Фетишизам
Фетишизам е потпирање на некој предмет или дел од телото како стимул за сексуално надразнување и задоволување. Многу фетиши се продолжетоци на човековото тело, како предмети од облека или чевли. Други чести примероци се карактеризирани со материјали како што се гума, пластика или кожа. Фетишните објекти се изменливи според значењето за личноста. Во некои случаи тие едноставно служат за да го засилат сексуалното возбудување што се постигнува на вообичаен начин (т.е. барање партнерот да облече посебна облека).
Етиологија
уредиПричините за фетишизамот не се целосно изјаснети. Некои од теориите се дека се развива од искуства во раното детство, при што некој објект е бил сврзан со силна форма на сексуално возбудување или задоволство. Други теории се дека причината не е во раното детство, туку во касното детство и адолесценцијата и е сврзано со мастурбацијата. Проучувањата покажале дека обично фетишистите имале слабо развиени социјални способности, прилично се изолирани во нивните животи и имаат намален капацитет за воспоставување на интимност.
Раните теории на Фројд
уредиФројд во 1887 година сексуалните фетиши ги опишува како резултат од психотраума во детството со однос кон стравот од кастрација. Според оваа теорија, едно момче, љубопитно да го види пенисот на својата мајка, го променува својот поглед во ужас, кога открива, дека мајка му нема пенис. Неодушевениот предмет, врс којшто паѓа вниманието на момчето, кога го тргнува погледот, станува фетиш. Подоцна во животот фетишот е неопходен, за да може мажот да постигне оргазам. Според овие сфаќања мажите се способни да имаат сексуални фетиши, а жените не се – нешто што ја прави оваа теорија слаба. Ова е предмет на спор за феминистите при анализа на работите на Фројд. Тие тврдат дека се набљудува фетишизам и кај жените, и токму ова ја прави оваа теорија непостојана. Дури овие недостатоци да ја прават оваа теорија неприфатлива во наше време, таа била прифатена сериозно во времето кога била создадена.
Симптоми и манифестација
уредиЛицето се привлекува сексуално од објекти, ситуации или делови од тело, коишто во суштина не се сврзани со сексуалноста. На пример: Лицето се возбудува сексуално од облеката на друго лице, од неговите стапала, од неговите чевли, чантата, чорапите и слично. Фетишистите можат да ги убедуваат партнерите да ги користат објектите, да облекуваат посебна облека или чевли. Фетишистите можат да се возбудуваат од самата форма на објектот, како и од материјалот од којшто е изработен објектот, така и од неговиот мирис, на пример мирисот на стапалата или на косата. Честопати фетишистот и ги краде предметите од сопственикот за да мастурбира со нив.
Извор
уреди- Портал за мозокот Архивирано на 5 декември 2020 г.