1295
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1295 (MCCXCV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1295 година од новата ера, 295. од вториот милениум, 95. од XIII век и шеста од 1290-тите.
Грегоријански календар | 1295 MCCXCV |
Ab urbe condita | 2048 |
Ерменски календар | 744 ԹՎ ՉԽԴ |
Асирски календар | 6045 |
Балиски календар | 1216–1217 |
Бенгалски календар | 702 |
Берберски календар | 2245 |
Будистички календар | 1839 |
Бурмански календар | 657 |
Византиски календар | 6803–6804 |
Кинески календар | 甲午年 (дрв. коњ) 3991 или 3931 — до — 乙未年 (дрв. коза) 3992 или 3932 |
Коптски календар | 1011–1012 |
Етиопски календар | 1287–1288 |
Еврејски календар | 5055–5056 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1351–1352 |
- Сачка ера | 1216–1217 |
- Кали-југа | 4395–4396 |
Холоценски календар | 11295 |
Игбоански календар | 295–296 |
Ирански календар | 673–674 |
Исламски календар | 694–695 |
Јапонски календар | Ејнин 3 (永仁3年) |
Јавански календар | 1206–1207 |
Јулијански календар | 1295 MCCXCV |
Корејски календар | 3628 |
Мингуо-календар | 617 пред Р. Кина 民前617年 |
Нанакшахи | −173 |
Тајландски сончев календар | 1837–1838 |
Тибетски календар | 阳木马年 (машко дрво-коњ) 1421 или 1040 или 268 — до — 阴木羊年 (женско дрво-коза) 1422 или 1041 или 269 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6803 и 6804 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6045 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5055 и 5056 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2048.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1295 година се протега во 3931 и 3932, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3991 и 3992 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1838. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 694 и 695 исламска година.
Настани
уреди- 20 јуни - Папа Бонифациј VIII го предлага договорот од нањи, во обид да донесе мир меѓу династиите Анжу и Арагон, во Сицилија. Овој договор не дал големи резултати.
- 26 јуни - Пшемисл II е крунисан за Крал на Полска.
- 23 октомври - Прв воен договор помеѓу Шкотска и Франција насочен против Англија, е потпишан во Париз.
- Монголскиот водач Махмуд Газан го прифаќа исламот.
- Џајаварман VIII на Кмерско Царство во Камбоџа абдицира од престолот; Индраварман III го наследува.
- Марко Поло се враќа во Венеција, по неговите патувања до Кина.
- Филип IV Убавиот и Папа Бонифациј VIII започнуваат да имаат несогласувања.
- Изградена е црквата „Пресвета Богородица Перивлептос“ во Охрид.
- За првпат се споменува градот Зелин.
- Во периодот помеѓу 1282-1295, за време на војните помеѓу Византија и Србија, српскиот крал Милутин го освоил Кичево и тогаш византиските војски конечно го напуштиле градот.
- Јаков станал солунски митрополит.
- Најстариот Грб на Бугарија датира од 1295 година.
Родени
уреди- 16 септември - Елизабета де Клер, англиска благородничка (п. 1360)
- непозната дата
- веројатно
- Јоана Фландриска, (приближен датум; 1374)
- Никифор Григор, византиски историчар (приближен датум, д. 1360)
- Свети Рох, француски светец (приближен датум; п. 1327)
Починале
уреди- 25 април - Крал Саншу IV Кастилски (р. 1257)
- 8 август - Отоне Висконти, архиепископ на Милано (р. 1207)
- 12 август - Карл Мартел Анжујски (р. 1271)
- октомври - Мајнхард II, војвода од Корушка (р. 1238)
- 7 декември - Гилберт де Клер, англиски политичар (р. 1243)
- 20 декември - Маргарета Прованска, сопруга на Луј IX (р. 1221)