Силите за заштита на Обединетите нации (УНПРОФОР; исто така познати според француската кратенка ФОРПРОНУ : Force de Protection des Nations Unies ), биле првите мировни сили на Обединетите нации во Хрватска и во Босна и Херцеговина за време на Југословенските војни. Силите биле формирани е во февруари 1992 година и нејзиниот мандат завршил во март 1995 година, со преструктуирање на мировната мисија во три други сили (Силите за превентивно распоредување на Обединетите нации (УНПРЕДЕП) во Македонија и Операцијата за враќање на довербата на Обединетите нации во Хрватска (УНЦРО) во Хрватска, со преструктуирани операции на УНПРОФОР во Босна и Херцеговина до нивно заменување со мисиите на НАТО и ЕУ во декември 1995 година).

Лого на силите за заштита на Обединетите нации за нивните воени набудувачи
  NODES
Done 1