Јохан Бајер (герм. Johann Bayer), (15727 март 1625) бил германски правник и астрономски картограф. Роден е во 1572 г во Рајн, Баварија. Во 1592 запишал филозофски студии во Инголштат, а подоцна се преселил во Аугсбург и станал правник. Таму почнал да ја изучува и практикува астрономијата. Во 1612 станал правен советник на градската управа на Аугсбург. Починал во 1625.

Илустрација на соѕвездието Орион во Бајеровата „Уранометрија“

Бајер е најпознат по неговиот ѕвезден атласУранометрија“ (Uranometria, 1603), што претставува првиот атлас на сета небесна сфера.[1] Во него вовел нов систем на означување на ѕвездите, подоцна наречен „Бајерово означување“. Во делото се вклучени 12 нови соѕвездија од јужниот крај на небото што не им биле познати на старогрчките и римските астрономи.

Во негова чест е именуван кратерот Бајер на Месечината.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Asimov, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology, II преработено издание

Надворешни врски

уреди


  NODES
Done 1