Антонин Пиј (латински: Titus Aurelius Fulvius Boionius Arrius Antoninus Pius) — четвртиот римски цар од династијата на Антонините. Роден е на 19 септември 86 во Ланувиум, денешна Италија. Попознат е и како Тит Аврелиј Фулвиј Бојониј Ариј Атонин Пиј. Со Римското Царство управувал од 10 јули 138 година до 7 март 161 година. Негов наследник бил Марко Аврелиј. Антонин е првиот цар со титулата Пиј. Како сенатор имал многу успешна кариера, конзул станал во 120 година при што бил еден од најблиските луѓе на царот Адријан, кој во 138 година го посвоил. Тогаш, Адријан го задолжил да го посини Марко Аврелиј, кој станал цар по неговата смрт.

Антонин Пиј
Titus Aurelius Fulvus Boionius Antoninus[1]
Роден 19 септември 86
Ланувиум, денешна Италија
Починал 7 март 161
Ланувиум, Италија

Во своето дело „Самиот себе“, царот Марко Аврелиј опишува дека царот Антонин бил истраен во извршувањето на добро осмислените одлуки, непоколеблив и побожен, со јасно и ведро лице, со стремеж за потполно испитување на нештата и нивно јасно сфаќање, попустлив кон луѓето кои неправедно го напаѓале, дека не ги сакал клеветите, дека ниедна работа не ја извршувал брзоплето, дека темелно ги испитувал карактерите и настаните, не бил наклонет кон сомневање, страв или софизам, дека бил скромен во однос на станот, облеката, храната и слугите, дека бил трпелив и ја сакал работата, дека им бил верен на пријателите, лесно ги поднесувал луѓето кои ги критикувале неговите сфаќања, дека се радувал кога некој ќе го поучел или ќе му покажел нешто подобро, па дури ни цревата не ги празнел во времето кое не било одредено за тоа.[2]

Во 142 г. Антонин го започнал познатиот Антонинов ѕид во Шкотска за да ја зацрта тогашната северна граница на Римското Царство.

Наводи

уреди
  1. Salomies, O (2014). „Adoptive and Polyonymous Nomenclature in the Roman Empire – Some Addenda“. Во Caldelli, M. L.; Gregori, G. L. (уред.). Epigrafia e ordine senatorio, 30 anni dopo. Edizioni Quasar. стр. 492–493. ISBN 9788871405674.
  2. Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 112-113.



  NODES
os 1