Арго (старогрчки јазик: Ἀργώ,со значење „брз“) — брод во старогрчката митологија со кој Јасон и Аргонаутите пловеле од Јолк до Колхида за да го вратат Златното руно. Бродот е наречен по градителот, Аргус.

Арго (околу 1500–1530), од Лоренцо Коста
Кованица од Јолк, 4 век п.н.е., со слика на Арго. На предната страна од кованицата: Главата на Артемида. На задната страна: Арго и написот - ΙΩΛΚΙΩΝ (на Јолците).

Легендата за бродот

уреди

Арго бол изграден од бродоградителот Аргус, а посадата била заштитена од божицата Хера. Најдобар извор за овој мит е Аргонаутика од Аполониј Родоски. Според различни извори на оваа легенда, бродот Аргобил планиран или изграден од Атена. Според легендите за бродот, Арго имал магично парче дрво вградено во прамецот, што потекнувало од светата шума во Додона, а кое можело да зборува и да дава пророштва. По успешното патување, Арго бил посветен на Посејдон во Коринтската Превлака. Потоа, бродот е пренесен на небото и претворен во соѕвездие.[1]

Неколкумина автори (Аполониј Родоски, Плиниј Постариот,[2] Филостефан) зборуваат за формата на овој брод. Опишан е како старогрчки воен брод, галија, а авторите претпоставуваат дека Арго бил првиот брод од ваков вид кој запловил по морињата.[1]

Градбата на бродот Арго

уреди

Според некои извори, Арго бил првиот брод кој пловел по морињата, и бил изграден од Аргус и Атена. Токму божицата Атена го подучила Тифис да ги закачи едрата за јарболот, бидејќи му требало целото знаење за тоа како функционира бродот.[3] Според бродот посадата која што ја сочинувале избраните јунаци ја нарекувале Аргонаути, а некаде и Минијци.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Оваа статија користи содржина од Циклопедија 1728, дело во јавна сопственост. [1]
  2. Hist. Nat. 1.c.56
  3. „The Argo“. Jason and the Argonauts. Посетено на 2016-04-10.
  4. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 493 – 496.

Надворешни врски

уреди
  NODES