Бутково

село во Серско, Егејска Македонија

Бутково (грчки: Κερκίνη, Керкини; до 1923 г. Μπούτκοβο, Бутково[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 980 жители (2001).

Бутково
Κερκίνη
Бутково is located in Грција
Бутково
Бутково
Местоположба во областа
Бутково во рамките на Синтика (општина)
Бутково
Местоположба на Бутково во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°13.8′N 23°5.4′E / 41.2300° СГШ; 23.0900° ИГД / 41.2300; 23.0900
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000003800000038 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно980
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во Серското Поле, 51 км северозападно од градот Сер и западно од Валовишта (Демир Хисар), до западниот брег на Бутковското Езеро.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и на почетокот на XX век Бутково било средишно село и пазарен центар со етнички мешано население Серската каза. Голем дел од машкото население се занимавало со риболов во езерото, а жените со земјоделство. Бутковци било прочуени како мајстори-риболовци, кои го продавале уловот во Валовишта.[4] Во овој период на историјата на селото се забележуваат усилби на двете најсилни странски пропаганди.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бутково (Boutkovo) имало 90 домаќинства со 110 жители муслимани и 120 жители Македонци[5].[6]

Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал:

Бутково е 4 часа западно од Џумаја и на југ од Порој. Жителите се занимаваат претежно со риболов; сместено е на западниот брег на истоименото езеро. Има црква во која се служи на грчки и има грчко училиште со десетина ученици. Има 100 турски, 50 черкески, 25 ромски и 40 македонски куќи. Орудијата кои ги употребуваат за ловење се канџа — голема јадица; сашкам — копје долго до 5 со боцки на крајот; и мрежи — грип и даул.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 655 жители, од кои 220 Македонци христијани, 160 Турци, 225 Черкези и 50 Роми.[5][8] Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Бутково се состоело од 520 Македонци под Бугарската егзархија.[5] Во селото има едно основно бугарско училиште со 1 учител и 15 ученици.[9]

Во 1912 г. селото имало околу 200 куќи, од кои половината македонски, 70 турски, 30 черкески и 10 ромски. Сите живееле во одделни маала.[4]

Во Грција

уреди

Во 1913 г. Бутково е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.367 жители, поради што Симовски заклучува дека селото мора да било многу поголемо отколку што го претставувале претходните извори.[3]. Во 1920 г. нивниот број изнесувал 1.816. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето турско и черкеско население е иселено во Турција, а протерани се и 15 Македонци во Бугарија. На нивно место биле доведени 213 грчки доселеници (86 семејства).[3] Во 1928 г. Бутково е заведено како мешана македонско-дојденска населба со вкупно 832 жители,[3] во која мнозиството го имале староседелските Македонци.

Во 1940 г. селото имало 1.086 жители, кои во 1951 г. се накачиле на 1.280. а во 1961 г. — на 1.645 лица. Следниот период бележи пад на населението: 1.312 во 1971, 1.246 во 1981 и 1.214 во 1991 г.[3] Во 2001 г. е забележан пораст на 1.472 жители, но во 2011 г. бројот се спуштил на само 980 лица.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.086 1.280 1.645 1.312 1.246 1.214 1.472 980
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото има многу плодно земјиште кое се наводнува од Бутковското Езеро и дава високи приноси. Се произведуваат големи количства на памук, пченица, пченка и други култури, а развиено е краварството.[3]

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Πανδέκτης - Μετονομασίες
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 187–188.
  4. 4,0 4,1 Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 24.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVI, 1891, стр. 850.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.

Надворешни врски

уреди
  NODES