Бриџтаун(UN/LOCODE: BB BGI)[1], поранешен Сент Мајкл, е главниот град на Барбадос. Има 5.928 жители. Градот се наоѓа на југозападниот дел од островот и излегува на Карипското Море.

Предградија на Бриџтаун со пристаништето во позадина.
Центарот на Бриџтаун.

Местоположбата на денешниот град е утврдена од Британците во 1628 година. Бриџтаун е главно карипско одредиште и игра важна улога на финансиски, информатички и конвенциски центар во карипскиот регион.

Иако Барбадос бил наполно напуштен или ненаселен кога Британците допловиле, како единствена трага од домородното население кое живеело тука бил еден многу примитивен мост, конструиран над реката Керинаж во центарот на Бриџтаун.

Се претпоставува дека овој мост бил создаден од луѓе, автохтони за Карибите, познати како Араваци. По овој мост, градот најпрво бил наречен Индијански Мост, а дури подоцна го добил своето денешно име - Бриџтаун.

Наводи

уреди
  1. Barbados codes, United Nations – Code for Trade and Transport Locations (UN/LOCODE) via UNECE


  NODES
Done 1
see 1