Везир[1] (арапски: وزير) — висок државен функционер во Отоманското Царство, кој влегувал во султановиот Диван.[2]

Голем везир

Во муслимансите монархии титула соодветна на современата титула „министер“, која му се доделува на висок по ранг политички и религиозен советник на султанот. А пак титулата „голем везир“ е соодветна на денешната „премиер“.

Првпат функцијата „везир“ се појавува во Персија, каде била втора најважна личност во државата по калифот. Во некои држави и некои периоди во историјата некомпетентните везири биле убивани - на пример султанот Селим I за време на своето осумгодишно владеење во Отоманското Царство осудил на смрт седум везири.

Најпрвин имало само еден везир, но со текот на времето нивниот број постојано растел, во времето на Сулејман Законодавецот ги имало девет, во 1599 година дваесет и три. Оваа титула ја носеле и пашите со три туга (опашки), обично назначувани за беглербегови. Напоредно со зголемувањето на бројот, нивната компетентност им се намалувала. Главен бил големиот везир (садри-азам) - врховен раководител на државната администрација, министер-претседател.[2]

Везирот како мотив во уметноста

уреди
  • „Доаѓањето на босанскиот везир Ќуприлиќ во Травник“ (српскохрватски: Dolazak bosanskog vezira Ćuprilića u Travnik) — босанска епска песна.[3]

Наводи

уреди
  1. „vizier“. Lexico UK English Dictionary. Oxford University Press. Архивирано од изворникот на May 6, 2021.
    „Vizier“. Merriam-Webster Dictionary.
  2. 2,0 2,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 98. ISBN 9989-624-46-1.
  3. Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 213-228.
  NODES
Done 1