Булгари е италијански произодител на накит и трговец на мало со луксузни производи. Логото обично е напишано "BVLGARI" во римски стил и произлегува од презимето на грчкиот основач на команијата Sotirio Voulgaris (1857-1932). Иако компанијата создава свое име со накитот, денес истата претставува признат луксузен бренд кој на пазарот нуди неколку линии на производи вклучувајќи часовници, чанти, парфеми, модни додатоци и хотели.

Bulgari S.p.A.
ВидSocietà per azioni (BIT: BUL)
ДејностЛуксузна стока
Основано1884
ОсновачSotirios Voulgaris Уреди на Википодатоците
СедиштеРим, Италија
Клучни личности
Паоло Булгари (претседател), Франческо Трапани (CEO)
ПроизводиЧасовници, накит, додатоци, парфеми, козметика
Доход€926.6 милиони (2009)[1]
Оперативен доход
(€19.8 милиони) (2009)[1]
Нето-доход
(€47.1 million) (2009)[1]
Вработени
3,950 (2009)[1]
Матично претпријатие
LVMH Уреди на Википодатоците
Мреж. местоwww.bulgari.com
Продавница на Булгари во Милано-Италија

Рана историја

уреди

Sotirio Voulgaris (на италијански : Sotirio Bulgari) ја започнува својата кариера како производител на накит во своето родно село Парамитија (Епир, Грција), каде неговата прва продавница сè уште може да се види. Во 1877 година тој заминува за Крф а потоа за Неапол. Во 1881 година тој конечно се преселува во Рим каде во 1884 година ја основа својата компанија и ја отвора својата втора продавница во Виа Систина.

Моментално водечката продавница во Виа деи Кондоти е отворена во 1905 година од страна на Булгари со помош на неговите два сина, Константино (1889-1973) и Џорџо (1890-1966). Продавницата за краток период се претвора во место каде богатите и славните од целиот свет доаѓаат за уникатниот дизајнерски накит со висок квалитет во кој е комбинирана грчката и римската уметност.

За време на Втората светска војна, Константино Булгари заедно со својата сопруга Лора Булгари, кријат три еврејќи во сопствениот дом во Рим. Тие претставуваат странци за нив ; Семејството Булгари ги отвора вратите од бес заради нападот врз римското гето во октомври 1943 година. За нивното великодушно дело, на 31 декември 2003 година, тие се наградени со титулата "Праведни меѓу народите" во Јад Вашем во Ерусалим.

Меѓународна експанзија

уреди
Продавницата на Булгари во Келн, Германија

Во 1970-тите Булгари ги отвора своите први меѓународни локации во Њујорк, Париз, Женева и Монте Карло. Компанијата многу години одржува изложбен салон во њујоршкиот хотел „Пјер“. Денес Булгари има над 230 малопродажни места низ светот.

Во 1984 година, внуците на Сотирио, Паоло и Никола Булгари, се назначени за претседател односно заменик-претседател додека неговиот внук Франческо Трапани е назначен за главен извршен директор. Амбицијата на Трапани да се прошири компанијата започнува да се реализира во раните 1990-ти години со лансирањето на линија на парфеми. За време на неговото раководство компанијата се етаблира како бренд на луксузни производи признат насекаде во светот.

Парфем со потписот на Булгари

Во 1995 година, компанијата е ставена на списокот на Италијанската берза. Компанијата бележи раст на приходите од 1997 до 2003 година. Во моментот, околу 45% од акциите на компанијата се во сопственост на странски инвеститори.

Во почетокот на 2001 година, „Мариот Интернешнал“ и „Булгари Спа“ прават заеднички потфат со цел лансирање на нов бренд на луксузни хотели, „Булгари хотели и одморалишта“. Престижната групација, „Престижната управа на Мариот“ раководи со „Булгари хотели и одморалишта“ како и со хотелската компанија Риц-Карлтон. Булгари го отвора својот прв хотел во Милано во 2004 година додека вториот го отвора во Бали во 2006 година. Булгари е снабдувачот на луксузни артикли кои се користат за гостински апартмани и јавни површини на бродовите на италијанската компанија за крстарење „Силверси“.

Дизајни

уреди

Дизајнот на"Булгари"накитот е некарактеристичен и често имитиран (и фалсификуван). Во 1970-тите, голем дел од поскапите "Булгари"парчиња (како ланчиња, бразлетни и обетки) се карактеризирани со лесно препознатлив, храбар, речиси брутален дизајн во кој се комбинирани големи и тешки златни нишки и челик со црна површина. Нежните "Булгари" парчиња накит обично имаат единствен сериски број кој е регистриран во компанијата.

Дизајн на Булгари накит-Булгари ланче

Еколошката група WWF оценува голем број на луксузни брендови за одржливи практики во извештајот наречен "Подлабок престиж", "Булгари" завршува на деветтото место од вкупно десетте брендови со најниската можна оценка.

Бутици

уреди
Северна Америка
уреди

Северноамериканските "Булгари" бутици се наоѓаат во Атланта, Беверли Хилс, Бал Харбор, Бока Ратон, Бостон, Чеви Чејс, Чикаго, Коста Меса, Далас, Хонолулу, Хјустон, Њујорк, Лас Вегас, Град Мексико, Монтреал, Палм Бич, Сан Франциско, Шорт Хилс, Вајкики и Скотсдејл, Аризона.

Продавница на Булгари во Барселона-Шпанија
Јужна Америка
уреди

Јужноамериканските "Булгари" бутици се наоѓаат во Лима, Богота, Саун Пауло и Кито.

Рачни часовници

уреди

Швајцарската подружница на компанијата, "Булгари Тајм С.А.", е одговорна за производството на "Булгари" часовници. Основана е во 1980 година со седиште во Нешател. "Булгари Тајм С.А." вработува околу 500 луѓе. Денес, "Булгари" часовниците остваруваат 29% од вкупниот приход на компанијата. "Булгари" започнува да развива сопствени калибри и делови, вклучувајќи мошне сложени механизми и основни калибри. Колекцијата на "Булгари" часовници е сочинета од следните линии : Булгари-Булгари, Асиома, Ретанголо, Ергон, Дијагоно.

На Базелворлд 2006, "Булгари" го претставува комплицираниот "Асиома Мулти Компликејшн" часовник, опремен со турбилон, повеќегодишен календар и втора часовен појас.

Во 2002 година, во филмот "Малцински извештај" ликот на Том Круз носи футуристички "Булгари" часовник со органско диоди лице кое емитува светлина.

Тони Старк во филмот "Железен човек" во 2008 година исто така носи "Булгари-Дијагоно Компликејшн" часовник.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Annual Report 2009“ (PDF). Bulgari. Посетено на 2010-04-23.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди
  NODES