Антигонидска династија или Антигонидидинастија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.

Монета со ликот на Антигон I Едноокиот (382-301 г. п.н.е.)

Напорите на Антигон I Едноокиот за воспоставување на контрола врз целокупната територија на Македонската Империја завршиле со негов пораз во Битката кај Ипс во 301 п.н.е.. Неговиот син, Деметриј I Опсадникот ја преживеал битката и неколку години подоцна завладеал со Македонија, но подоцна бил симнат од престолот и умрел во затвор. По период на нереди, синот на Деметриј, Антигон II Гонат успеал да ја зацврсти семејната власт врз старото Македонско Кралство, како и врз речиси сите грчки градови-држави до 276 п.н.е..[1]

Антигонидската династија била една од четирите династии воспоставена од страна на наследниците (дијадоси) на Александар Македонски, останатите три династии биле: Селевкидската династија, Птоломејската династија и Аталидската династија. Последниот член на династијата, Персеј, кој владеел помеѓу 179 п.н.е. - 168 п.н.е., бил признат од грците како борец за ослободување од римската власт. Персеј не успеал да го сопре напредувањето на римските легии и неговиот пораз во Битката кај Пидна значело и почеток на крајот на династијата.[2]

Членови на династијата, влатедетели со Македонија

уреди
 
Деметриј I Опсадникот.
владетел период на владеење забелешка
Антигон I Едноокиот зачетник на династијата
Деметриј I Опсадникот 294 п.н.е. - 287 п.н.е.
Антигон II Гонат 277 п.н.е. - 274 п.н.е.
Антигон II Гонат 272 п.н.е. - 239 п.н.е. повторно назначен
Деметриј II 239 п.н.е. - 229 п.н.е.
Антигон III Досон 229 п.н.е. - 221 п.н.е.
Филип V 221 п.н.е. - 179 п.н.е.
Персеј 179 п.н.е. - 168 п.н.е. последниот крал во династијата
 
Антигон II Гонат.
 
Филип V.
 
Персеј, последниот крал од антигонидската династија

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. J. Spielvogel, Jackson (2005). Western Civilization: Volume I: To 1715. Thomson Wadsworth. стр. 89–90. ISBN 0534646034.
  2. Britannica, Антигонидска династија, 2008, O. Ed. "Philip’s successor, Perseus (reigned 179–168 bc), was recognized as a champion of Greek freedom against Rome. But Perseus’ failure to deploy his full resources brought about his defeat (168) at Pydna in Macedonia and signaled the end of the dynasty." (англиски)
  NODES