Аспергилозата е група на заболувања предизвикани од одреден тип на мувла (габа). Овие заболувања најчесто го афектираат респираторниот систем. Оваа габа е насекаде распространета и повеќето типови на габата се безопасни и не предизвикуваат заболувања. Но, некои од нив може да предизвикаат сериозни болести, кога нивните спори се вдишувани од страна на лицата кои имаат ослабен имунолошки систем, или веќе постоечка белодробна болест, како што е астма или цистична фиброза. Аспергилозата е габично заболување предизвикано од мувлата Аспергилус за која се познати околу 180 видови, но само околу 40 предизвикуваат болест. Мувлата е распространета низ целиот свет, и тоа во почвата, во органските материи во фаза на распаѓање, во домовите, во уредите за греење и ладење. Здравите луѓе секојдневно ги вдишуваат нивните спори, а потоа ги исфрлаат. Но, кај луѓето со ослабен имунолошки систем (имуносупресивна терапија, СИДА), или одредени белодробни заболувања (цистична фиброза, ХОБС), овие спори можат да предизвикаат сериозни, па дури и животозагрижувачки состојби.

Аспергилоза
Хистопатолошка слика од белодробна инвазивна аспергилоза во пациент со интерстицијална пневмонија. Материјал од аутопсија.
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Алергиската бронхопулмонална аспергилоза се развива кај лица болни од астма или цистична фиброза. Хроничната пулмонална аспергилоза се забележува почесто кај лица со туберкулоза, ХОБС или саркоидоза, како и кај лица кои во минатото имале хируршки зафат на белите дробови поради рак или пневмоторакс. Инвазивната аспергилоза се развива кај лица со ослабен имунолошки систем и лица кои имаат низок број на неутрофили во крвта, лица кои се на хемотерапија, лица кои примаат имуносупресорни лекови, и сл.

Преку некои истражувања се потврдил фактот дека кај некои индивидуи постои генетска предиспозиција за развој на аспергилоза, и дека комбинацијата на генетските фактори со имунолошките и околината можат да предизвикаат развој на одредени форми на аспергилоза. На одредени форми од видот аспергилус им е одреден геномот со што се отвораат вратите за понови и посовремени тераписки методи.[1]

Знаци и симптоми

уреди

Знаците и симптомите на аспергилозата варираат, во зависност од тоа кој тип на заболување се развива.

Има неколку форми на аспергилоза кои даваат различна клиничка презентација: алергиска бронхопулмонална аспергилоза е алергиска реакција која настанува при инхалација на спори и е предизвикана од несоодветен имунолошки одговор кај луѓе кои боледуваат од астма или ХОБС; симптомите вклучуваат: отежнато дишење или визинг, диспнеа или краток здив, омалаксаност, поретко градна болка, искашлување на крв, мукозни топчиња, еозинофилија; болеста не се шири на други органи, но доколку навреме не се открие и третира, можат да настанат трајни компликации како бронхиектазии, тешка перзистентна форма на астма, како и губење на белодробната функција; САFS е тешка форма на перзистентна астма која е предизвикана од присуството на аспергилус, но и други форми на мувла и затоа не ги исполнува критериумите за аспергилоза; хроничната пулмонална аспергилоза се одликува со создавање на лузни или фиброза на белодробното ткиво кое постепено станува нефункционално; се формираат кавитации или шуплини, плеврално задебелување;[2]

Инвазивната аспергилоза е најтешката и животозагрозувачка форма на оваа инфекција која се јавува кај пациенти кои се на имуносупресорна терапија, пациенти кои примиле коскена срж или солиден орган; инфекцијата почнува на белите дробови и од таму се шири хематогено на мозок, бубрези, срце, кожа; пациентот развива треска, главоболка, искашлува крв, има отежнато дишење, градна болка.

Кај некои луѓе, спорите на аспергилус предизвикуваат алергиска реакција. Други луѓе, имаат блага до сериозна белодробна инфекција. Најсериозната форма на аспергилоза – инвазивната аспергилоза – се јавува кога инфекцијата се шири на крвните садови и се дисеминира низ целиот организам.

Етилогија

уреди

Габата Аспергилус едноставно е неизбежна. Во надворешни услови, таа се наоѓа на отпаднатите лисја од дрвата и компостот, како и на растенијата, дрвата и житата. Во затворени простории, спорите – репородуктивните делови на габата – се наоѓаат во климатизерите и цевките за затоплување, изолацијата, па дури и во одредена храна и зачини. Аспергилус е чест жител на старите згради, како и на старите болнички установи.

Секојдневната експозиција на аспергилус многу ретко претставува проблем за луѓето со нормален имунолошки систем. Кога спорите на оваа габа ќе се вдишуваат, имунолошкиот систем ги препознава и ги уништува. Но, лицата со ослабен имунолошки систем од некое друго заболување или од имуносупресивни медикаменти, имаат помал број од клетките способни да ги уништат спорите. Ова му овозможува на аспергилусот да го инвадира белодробното ткиво, и да се прошири и во другите органски системи во телото.[1]

Ризични фактори

уреди

Ризикот за појава на ова заболување зависи од целокупното здравје, но генерално, следниве фактори го зголемуваат ризикот од аспергилоза:

  • Ослабен имунолошки систем
  • Леукопенија (намален број на бели крвни клетки – леукоцити)
  • Белодробни кавитети (шуплини)
  • Астма или цистична фиброза
  • Анкилозантен спондилитис
  • Долготрајна кортикостероидна терапија
  • Хоспитализација
  • Генетика

Алергиска реакција

уреди

Некои лица со астма или цистична фиброза имаат алергиска реакција на оваа габа. Знаците и симптомите на оваа состојба, наречена алергиска бронхопулмонална аспергилоза вклучуваат:

Габични маси

уреди

Растот на заплеткани нишки на габата (габични топки) може да се развијат во белодробните празнини. Овој тип на аспергилоза се нарекува аспергилом. Оваа форма е почеста кај лицата што имаат емфизем, туберкулоза или напредната саркоидоза. Аспергиломот е доброќудна состојба, која може да ги даде следниве симптоми:

  • хемоптизии (крвав искашлок)
  • визинг (чујно дишење)
  • недостаток на воздух
  • зголемување на телесната маса
  • замор

Инфекција

уреди

Најтешката форма на аспергилоза, наречена инвазивна пулмонална аспергилоза, се јавува кога инфекцијата брзо се шири во белите дробови, преку крвотокот, до мозокот, бубрезите или кожата. Ова се јавува кај лицата чиј имунолошки систем е ослабен, најчесто поради хемотерапија. Знаците и симптомите зависат од тоа кој орган е зафатен:

Дијагноза

уреди

Дијагнозата на инфекцијата предизвикана од габата аспергилус може да биде тешка. Аспергилус го има насекаде во природата, а понекогаш може да се најде и во плунката и искашлокот на здравите луѓе. Освен ова, отежнувачки фактор за дијагнозата е тоа што тешко е да се разликува аспергилус од останатите габи под микроскоп, а симптомите на инфекцијата се слични на заболувањата, како што е туберкулоза. Генерално, за дијагноза се користат:

  • Визуелизациони тестови (РТГ на граден кош, компјутеризирана томографија)
  • Визуелизациони тестови (РТГ на граден кош, компјутеризирана томографија)
  • Ткивни и крвните тестови
  • Биопсија

Последици

уреди

Во зависност од општата здравствена состојба на пациентот, доколку навреме се открие и третира, не би се создале потешки компликации кај самите пациенти. Нетретираната состојба остава трајни последици особено на белите дробови кои водат до тешка клиничка слика и за жал можат да завршат фатално. Претпазливо треба да се следат сите пациенти кои имаат инвазивна аспергилоза.

Третман

уреди

Третманот е варијабилен и зависи од местото на инфекција, типот и стадиумот на болеста, како и општата состојба на пациентот што значи дека некои пациенти треба само да се следат без никаква додатна терапија. Таблетарната терапија вклучува противгабични лекови како: Вориконозол/Voriconazole кој е лек одобрен од ФДА и се користи при инвазивна аспергилоза; Изавуконозол/Isavuconazole кој е одобрен од ФДА и кој се користи превентивно кај пациенти кои имаат ниско ниво на неутрофили; Ираконазол/Iraconazole се користи при хронични и алергиски форми на аспергилоза или кај полесни случаи кои се надвор од животна опасност; Преднизон/Prednisone е кортикостероид кој се користи при третман на алергиска аспергилоза.

Емболизацијата на бронхијалните артерии како метод се користи при хемоптизии кога пациентот има крварење. Помасивните крварења при коишто емболизацијата не помага, се решаваат хируршки. Хируршкиот третман има поширока примена и се користи за отстранување на оштетени ткива, дебридман на рани (кожа, ушен канал, поткожно ткиво), вадење на аспергиломи, операција на срце, ГИТ, синуси, итн.[2]

Третманот за аспергилоза варира во зависност за каков тип на заболување се работи. Можните третмани вклучуваат:

  • Набљудување - Аспергиломите честопати не се третираат, туку само редовно се мониторираат со РТГ на граден кош
  • Орални кортикостероиди - Целта на третирање на алергиската бронхопулмонална аспергилоза е да се спречи влошување на веќе постоечката астма или цистична фиброза
  • Противгабични медикаменти - Лекот на избор е Амфотерицин Б
  • Операција - Понекогаш е потребно хируршко отстранување на аспергиломите.
  1. 1,0 1,1 [1]/ MAYO CLINIC
  2. 2,0 2,1 ERS
  NODES