Абусир (арап. ابو صير; Египетски pr wsjr; коптски: ⲃⲟⲩⲥⲓⲣⲓ busiri, „Куќата или Храмот на Озирис“; старогрчки: Βούσιρις) е името дадено на египетски археолошки локалитет - поточно, обемна некропола од периодот на Старото Кралство, заедно со подоцнежните додатоци - во околината на денешната престолнина Каиро. Името го носи и соседното село во долината на Нил, по кое е наречено ова место. Абусир се наоѓа на неколку километри северно од Сакара, и бил една од главните елитни гробишта за античкиот египетски град Мемфис. Неколку други села во северен и јужен Египет се именувани како Абусир или Бусири. Абусир е еден релативно мал сегмент од широкото „пирамидно поле“ што се протега од север од Гиза до под Сакара. Во локалитетот Абусир се изведувале погребни обреди за време на Петтата династија на Старото Кралство. Како елитни гробишта, тогашната соседна Гиза „се наполнила“ со масивни пирамиди и други споменици од 4-та династија, водејќи ги фараоните од 5-та династија да бараат други места за нивните погребни споменици.

Абусир
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
МестоЕгипет
Координати29°54′N 31°12′E / 29.9° СГШ; 31.2° ИГД / 29.9; 31.2
pr
Z1
stirA40
Бусири
во хиероглифи

Во Абусир се најдени најголемиот број папируси од Старото Кралство до денес — папирусите од Абусир. Кон крајот на XIX век, голем број западни музеи се здобиле со збирки на фрагментарни папируси од административните (храмски) записи за еден погребен култ од Абусир, оној на кралот Нефериркаре Какаи. Ова откритие беше дополнето кон крајот на дваесеттиот век кога со ископувањата на чешката експедиција на ова место беа откриени папируси од два други култни комплекси, оној на фараонот Неферефре (се чита и Ранефереф) и на мајката на кралот Кенткаус II.

Чешкиот институт за египтологија при Факултетот за уметности од Универзитетот Чарлс во Прага, спроведува ископувања во Абусир од 1976 година до денес. Во моментов ископувањата ги води Мирослав Барта.

Постојат катакомби во близина на античкиот град Бусирис (Плиниј xxxvi. 12. s. 16). Јужно од Бусирис, се чини дека едни големи гробишта се протегале над рамнината.

Некропола

уреди
 
Абусир некропола
 
Абусир, пирамиди

На ова место има вкупно 14 пирамиди, кои служеле како главна кралска некропола за време на Петтата династија. Квалитетот на изградбата на пирамидите Абусир е послаб во однос на оние од Четвртата династија; можеби означува намалување на кралската моќ или послаба економија. Тие се помали од нивните претходници и се изградени од неквалитетен локален камен. Сите поголеми пирамиди во Абусир биле изградени како скалести пирамиди, иако најголемата од нив — пирамидата на Нефериркаре — се верува дека првично била изградена како скалеста пирамида во висина од околу седумдесет метри, а потоа била трансформирана во „вистинска“ пирамида со тоа што скалите биле пополнети со лабава ѕидарија.

Големи пирамиди

уреди

Трите најголеми пирамиди се:

Помали пирамиди

уреди
  • Нецелосната пирамида на Неферефре
  • Пирамидата на кралицата Кенткаус II, сопруга на Нефериркаре и мајка на Неферефре и Ниусер
  • Недовршената пирамида на Шепсескаре
  • Пирамидата Лепсиус бр. 24 — Пирамидата ѝ припаѓала на жена, најверојатно кралица. Името на везирот Птахшепсес се појавува меѓу знаците на градежниците, кои ја сместуваат пирамидата од времето на фараонот Нусере[1]
  • Пирамидата Лепсиус бр. 25 — Најверојатно пирамида на кралица од Петтата династија

Мастаби на дворјани

уреди

Гробниците на неколку високи функционери и членови на семејството се наоѓаат во непосредна близина на пирамидата на нивниот крал:

  • Мастабата на Птахшепсес (везир за време на владеењето на Нусере)
  • Мастаба на принцот Накткаре (син на Ранефереф или Нусере)

Абусир-југ

уреди

На северно од Сакара има гробишта на пониско рангирани службеници од Старото Кралство, вклучувајќи ги следниве гробници:

  • гробот на Ити (Трета династија)
  • гробот на Хетепи (свештеник, почеток на Третата династија)
  • гробот на Каапер (архитект и свештеник, четврта династија)
  • гробот на Рахотеп (свештеник, крај на Петтата династија)
  • гробот на Фетекти (свештеник, крај на Петтата династија)
  • гробот на Кар и неговите синови (везир, Шеста династија)
  • карпестиот гроб на Нактмин (кочијаш)

Саитско-персиски гробишта

уреди

На мал рид директно на југ од пирамидата на Неферефре има гробници од периодот на Саитите:

  • гробот на Уџахореснет
  • гробот на Иуфа
  • гробот на Менекибнеко
  • гробот на Падихор
  • гробница R3

Храм

уреди

Исто така, во Абусир биле најдени значителни остатоци од храмот Рамесида, можеби изграден од Рамзес II. Храмот лежи на околу 500 метри југоисточно од пирамидите, близу до градините во пустината. Главната зграда на храмот била изградена од варовник. Имало три визби, мала сала со четири колони и двор (со sидови од кал) од десет варовнички столбови. Варовничката зграда била поставена во поголем комплекс направен од тули од кал со столб и магацини.[2]

Грабежи за време на протестите во 2011 година

уреди

Абусир, Сакара и Дахшур претрпеле штета од ограбувачите за време на протестите во Египет во 2011 година. Дел од лажната врата од гробот на свештеникот Рахотеп бил украден, а било ограбувано и во магацинските простории.[3][4]

Систематскиот грабеж продолжил и во 2013 година со организирано копање и уништување на гробниците и мумиите.[5]

Клима

уреди

Системот за класификација на климата Капен-Гајгер ја класифицира климата како пустина (БВч),[6] како и во останатиот дел од Египет.

Климатски податоци за Abusir
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 19.6
(67.3)
21.2
(70.2)
24.5
(76.1)
29
(84)
32.9
(91.2)
35.3
(95.5)
35.5
(95.9)
35.2
(95.4)
32.9
(91.2)
30.7
(87.3)
25.9
(78.6)
21.4
(70.5)
28.67
(83.6)
Сред. дневна °C (°F) 13.5
(56.3)
14.5
(58.1)
17.5
(63.5)
21.1
(70)
24.8
(76.6)
27.5
(81.5)
28.4
(83.1)
28.3
(82.9)
26.2
(79.2)
24.1
(75.4)
19.8
(67.6)
15.4
(59.7)
21.76
(71.16)
Прос. ниска °C (°F) 7.4
(45.3)
7.9
(46.2)
10.6
(51.1)
13.3
(55.9)
16.8
(62.2)
19.8
(67.6)
21.3
(70.3)
21.4
(70.5)
19.5
(67.1)
17.5
(63.5)
13.7
(56.7)
9.4
(48.9)
14.88
(58.78)
Прос. врнежи мм (ин) 4
(0.16)
3
(0.12)
2
(0.08)
1
(0.04)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
2
(0.08)
4
(0.16)
16
(0.64)
Извор: Climate-Data.org, altitude: 18m[6]


Наводи

уреди

 

  1. Verner, Miroslav. The Pyramids: The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. Grove Press. 2001 (1997). ISBN 0-8021-3935-3
  2. M. Barta, L. Varadzin, J. Janák, J. Mynářová, V. Brúna: The temple of Ramesses II in Abusir, in Egyptian Archaeology, Spring 2018, 52, 10-14
  3. „Egyptological Looting Database 2011“. Архивирано од изворникот на 2012-09-18. Посетено на 2021-03-25.
  4. „iDNES.cz“.
  5. Disaster of Abusir: Government neglicence wastes an historical era (Arabic)
  6. 6,0 6,1 „Climate: Abu Sir - Climate graph, Temperature graph, Climate table“. Climate-Data.org. Посетено на 28 October 2013.

Надворешни врски

уреди
  NODES