Бел нуркач
Мажјак (горе) и Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Merginae
Род: Mergellus
Selby, 1840
Вид: Бел нуркач
Научен назив
Mergellus albellus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Mergus albellus

Бел нуркач (латински: Mergellus albellus) е вид на птица од семејството патки, и е единствен член од родот Mergellus. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро[1]

Распостранетост

уреди

Овој вид патки најмногу е распостранет во северниот дел на Европа и Азија, а во зима, ги наоѓаме во скриените брегови на Балтичкото и Црното Море. Во помал број, ги среќаваме во Велика Британија, Германија, а некои скитници биле забележани и во Северна Америка.

Опис

уреди

Оваа патка, со својот изглед , не можеме да ја погрешиме. Женките и незрелите мажјаци се сиви со костенливи чела и капи, крилјата им се бели, а клуновите им се со испакнат врв што им помага да фаќаат риби. Долги се 38-44 сантиметри.

Живеалиште

уреди

Тие живеат покрај вода, а во лето престојуваат во тајгата (шумска зона која се протега од северна Скандинавија и Сибир, па сè до тихоокеанскиот брег). Во зима, тие летаат на југ, крај реките и често далеку од дрвја.

Исхрана

уреди

Се хранат со риби до 6 см должина, водни инсекти, по кои нуркаат во плитките води.

Размножување

уреди

Гнездата ги поставуваат во шуплините во дрвата, кои најчесто се направени од клукајдрвците. Несат во мај, од 6 до 9 јајца со крем-боја.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES
INTERN 1