Хомофобија
Хомофобија е поим кој опфаќа широк опсег на негативни ставови и чувства кон хомосексуалноста или луѓето кои се идентификуваат или се перцепираат како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови (ЛГБТ).[1][2][3] Се дефинира како вид на презир, предрасуда, аверзија, омраза или антипатија, заосновано врз ирационален страв и незнаење, а честопати се поврзува со религиски убедувања.[4][5]
81—90% 71—80% 61—70% 51—60% 41—50% | 31—40% 21—30% 11—20% 1—10% нема податоци |
Хомофобијата е присутна во критичкото или насилно однесување како дискриминацијата или насилството врз основа на половата определба која е не-хетеросексуална.[1][2][6] Се издвојуваат различни видови на хомофобија како институционализираната хомофобија, на пример религиска хомофобија и државно-спонзорирана хомофобија, или интернализираната хомофобија, која ја доживуваат луѓе со истополова привлечност, без разлика на нивниот идентитет.[7][8]
Негативните ставови кон ЛГБТ лицата имаат слични, но конкретни имиња: лезбофобијата е пресек помеѓу хомофобија и сексизам насочена кон лезбејките, гејфобија e одбивноста или омразата кон геј мажите, бифобијата се однесува на бисексуалноста воопшто, а трансфобијата ги издвојува стравовите побрзани со трансродовоста и транссексуалните луѓе, како и неконформираните родови улоги.[1][3][9][10]
Видови
уредиВо пошироката литература и општиот консензус се разликуваат неколку видови на хомофобија:
- Институционална хомофобија: која доаѓа од организираните религии или државата.
- Хомофобија кај хетеросексуалците: за разлика од хомосексуалците, хетеросексуалците не поминуваат низ развоен период на сомнеж во својата сексуалност; затоа хомофобијата е социјален конструкт изграден врз идејата дека хетеросексуалноста е примарна и „нормална“, а сè што закривува од она што е право (стрејт), е стигматизирано и отфрлено. Без разлика дали хетеросексуалната врска е пријатна, среќна и задоволувачка или не, хомосексуалната група е честопати гледана со морална супериорност, поаѓајќи од чувството на „нормални“ мажи и жени: хомофобијата ја „спасува“ хетеросексуалноста од хомосексуалноста. Хомофобијата служи и за тривијализирање на хомосексуалноста, облекувајќи ја во стереотипи, претворајќи ја во карикатура, трансформирајќи ја во пародија на љубов и секс.
- Хомофобија кај хомосексуалците или интернализирана хомофобија: хомофобијата, парадоксално, е многу честа кај хомосексуалните луѓе; се пројавува на различни начини во текот на животот. Иако се чини дека нема директно одбивање, тоа често се манифестира индиректно. Кога некое лице ги отфрла сопствените желби, чувства и вкусови, тоа влијае на различни области од нивниот живот и нивните меѓучовечки односи, нивниот сексуален живот, па дури и физичкото и емоционалното здравје. Слично на тоа, може да предизвика слаба самодоверба, замор, стрес и депресија. Исто така, доведува до слаба комуникација и репресија на емоциите.
- Научена хомофобија: во овој случај, научената хомофобија е онаа што се јавува врз основа на улогата што општеството ја наметнува над улогата на хомосексуалецот; општеството предлага хомосексуалците да се однесуваат на одреден начин, да имаат „поинаков“ начин на живот и хомосексуалците се тие кои го репродуцираат ова однесување што го научиле, односно ги интернализираат и спроведуваат однесувањето и улогата што општеството ја очекува од нив. Овие однесувања се научени, наметнати, вродени и имитирани. Хомосексуалците треба да научат да ги доведуваат во прашање стереотипите и општествените улоги. Хомосексуалците не се промискуитетни, нестабилни и важно е критички да се доведат во прашање за да се ослободат од етикетите.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Adams, Maurianne; Bell, Lee Anne; Griffin, Pat (2007). Teaching for Diversity and Social Justice. Routledge. стр. 198–199. ISBN 978-1135928506. Посетено на December 27, 2014.
Because of the complicated interplay among gender identity, gender roles, and sexual identity, transgender people are often assumed to be lesbian or gay (See Overview: Sexism, Heterosexism, and Transgender Oppression). ... Because transgender identity challenges a binary conception of sexuality and gender, educators must clarify their own understanding of these concepts. ... Facilitators must be able to help participants understand the connections among sexism, heterosexism, and transgender oppression and the ways in which gender roles are maintained, in part, through homophobia.
- ↑ 2,0 2,1 Renzetti, Claire M.; Edleson, Jeffrey L. (2008). Encyclopedia of Interpersonal Violence. SAGE Publications. стр. 338. ISBN 978-1452265919. Посетено на December 27, 2014.
In a culture of homophobia (an irrational fear of gay, lesbian, bisexual, and transgender [GLBT] people), GLBT people often face a heightened risk of violence specific to their sexual identities.
- ↑ 3,0 3,1 Schuiling, Kerri Durnell; Likis, Frances E. (2011). Women's Gynecologic Health. Jones & Bartlett Publishers. стр. 187–188. ISBN 978-0763756376. Посетено на December 27, 2014.
Homophobia is an individual's irrational fear or hate of homosexual people. This may include bisexual or transgender persons, but sometimes the more distinct terms of biphobia or transphobia, respectively, are used.
- ↑ * „webster.com“. 2008. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2008-01-29.
- „homophobia“. Dictionary.com. Dictionary.com. 2008. Посетено на 2008-01-29.
- "European Parliament resolution on homophobia in Europe", Texts adopted Wednesday, 18 January 2006 – Strasbourg Final edition- "Homophobia in Europe" at "A" point
- „homophobia, n.2“. Oxford English Dictionary. Oxford University Press. June 2012.
Fear or hatred of homosexuals and homosexuality.
- Mark McCormack (23 May 2013). The Declining Significance of Homophobia. Oxford University Press. стр. 35. ISBN 978-0-19-999094-8. Посетено на 31 July 2013.
- ↑ Newport, Frank (3 April 2015). „Religion, Same-Sex Relationships and Politics in Indiana and Arkansas“. Gallup. Архивирано од изворникот на 5 August 2017. Посетено на 12 June 2016.
- ↑ Meyer, Doug. Violence against Queer People: Race, Class, Gender, and the Persistence of Anti-LGBT Discrimination. Rutgers University Press.
- ↑ Williamson, I. R. (1 February 2000). „Internalized homophobia and health issues affecting lesbians and gay men“. Health Education Research. 15 (1): 97–107. doi:10.1093/her/15.1.97. PMID 10788206.
- ↑ Frost, David M.; Meyer, Ilan H. (2009). „Internalized homophobia and relationship quality among lesbians, gay men, and bisexuals“. Journal of Counseling Psychology. 56 (1): 97–109. doi:10.1037/a0012844. PMC 2678796. PMID 20047016.
- ↑ Clauss-Ehlers, Caroline S. (2010). Encyclopedia of Cross-Cultural School Psychology (2. изд.). Springer. стр. 524. ISBN 9780387717982. Посетено на 3 March 2021.
- ↑ Thomas Spijkerboer (2013). Fleeing Homophobia: Sexual Orientation, Gender Identity and Asylum. Routledge. стр. 122. ISBN 978-1134098354. Посетено на December 27, 2014.
Transgender people subjected to violence, in a range of cultural contexts, frequently report that transphobic violence is expressed in homophobic terms. The tendency to translate violence against a trans person to homophobia reflects the role of gender in attribution of homosexuality as well as the fact that hostility connected to homosexuality is often associated with the perpetrators' prejudices about particular gender practices and their visibility.