< 6 век п.н.е. 5 век п.н.е. 4 век п.н.е. >
100 99 98 97 96 95 94 93 92 91
90 89 88 87 86 85 84 83 82 81
80 79 78 77 76 75 74 73 72 71
70 69 68 67 66 65 64 63 62 61
60 59 58 57 56 55 54 53 52 51
50 49 48 47 46 45 44 43 42 41
40 39 38 37 36 35 34 33 32 31
30 29 28 27 26 25 24 23 22 21
20 19 18 17 16 15 14 13 12 11
10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

5 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 500 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 401 г. п.н.е.

Светот на почетокот од 5 век п.н.е.
Атинскиот Партенон бил изграден во 438 г. п.н.е.

Во овој век бил основан Паталипутра, главниот град на империјата Магада. Градот опстанал повеќе од илјада години и станал главен град на многу индиски кралства. Овој период бил одбележан и со развојот на две големи филозофски школи во Азија, Џаинизам и Будизам. Махавира и Буда своите учења ги рашириле по северните рамнини на Индија, што, во суштина, ја сменило социо-културната и политичката динамика во регионот на Јужна Азија. Будизмот подоцна се развил во една од најголемите светски религии.

Во овој период делата на древно-индискиот граматичар Јаска станале широко познати. Тој ја создал Нирукта, една од најстарите дела по граматика позната на човештвото, со која го поставил камен-темелникот на санскритската граматика.

Овој век во Европа традиционално е познат како класичниот период на Грците, кој продолжил и во 4 век п.н.е. сè до времето на Александар Македонски.[1] Животот и делото на Сократ претставувало значајно обележје во грчката филозофија, иако неговите учења преживеале само преку делата на неговите ученици, особено на Платон и Ксенофонт. Творците на класичните грчки трагедии Есхил, Софокле и Еврипид, како и големиот творец на комедии Аристофан, ѝ припаѓале на оваа ера, а нивните дела сè уште се сметаат за класика на европското театарско творештво.

Грчко-персиските војни, кои се воделе меѓу коалицијата на грчките градови и големото Ахеменидиско царство (Првата персиска империја) биле клучниот настан во грчката политика. По успешното спречување на анексијата на Грција од страна на Персијците, Спарта, доминантната сила во коалицијата, немала намера за понатамошни напади и сметала дека војната е завршена. Во меѓувреме, Атина продолжила со нападите, ослободувајќи ги грчките градови на Јонското крајбрежје од Персиската империја и ја создала новата коалиција наречена Делски сојуз. Тензиите меѓу Атина и нејзините растечки империјалистички амбиции како водач на Делскиот сојуз и традиционално доминантната Спарта довеле до Пелопонеската војна.

Настани

уреди
  • 419 п.н.е.: Никијскиот мир бил прекршен кога Спарта го поразила Аргос.
  • 418 п.н.е.: Спартанците освоиле голема победа над Атињаните во Битката кај Мантинеја, најголемата копнена битка во Пелопонеските војни.
  • 416 п.н.е.: Атињаните го зазеле островот Мелос и се однесувале многу сурово кон неговите жители.
  • 416 п.н.е.: Атињаните ја прифатиле молбата за помош од Сицилија и започнале да планираат инвазија на островот.
  • 415 п.н.е.: Светите Херми во Атина биле уништени пред да се испрати воената експедицијата за Сицилија. Еден од виновниците, Андокид бил фатен и принуден да ги издаде другите, меѓу кои бил и Алкибијад, поради што биле осудени на смрт.
  • 415 п.н.е.: Откако дознал дека го чека смртна казна, Алкибијад пребегал од Атина во Спарта.
  • 414 п.н.е.: Атињаните се обиделе да направат пробив во опсадата на Сиракуза, но биле поразени од Спартанците.
  • 413 п.н.е.: По поразот во Сиракуза Никиј побарал помош од Атина, која го пратила војсководецот Демостен со голема флота, која била поразена во поморската битка кај Сиракуза, во септември 413 г. п.н.е. Копнената атинска војска била повлечена длабоко во Сицилија, но била опколена од спартанската војска и била тешко поразена. И двајцата војсководци, Демостен и Никиј биле убиени, а сите други заробеници биле претворени во робови.
  • 413 п.н.е.: Карија станала сојузник на Спарта.
  • 412 п.н.е.: Персиската империја започнала да подготвува инвазија на Јонија и потпишала договор со Спарта за тоа.
  • 411 п.н.е.: Демократијата во Атина била соборена и заменета со олигархиски Совет од четиристотините. Овој совет скоро потоа бил поразен, редот бил повратен, а почнал да владее Советот на петте илјади. На почетокот на следната година Советот на петте илјади бил симнат и била обновена старата демократија.
  • 410 п.н.е.: Атина повторно ја воспоставила контролата над витална житна рута од Црното Море со тоа што ја поразила Спарта во Битката кај Кизик.

Личности

уреди
 
Темистокле
 
Леонид I
 
Перикле
 
Аспасија
 
Софокле
 
Аристофан
 
Пиндар
 
Хипократ
 
Херодот
 
Сократ

Ликовна уметност

уреди

Книжевност

уреди

Наука и филозофија

уреди

Спорт

уреди

Откритија

уреди
  • Лиеното железо за првпат било употребено во кинеското кралство Ву, по иновацијата на високите печки. Тоа станало широко применувано изработка на земјоделски алатки и оружје.
  • Требушет е катапулт кој за првпат бил употребен од следбениците на кинескиот филозоф Мо--це.
  • Грците почнале да употребувале кранови со дигалка при конструкција и товарење на бродови.
  • Грците ја вовеле линеарната перспектива.
  • Грците пронашле индиректен метод за лиење на бронза.
  • Кинескиот инженер за хидраулика Ксимен Бао ја надгледувал изградбата на огромен систем на канали за земјоделско наводнување, а бил најмен од Маркиз Вен од Веи (445 г. п.н.е. - 396 г. п.н.е.).
  • Кинескиот филозоф Ли Куи ја напишал книгата на закони во 407 г. п.н.е., која била основа за кодексот на закони на следната Ќин династија, а делумно и на Хан династијата.
  • Бил создаден најстариот познат мајански календар.

Наводи

уреди
  1. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 98–163.
  2. Zhao, Dingxin (2008). „Comment on Kiser and Cai, ASR, August 2003: Spurious Causation in a Historical Process: War and Bureaucratization in Early China“. American Sociological Review (англиски). 69 (4): 603–607. doi:10.1177/000312240406900407. ISSN 0003-1224.
  NODES
Done 1