Гашербрум
Гашербрум е група врвови на североисточниот крај на ледникот Балторо, во состав на венецот Каракорум. Како таква, групата им припаѓа на Хималаите и се наоѓа на границата помеѓу Шаксгамската Долина (Кина) и територијата Гилгит-Балтистан (Пакистан). Масивот содржи три врва над 8.000 метри (ако се смета Брод Пик).
Врв | Висина (м) | СГШ | ИГД | Истакнатост (м) |
---|---|---|---|---|
Гашербрум I | 8.080 | 35°43′27″ | 76°41′48″ | 2,155 |
Брод Пик | 8.047 | 35°48′35″ | 76°34′06″ | 1,701 |
Гашербрум II | 8.035 | 35°45′27″ | 76°39′15″ | 1,523 |
Гашербрум III | 7.952 | 35°45′34″ | 76°38′31″ | 355 |
Гашербрум IV | 7.925 | 35°45′39″ | 76°37′00″ | 725 |
Гашербрум V | 7.147 | 35°43′45″ | 76°36′48″ | 654 |
Гашербрум VI | 6.979 | 35°42′30″ | 76°37′54″ | 520 |
Масивот првпат е забележан од полковникот Томас Џ. Монтгомери од Кралската инженерија на Британија, учесник во проектот „Голем тригонометриски премер на Индија“. Бидејќи се во состав на Каракорум, тој ги иманувал К1, К2, К3, К4 и К5 (каде „К“ значи Каракорум). Денес К1 се нарекува Машербрум, К3 е наречен Брод Пик, К4 е Гашербрум II, а К5 го носи името Гашербрум I. Само К2 (втор највисок во светот) го задржал називот на Монтгомери.
Историја на освојување
уредиПланина | Висина (м) | Прво освојување |
---|---|---|
Гашербрум I | 8.068 | 1958 — П. Л. Шениниг, А. Џ. Кауфман (САД) |
Брод Пик (if included in group) | 8.047 | 1957 — М. Шмук, Ф. Винтерштелер, К. Димбергер и Х. Бул (Австрија) |
Гашербрум II | 8.035 | 1956 — Ф. Моравец, С. Ларх, Х. Виленпарт (Австрија) |
Гашербрум III | 7.952 | 1975 — В. Руткјевич, А. Чадвик-Онишкјевич, Ј. Онишкјевич и К. Зѓитовјецки (Полска) |
Гашербрум IV | 7.925 | 1958 — В. Бонати и К. Маури (Италија) |
Гашербрум V | 7.147 | неискачена |
Гашербрум VI | 7.001 | неискачена, напревен обид во 1998 г. од француска група (две жртви) и данска група |
На 9 март 2012 г., полските планинари Адам Бјелецки и Јануш Голомб станале првите што го искачиле Гашербрум I зиме, и тоа без дополнителен кослород.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- H. Adams Carter, "Balti Place Names in the Karakoram", American Alpine Journal 49 (1975), p. 53.
- Mount Qogori (K2) {scale 1:100,000}; edited and mapped by Mi Desheng (Lanzhou Institute of Glaciology and Geocryology), the Xi´an Cartographic Publishing House.
- Тибетски сништа: Учените глави (англиски)