Бас Тер

општина во Гвадалупе и негов главен град

Бас Тер (француски: Basse-Terre) — главен град (префектура) на Гваделуп, кој претставува прекуморски регион и департман на Франција во островската група Мали Антили.[1] Градот е сместен на истоимениот остров, кој ја опфаќа западната половина на Гваделуп.

Бас Тер
Basse-Terre
Улицата Морис Мари Клер во Бас Тер
Улицата Морис Мари Клер во Бас Тер
Грб на Бас Тер
Местоположба на општината во Гваделуп
Местоположба на општината во Гваделуп
Координати: 15°59′45″N 61°43′45″W / 15.9958° СГШ; 61.7292° ЗГД / 15.9958; -61.7292
ЗемјаФранција
Прекуморски регион и департманГваделуп
ОкругБас Тер
КантонБас Тер (I и II)
Општ. заедницаЈужен Бас Тер
Површина15,78 км2 (223 ми2)
Население (2009)211.894
 • Густина21/км2 (53/ми2)
INSEE/Пошт. бр.97105 / 97100
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Иако претставува административен центар, Бас Тер е втор по големина во Гваделуп, по градот Поент а Питр. Поширокото градско подрачје има население од 44.864 жители, од кои 12.400 живеат во самиот град.[2]

Историја

уреди
 
Катедралата „Свети Петар и Павле“

Градот е основан во 1643 г. во планинскиот дел на островот Бас Тер (еден од двата острова на Гваделуп). Повеќепати е уништуван во екот на Англо-француската војна и како нејзина последица. Во 1976 г. се јавил страв од избувнување на вулканот Суфриер, поради што градот бил привремено иселен.

Забележителности

уреди

Главна црква во градот е катедралата „Свети Петар и Павле“ (Saint-Pierre-et-Saint-Paul) од XIX век, направена од сив камен со бели статуи. Бас Тер има многу зачувани градби од колонијално време. Позначајни градски свратилишта се плоштадот „Арбоово Поле“ (Champ d'Arbaud) и паркот Жарден Пишон на југ. На врвот на месниот рид се наоѓаат зоолошката и ботаничката градина, сместени во поголем парк на брегот на реката Ерб кој претставува резерват на растенија и животни.

Клима

уреди

Бас Тер е сместен на преодно место помеѓу екваторскиот и монсунскиот климатски појас. Врнежите се застапени преку целата година, со нешто посув период од јануари до март. Најсувиот месец (февруари) има просечни врнежи од 60 мм. Температурата во градот е релативно рамномерна во текот на целата година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. INSEE
  2. податок од 1999 г.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1
see 2