Атум (неговите алтернативни имиња се Тем, Тему, Тум, Атем) е древно египетско божество поврзано со Сонцето, како и Ра. Атум е бог на сонцето што заоѓа. Тој е хермафродитски пра-бог од кого е создаден светот. Атум понекогаш е претставен со глава на овен, и како гуштер, змија, лав или бик. Самото име потекнува од зборот „тем“ што значи „завршен“, „готов“.

Атум во форма на човек

Тему или Атму или Атум, т.е. „оној кој го довршува“ денот, исто како што Птах бил оној кој го „започнува“ денот. Бил претставен како човек. Во приказната за создавањето тој објавува дека се развил во облик на богот Хепер и во химните се кажува дека тој е „творец на боговите“, „создавач на луѓето“ итн.

Наводи

уреди
  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ

Поврзано

уреди
  NODES
Done 1