USA Today

американски дневен весник

САД Денес (USA Today) е познат како сеопфатен магазин кој содржи текстови кои се лесни за читање. Во главното издание кое го има во САД и во некои канадски градови секое издание се состои од четири оддела: Вести (често означени како оддел за насловната страна). Финансии, Спорт, и Живот, вклучени се два пододдела во одделот Живот и тоа : обичен живот за забава( со поднаслов Викенд) во кој има телевизиски колумни и колумни за филмови на Ди Ви Ди, коментари за филмови и светски трендови како и додаток за оние кои сакаат да патуваат кој се нарекува Одредишта и разноликости(Destinations & Diversions) (оддел г).

Меѓународното издание на весникот содржи Вести и Финансии и Спорт и Живот кои се комбинирани во два оддела.

Весникот не излегува во сабота и недела. Во весникот секоја завршена приказна излегува на насловната страна на соодветниот оддел со исклучок на приказната која излегува на насловната страна од целиот весник. Приказната на насловната страна на весникот е подолга приказна за која читателите треба да се префрлат на друга страна со цел да ја прочитаат целата приказна, обично тоа е првата страна од соодветниот оддел). Во одредени денови, одделите за спорт или вести зафаќаат место од две страни и во тие случаи има втора насловна приказна во вториот оддел.

  NODES