Вештак[1][2] или вешто лице — лице кое сведочи во судот, а чие сведочење се заснова на стручно знаење за предметната тема и кое им овозможува на одлучувачите подобро да ги проценат доказите, ситуацијата или соодветната казна. Социјалните работници се повикуваат на суд како вештаци во спорови за старателство над деца, занемарување и злоупотреба на деца, развод, грижа за лица со посебни потреби итн.

Вештакот е стручно лице кое ги исполнува формалните и суштинските услови за да може да се вклучи во овој вид на работа. Вештакот е соработник на судот и судијата, а со своите стручни наоди и мислење од областа во која е вештак (машинство, медицина, економија, финансии, градежништво и други различни области) му помага на судот. да се утврди вистината, односно да се утврди одредена конкретност на фактите по што се отвора или затвора дискусијата.

Од квалитетот и сеопфатноста на наодиете и мислењата на вештакот зависи текот на судската или вонсудската постапка. Во процесот на утврдување на материјалната вистина, судот сè повеќе се потпира на наодите и мислењата на стручњаците од областа на која се однесуваат судските предмети.

Вештачење

уреди

Вештачењето е стручна дејност што правната наука ја користи за утврдување и разјаснување на битни факти од областа на струката која не е правна, а која ја бара и ја спроведува органот на постапката. Тоа се спроведува кога органот на кривичната постапка, судиите и нивната правна стручна спрема не се доволни за утврдување или оценување на некој релевантен факт, бидејќи немаат доволно потребни стручни знаења и соодветни вештини. На пример, при утврдување на автентичноста на уметничките дела, аналитички форензичар доаѓа да ја изврши анализата и во таа ситуација лицето кое има таква посебна стручност се нарекува вештак (од латински), а самиот чин и метод на неговата презентација се нарекува вештачење (од латински ).

Наводи

уреди
  NODES