Бени Гудман (Benny Goodman), вистинско име Бено Гутман (Benő Guttman; Чикаго, 30 мај 1909Њујорк, 13 јуни 1986) бил американски џез музичар еврејско-унгарско потекло познат како „кралот на свингите“ (King of Swing) но и како „Патријарх на кларинетот“ и „Професор“.[1]

Бени Гудман

Детство

уреди

Бени Гудман е роден во Чикаго како син на сиромашно евреи емигранти од Унгарија. Во своите рани години станува добар музичар. Со 10 години првпат го зема кларинетот во раце. Во шеснаесеттите години на еден настап го имитирал Тед Луис а во публиката се нашал Бен Полак. Наскоро после настапот Бени Гудман се придружил на оркестарот Бен Полка, во тоа време еден од најдобрите оркестри во Чикаго. Набрзо после тоа, Гудмановиот татко умира во сообраќана несреќа.[2]

Кариера

уреди

Гудман го напушта Њујорк и станува успешен музичар во период помеѓу 1920 и 1930 година. Првата плоча снимана во 1926 година заедно со Полаковиот бенд. Пред да основа сопствен бенд, свирел во бендовите Тед Луис, Ајшам Џоунс и Ред Николс.[3]

Годината 1932 Гудман основа сопствен бенд а во 1934 учествува во аудицијата на НБЦ со "Let's Dance" радио-програм.

Заедно со Флитвуд Хендерсон основаат бенд во кој Хендерсон ги пишувал аранжманите. Во бендот по првпат заедно настапувале и бели и црни музичари што во тоа време било незамисливо. Со Формирање на овој бенд се јавуваа свинг, нов правец во американската музика.

Концерт во Карнеги хол

уреди

Крајот на 1937 година, Гудмановиот продуцент Вин Нејтансон предложил Гудман и неговиот бенд да настапуваат во Карнеги хол во Њујорк.

Концерт е одржан на 1 јануари 1938 година. Седум дена пред концертот, влезниците (2,760 места) биле распродадени и покрај тогашната високата цена од 2,75 американски долари.Реакцијата на публиката во почетокот била прилично мала, што го подсетувало бенот на некои рани концерти во кој како гости настапувале членовите на оркестарот Дјук Елингтон и Каунт Бејси и кои исто така не поминале добро. Но, како што концерт се одвиваше, сè се променило. Некои од песните се добро примени, а вокалниот дел Марта Тилтон во композицијатаЛох Ломонд“, иако ништо посебно, публиката ги следеше овациите и петкратниот бас. Овациите на публиката го натерале Гудман таа вечер да се обрати на публиката нагласувајќи дека бендот не очекувал толку бисеви, останал без материјал, но дека Марта Тилтон драго ќе отпее уште некоја песна. Успехот на концертот бил осигуран кога бендот почнал да свири летна композиција Синг, Синг, Синг, а незаборавен момент се случил кога Гудман, завршил со својот соло-деоницу, неочекувано ја „предал штафетата“ на клавиристот Џес Стејси. Критичарите се согласуваат дека соло делот на Џеси Стејси на крајот од композицијата е "најдоброто нешто што овој пијанист некогаш го направил".

По некои, овој концерт е најзначаен настан во историјата на џезот. Јасно е дека после овој концер широката публика го прифатила џезот.

Во 1950 година биле продадени повеќе од милиони примероци плочи си снимки од овој концерта.

Продолжување на кариерата

уреди

Крајот на триесеттите години минатион век бендот достигнува врвна слава и како биг бенд, и како трио и како квартет и како секстет. Средината на четириесеттите популарноста на бендот паѓа заради неколку причини: многу од талентираните музичари од бендот биле пуштени во војна (во тек била Втората светска војна), работата во фабриките биле подобро платени а на врвот на популарноста биле соло пејачи како што е Френк Синатра.

Поред тоа, Гудман не го запоставил ни класичното дело пишувано за кларинет и често настапувал со други кларинисти. Двапати ја снимил композицијата „Кларинетски квинтет“ Волфганг Амадеус Моцарт, првпат со Будимпештански гудачким квартето а вторпат со гудачки квартет Бостонског симфониски оркестар. Снимил и кларинетски концерти Волфганг Амадеус Моцарт, Карл Марија фон Вебер и Карл Нилсен.

Слава

уреди

За Гудман се збрува дека тоа што го направил за џезот и свингот има исто значение како и она на Елвис Присли за рокенрол иако има тврдења дека многу Гудманови аранжмани неколку години порано ги одсвирил Флечер Хендерсон со својот бенд. Бени Гудман е еден од најпознатите музичари во XX век, ако тој не би постоел не би било ни свинги ни ера на големите бендови (Big Band Era).

Интересно

уреди

Бени Гудман е еден од првите белци кој се спротивставил на расната сегрегација.

После Гудмановата смрт во библиотеката на универзитетот Јејл се чува поголемиот дел од приватната колекција на Бени Гудман.

Една од првите плочи од концертот во Карнеги хол ја пронашла Гудмановата ќерка во тоалетот.

Гудмановите турнеи по Советскиот Сојуз и Далечниот Исток биле многу успешни.

Гудмановата композиција "Sing, sing, sing" Американското национално радио ја прогласио за една од 100 најважни американски музички дела.

Семејството

уреди

Бил оженет со Алиса Хамонд Дакворт, сестра на неговиот пријател Џон Хамонд. Во бракот имале две ќерки, Бенџи и Рејчел.[4]

Бени Гудман на 13 јуни 1986 година починал во Њујорк во седумдесет и седмата година од животот. Кларинет свирел сè до последниот ден.

Наводи

уреди
  1. Eder, Bruce (November 2, 1999). „Live at Carnegie Hall: 1938 Complete“. AllMusic. Посетено на December 27, 2012.
  2. Collier, James Lincoln (1989). Benny Goodman and the Swing Era. New York: Oxford University Press. стр. 48. ISBN 0-19-505278-1.
  3. „Benny Goodman's Boys“. Redhotjazz.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-15. Посетено на December 27, 2012.
  4. Billboard. April 4, 1942. Отсутно или празно |title= (help)

Литература

уреди
  • Firestone, Ross (1993). Swing, Swing, Swing: The Life & Times of Benny Goodman. New York: Norton. ISBN 0-393-03371-6.

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 1