Боровинка
Боровинка | |
---|---|
Северна грмушеста боровинка | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Вресовидни |
Семејство: | Вресови |
Род: | Боровинка |
Отсек: | Cyanococcus Rydb. |
Species | |
See text |
Чинија со боровинки | |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 240 kJ (57 kcal) |
14,49 g | |
Шеќери | 9,96 g |
Влакна | 2,4 g |
0.33 g | |
0,74 g | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (0 %) 32 μг80 μг |
Витамин А | 54 МЕ |
Тиамин (Б1) | (3 %) 0,037 мг |
Рибофлавин (Б2) | (3 %) 0,041 мг |
Ниацин (Б3) | (3 %) 0,418 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (2 %) 0,124 мг |
Витамин Б6 | (4 %) 0,052 мг |
Фолна кис. (Б9) | (2 %) 6 μг |
Витамин Ц | (12 %) 9,7 мг |
Витамин Е | (4 %) 0,57 мг |
Витамин К | (18 %) 19,3 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 6 мг |
Железо | (2 %) 0,28 мг |
Магнезиум | (2 %) 6 мг |
Манган | (16 %) 0,336 мг |
Фосфор | (2 %) 12 мг |
Калиум | (2 %) 77 мг |
Натриум | (0 %) 1 мг |
Цинк | (2 %) 0,165 мг |
Други состојки | |
Water | 84 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Боровинка[1][2] — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.
Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.
Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино - црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто - сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.
Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.[3]
Листови
уредиЛистовите од боровинки помагаат во случај на создавање на одредени киселина,повраќање,грчеви во желудникот и кашлање. Многу важен народен лек се против шеќерната болест, толку е делотворен што некои го нарекуваат растителен инсулин. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да узреат, бидејќи подоцна немаат лековито дејство.
Чај од листови од боровинки не смее да се пие без надзор. Листовите се сушат во тенеки слоеви во сенка или во рерна на 40 степени. Прелиени со жешка вода, го ублажуваат воспалението на бешиката и на мочните канали. Гнојните афти кај мали деца ефикасно се лекуваат со исцеден сок од свежи млади листови на боровинки.
Бобинки
уредиЗа плакнење на грлото се користи необработен сок од боровинки, додека мармаладот од ова шумско овошје ја разладува болната горештина на воспалени уста и грло. Исушените бобинки се користат за лекување на хемороиди бидејќи го стопираат крварењето, а делуваат и на подобрување на лошото варење и слабиот апетит.
Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај мали деца, додека свежи делуваат како благ пургатив. Сокот значително ги ублажува пречките при варењето, а го отвора и апетитот. Поради танинот и пектинот боровинките делувата како благо средство против дијареа и катар на цревата, разни восплаенија на слузницата итн.
Од зрели плодови боровинки се подготвува посебно екстракт од кој се прават таблети кои поволно вилајаат на острината на видот. Бидејќи тој лек е скап, најдобро е да се пие сок од боровинки, а за иста намена може да се направи и компот од исушени зрели плодови. Зрелите бобинки се диететско средство со пијатен вкус што се користи за зајакнување на крвната слика.
Бројните испитувања на ова зрнесто овошје дале извонредни резултати. Како прво, боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук. За таа “титула” во многу се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја. Покрај тоа, истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стареење, го запира почетниот фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот, како и циркулација, помага во контролаа на дијабетес итн.Состав: Исушените бобинки содржат флобатанин, смеша на разни антоцијански хетерозиди кои на сокот од боровинки му ја даваат бојата, потоа шеќери, органски киселини, главно лимонска, јаболчна и килибарна киселина, пектин витамин Ц, каротин.... Листот содржи пирокатехински танини, арбутозиди, како и неколку флавонски хетерозиди.
Наводи
уреди- ↑ „боровинка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „боровинка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |