Алфа Ромео
Алфа Ромео е познат италијански производител на автомобили кој се прославил низ историјата во авто-спортот.[2] Компанијата е основана на 24 јуни 1910 г. во Милано.[3] Во мотоспортот е присутна уште од 1911 година. Од 1932-1986-година е во сопственост на државата, во 1986 година. станала членка на групацијата Фијат. Во февруари 2007 година дошло до реорганизација на групацијата ФИАТ, и таа станува Алфа Ромео автомобили А.Д.[4]
Вид | Акционерско друштво |
---|---|
Дејност | Автомобилска |
Претходник | Società Anonima Italiana Darracq (SAID) |
Основано | 24 јуни 1910 во Милано, Италија |
Основач | Александар Дирак/Хуго Стела Никола Ромео |
Седиште | , Италија[1] |
Опслужувани подрачја | Светско |
Клучни личности | Џон Елкан (претседател) Харалд Џ. Вестер (извршен одбор) |
Производи | Автомобили |
Производствен обем | 130 000 возила (2011) |
Сопственик | ФИАТ |
Матично претпријатие | Автомобилска групација ФИАТ |
Мреж. место | AlfaRomeo.com |
Првобитната фирма подоцна била трансформирана во претпријатие со името САИД (Società Anonima Italiana Darracq). Била основана во 1906 година од францускиот државјанин Александар Дирак и група на италијански инвеститори. Со оглед на лошите резултати од продажбата на крајот од 1909 се формирала нова компанија под името А.Л.Ф.А (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili). Првиот модел, 24 hp ја здогледал светлината на денот во 1910 година, а бил дизајниран од страна на Џузепе Мероси и веднаш ја започнал својата „тркачка кариера“ на трката Тарга Флорио. Во 1915 година компанија ја преземал Никола Ромео, кој производствената цел и програма на фабриката ја наменил за потребите на војската. Во 1920 името на компанијата е сменето во Алфа Ромео, и под новото име бил правен нов модел на автомобили, Торпедо 20-30HP.
Актуелни модели
уредиЏулија | Стелвио |
---|---|
Поранешни модели
уреди-
ALFA 24 HP (1910–1914)
-
ALFA 15 HP (1911–1913)
-
ALFA 40/60 HP (1913–1914)
-
ALFA 20/30 HP (1914–1922)
-
RL (1922–1927)
-
RM (1923–1925)
-
P2 (1924–1930)
-
6C 1500 (1927–1929)
-
6C 1750 (1929–1933)
-
Tipo A (1931)
-
8C (1931–1939)
-
P3 (1932–1935)
-
6C 2300 (1933–1938)
-
12C (1936–1937)
-
16C Bimotore (1936)
-
6C 2500 (1938–1952)
-
Tipo 512 (1940)
-
430 (1942–1950)
-
158/159 (1938–1951)
-
450/455 (1947–1959)
-
1900 (1950–1959)
-
BAT 5, 7 og 9 (1952–1955)
-
Matta (1952–1954)
-
Disco Volante (1952–1953)
-
Romeo (1954–1983)
-
Giulietta (1954–1965)
-
2000 (1958–1962)
-
Giulietta SS (1959–1977)
-
2600 (1961–1968)
-
Giulia (1962–1977)
-
TZ (1963–1965)
-
TZ2 (1965–1967)
-
GTA (1965–1969)
-
Gran Sport (1965–1967)
-
GT 1300 Junior Z (1965–1977)
-
Spider (1966–1993)
-
1750 GT Veloce (1967–1972)
-
2000 (1967–1972)
-
33 Stradale (1967–1969)
-
Montreal (1970–1977)
-
Alfasud (1971–1989)
-
Alfetta (1972–1987)
-
Giulietta (1977–1985)
-
Alfa 6 (1979–1986)
-
33 (1983–1995)
-
90 (1984–1987)
-
75 (1985–1992)
-
164 (1987–1998)
-
SZ (1989–1991)
-
145 (1994–2000)
-
146 (1995–2000)
-
GTV (1994–2004)
-
156 (1998-2005)
-
166 (1999–2007)
-
147 (2000–2010)
-
GT (2003–2010)
-
159 (2004–2011)
-
Brera (2005–2010)
-
8C Competizione (2007–2010)
-
MiTo (2008–2018)
-
4C (2013–2020)
-
Giulietta (2010–2020)
Наводи
уреди- ↑ „2008 полугодшен финансиски извештај/Алфа Ромео автомобили Торино, стр. 76“ (PDF). 2008. Посетено на 2009-06-18.
- ↑ „Алфа Ромео - Енциклопедија Британика“. library.eb.co.uk. Посетено на 2010-09-12.
- ↑ „Алфа Ромео слави 90 години постоење“. autoweb.com. 2000. Архивирано од изворникот на 2009-05-11. Посетено на 2009-01-09.
- ↑ „Алфа Ромео“. fundinguniverse.com. Посетено на 2009-01-09.
Надворешни врски
уреди- Алфа Ромео Интернационал
- Алфа Ромео (официјално мрежно место) Архивирано на 18 јануари 2014 г.
- Алфа Ромео Прес
- Различни логоа на Алфа Ромео Архивирано на 23 септември 2016 г.
- Друштвена мрежа на Алфа Ромео