Хирургија

поле на медецината

Хирургија (од грчки: χειρουργικήcheirourgikē, преку латински: chirurgiae, со значење „рачна работа“) — медицинска специјалност што употребува рачни и инструментални техники на пациент за истражување и/или лечење на патолошка состојба како болест или повреда, да помогне да се подобри некоја телесна функција или изглед, а понекогаш и за други причини. Актот на вршење на хирургија се нарекува хируршка процедура, операција или едноставно хирургија. Во овој контекст, глаголот оперира означува изведување на хирургија. Придавката хируршки означува припадност на хирургијата, како на пр. хируршки инструменти. Пациентот или субјектот на кој се врши операцијата може да биде лице или животно. Хирург е лице кое извршува операции на пациенти. Луѓето опишани како хирурзи се обични лекари, но терминот исто така се употребува и на забари и ветеринари. Хирургијата може да трае од минути до часови, но обично не е периодична или дологотрајна форма на лекување.

Кардиоторакален хирург врши замена на митралниот залисток.

Хирургијата како мотив во ументоста

уреди
  • „Познат“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[1]
  • „Несреќи на пластичната хирургија“ (англиски: Plastic Surgery Disasters) — музички албум на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1982 година.[2]

Наводи

уреди
  1. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 116-117.
  2. Discogs, Dead Kennedys – Plastic Surgery Disasters (пристапено на 9.9.2022)


  NODES