреди

Среден Исток и Јужна Азија

уреди
 
Ѕидана Шебелска кула во Иран е илустрација на занаетчиската вештина на 12 век

Најраните тули биле сушени тули, што значи дека ти биле направени од глинено земјиште и исушени (обично на сонце) додека не станеле доволно цврсти за употреба. Најстарите откриени тули, оригинално направени од обликувана кал кои потекнуваат од пред 7500 година пр.н.е., биле пронајдени кај Тел Асвад, во горниот дел на областа Тигрис и на југоисток на Анадолија во близина на Дијарбакир.[3] Јужноазиските жители на Мергар исто така граделе и живееле во куќи од плитари меѓу 7000–3300 п.н.е.[4] Други поскорешни наоди, кои потекнуваат од периодот меѓу 7.000 и 6.395 година п.н.е., се од Јерихон, Чатал Хојук, античката египетска тврдина Бухен, и древните градови од долината на Инд Мохенџо-даро, Харапа,[5] и Мергар.[6] Керамика, или печена тула е користена уште од 3000 година п.н.е. Во раните градови во долината на Инд, како што е Калибанган.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „тула“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „цигла“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. IFP Orient – Tell Aswad Архивирано на 26 јули 2011 г.. Wikis.ifporient.org. Пристапено 16 ноември 2012.
  4. Possehl, Gregory L. (1996)
  5. History of brickmaking, Encyclopædia Britannica.
  6. Kenoyer, Jonathan Mark (2005), „Uncovering the keys to the Lost Indus Cities“, Scientific American, 15: 24–33, doi:10.1038/scientificamerican0105-24sp
  7. Bricks and urbanism in the Indus Valley

Литература

уреди
  • Aragus, Philippe (2003), Brique et architecture dans l'Espagne médiévale, Bibliothèque de la Casa de Velazquez, 2, Madrid
  • Campbell, James W.; Pryce, Will, photographer (2003), Brick: a World History, London & New York: Thames & Hudson
  • Coomands, Thomas; VanRoyen, Harry, уред. (2008), „Novii Monasterii, 7“, Medieval Brick Architecture in Flanders and Northern Europe, Koksijde: Ten Duinen
  • Das, Saikia Mimi; Das, Bhargab Mohan; Das, Madan Mohan (2010), Elements of Civil Engineering, New Delhi: PHI Learning Private Limited, ISBN 978-81-203-4097-8
  • Kornmann, M.; CTTB (2007), Clay Bricks and Roof Tiles, Manufacturing and Properties, Paris: Lasim, ISBN 978-2-9517765-6-2
  • Plumbridge, Andrew; Meulenkamp, Wim (2000), Brickwork. Architecture and Design, London: Seven Dials, ISBN 978-1-84188-039-6
  • Dobson, E. A. (1850), Rudimentary Treatise on the Manufacture of Bricks and Tiles, London: John Weale
  • Hudson, Kenneth (1972) Building Materials; chap. 3: Bricks and tiles. London: Longman; pp. 28–42
  • Lloyd, N. (1925), History of English Brickwork, London: H. Greville Montgomery

Надворешни врски

уреди
  NODES
Association 3
INTERN 1