Вали
Вали (англиски: The Valley - „Долина“[1]) — гратче на островот Анвгила, негово управно седиште и еден од четиринаесетте окрузи. Населението брои 1.067 жители (2011).[2]
Вали The Valley | |
---|---|
гратче и округ | |
Волблејковиот дом | |
Вали во рамките на Ангвила | |
Земја | Обединето Кралство |
Прекуморска територија | Ангвила |
Надм. вис. | 9 м |
Население (2011) | |
• Вкупно | 1.067 |
Географија
уредиМестоположба
уредиГратчето е сместено во средишниот дел на островот, крај заливот Крокус и соседниот рид со исто име, кој со своите 73 м е највисока точка на островот. Во околина се селата Норт Сајд, Квортер, Норт Хил и Џорџ Хил.
Клима
уредиВали има со тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација.[3] Има кратка сува сезона од февруари до април, проследена од дождовна сезона остатокот од годината. Сепак, иако е долготрајна, дождовната сезона се одликува со толку обилни врнежи како што е својствено за другите карипски градови како Санто Доминго и Сан Хуан. Просечната температура е прилично рамномерна преку целата година, движејќи се помеѓу 26 и 29 °C.
Историски знаменитости
уредиГратчето има само малку историски градби од колонијално време, што се должи на фактот што управното седиште на Ангвила е преместено во Свети Кристофер уште во 1825 г. Најзначајна стара градба е Волблејковиот дом (XVIII в.) која опстојува до денес како свештенички дом при соседната црква. Продавниците обично се сместени во понови градби, со искчлучок на извесен број обновени куќи во народен карипски стил.
На ридот Крокус можат да се видат остатоците од Стариот суд, поставен на повисок терен. Од него денес останале само разрушени ѕидови и неколку подрумски зандани. Во западниот крај на Вали се наоѓа Волблејковиот дом, изграден во 1787 г. како плантажерска куќа — денес живелиште на католичкиот свештеник. До неа е црквата „Св. Герард“ со својата интересна фасада од камчиња, поголеми камења, цемент, дрво и плочки.
Сообраќај
уредиГратчето го опслужува Меѓународниот аеродром „Клејтон Џ. Лојд“ (IATA: AXA, ICAO: TQPF) со извесен број на прекуокеански летови.
Образование
уредиВо Вали има две државни училишта — едно основно и едно средно.[4] Покрај нив, работи и приватното основно училиште „Омолулу“ со нижи и виши паралелки.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „valley“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ „Number of Dwellings and Persons for Censuses 1974 – 2001 (Table 2)“. Statistics Department of Anguilla. Архивирано од изворникот на 2012-02-10. Посетено на 2008-04-16.
- ↑ „Climate Summary for The Valley, Anguilla“. Архивирано од изворникот на 2016-10-11. Посетено на 2019-08-27.
- ↑ "Schools Архивирано на 15 декември 2017 г.." Government of Anguilla. посет. 7 декември 2017 г.
- ↑ "Contact us Архивирано на 18 септември 2020 г.." Omololu International School. посет. 7 декември 2017 г
Надворешни врски
уреди„The Valley“ на Ризницата ? |
- Карти на Вали (англиски)
- Напис за новообновениот Волблејков дом (англиски)
- Вали[мртва врска] — Голема руска енциклопедија (руски)