Увеитис е воспаление на увеата – васкуларната покривка на окото, која се наоѓа помеѓу ретината и белката на окото. Увеата се протега напред до ирисот (шареницата), хороидната покривка и цилијарното тело. Најчестиот тип на увеитис е воспаление на ирисот, наречен иритис (преден увеитис).

Увеитис
Увеитис
СпецијалностОфталмологија Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Симптоми

уреди

Знаци и симптомите на увеитис вклучуваат:

  • црвенило на окото
  • болка во окото
  • чувствителност на светло
  • заматен вид
  • темни честички во видното поле кои лебдат
  • намален вид
  • хипопион – гнојна колекција во долниот дел од шареницата (ирисот)

Причини

уреди

До сега не е детерминирана специфична причина за увеитис. Сепак, кај некои луѓе тој е асоциран со:

  • автоимуно заболување (ревматоиден артритис или анкилозантен спондилитис);
  • инфламаторно заболување (Хронова болест или улцеративе колитис);
  • инфекции (болест на мачкино гребење, херпес, сифилис, токсоплазмоза, туберкулоза);
  • повреда на окото;
  • одредени карциноми (лимфома).

Компликации

уреди

Ако не се лекува, увеитисот може да ги даде следниве компликации:

  • висок интраокуларен притисок (глауком);
  • оштетување на оптичкиот нерв;
  • заматување на леќата (перде) или корнејата (рожницата);
  • одлепување на ретината;
  • губење на вид.

Лекување

уреди

Лекувањето на увеитис може да вклучи:

  • анти-инфламаторни лекови;
  • антибиотици или антивирални лекови;
  • имуносупресиви или цитотоксични лекови;
  • операција – витректомија.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


  NODES