< 14 век 15 век 16 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

15 век — век кој траел од 1 јануари 1401 до 31 декември 1500 година, според грегоријанскиот календар.

Gergio Deluci, Кристофер Колумбо пристигнува во Америка во 1492, Слика од 1893 година.

Во Европа, 15 век се смета за мост помеѓу доцниот среден век, раната ренесанса и почетокот на модерниот период. Многу технолошки, општествени и културни случувања од 15 век во ретроспектива може да се сметаат за најава за „европското чудо“ на следните векови. Во религиозната историја, римското папството со децении било поделен на два дела во Европа (т.н. Западен раскол), сè до Советот на Констанца. Поделбата на Католичката црква и немирите поврзани со движењето на Хуситите ќе станат фактори во подемот на протестантската реформација во следниот век.

Цариград, во денешна Турција, тогаш главниот град на христијанската Византија, паднал под османлиска власт, означувајќи го крајот на исклучително влијателната Византија и, за некои историчари, крајот на средниот век[1]. Настанот ги принудило на западните Европејци да најдат нов трговски пат, додавајќи дополнителен импулс на она што е познато како Големите географски откритија, кои довеле до глобално мапирање на светот. Истражувањата на Португалците и на Шпанците довеле до европско поврзување со Америка (Новиот Свет) и развој на Португалското Царство и Шпанското Царство.

Падот на Цариград довел до миграција на грчки научници во Италија, додека Јоханес Гутенберг ја започнал ерата на печатењето. Овие два настани одиграле клучна улога во развојот на ренесансата[2][3].

Шпанската реконквиста довел до конечното распаѓање на Гранадскиот Емират до крајот на векот, завршувајќи со седум века муслиманско управување на регионот и враќајќи ја денешна Шпанија назад кон христијанските владетели.

Стогодишната војна завршила со решавачка француска победа над Англичаните. Финансиските проблеми во Англија по конфликтот резултирале со започнувањето на т.н. Војна на розите, серија династички војни за престолот на Англија. Конфликтите завршиле со поразот на Ричард III од Хенри VII во битка кај Босворт, со што била основена династија Тудор во подоцнежниот дел од векот.

Во Азија, под власта на царот Јонгл, кој го изградил Забранетиот град и му наредил на Џенг Хе да го истражува светот во странство, а територијата на династијата Минг го достигнала својот врв. Тимур воспоставил голема империја на Блискиот Исток и Средна Азија, со цел да го оживее Монголското Царство

Во Африка, ширењето на исламот довело до уништување на христијанските кралства на Нубија.

Во Америка, Царството на Инките и Ацтеките го достигнуваат врвот на нивното влијание.

Настани

уреди
 
Јованка Орлеанка
 
Филипо Брунелески

1415: Битка кај Азенкур помеѓу Кралство Англија и Франција.

 
Матија Корвин.
  • 1424: Јаков I се враќа во Шкотска откако бил заложник на кралевите на Англија од 1406.
  • 1424: Дева Раја II се качува на престолот на Карната.
  • 1425: Основан е католичкиот универзитет во Лувен (Белгија) од папа Мартин.
  • 1429: Крај на опсадата на Орлеан.
 
Мехмед II влегува во освоениот Цариград
 
Ричард III
 
Хенри VII
 
Карло Смелиот

Наводи

уреди
  1. Crowley, Roger (2006). Constantinople: The Last Great Siege, 1453. Faber. ISBN 0-571-22185-8. (reviewed by Foster, Charles (22 September 2006). „The Conquestof Constantinople and the end of empire“. Contemporary Review. Архивирано од изворникот на 22 August 2009. It is the end of the Middle Ages
  2. Encyclopædia Britannica, Renaissance, 2008, O.Ed.
  3. McLuhan 1962; Eisenstein 1980; Febvre & Martin 1997; Man 2002
  4. Modern interpretation of the place names recorded by Chinese chronicles can be found e.g. in Some Southeast Asian Polities Mentioned in the MSL Архивирано на 12 јули 2012 г. Архивирано на 12 јули 2012 г. by Geoffrey Wade
  5. „Historical Events in 1452“. OnThisDay.com (англиски). Посетено на 2017-08-08.
  6. „What Happened In 1453“. Hisdates. Посетено на 2017-08-08.
  7. Vasconcelos e Sousa, Bernardo. „História de Portugal“ (португалски) (4. изд.). стр. 182.
  8. Bennett, Vanora. „London and the Wars of the Roses“. Архивирано од изворникот на September 14, 2013. Посетено на 2013-08-16.
  9. Palmer, Alan; Palmer, Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 128–131. ISBN 0-7126-5616-2.
  NODES