Гевгелија

град во Општина Гевгелија

Гевгелија — град во југоисточниот дел на Македонија, сместен во Гевгелиско-валандовската Котлина, област Бојмија, во непосредна близина (3 км) на границата со општините Кукуш и Меглен во Егејска Македонија, денес во Грција.

Гевгелија
Град
Поглед на Гевгелија
Поглед на Гевгелија
Знаме на ГевгелијаГрб на Гевгелија
Гевгелија is located in Македонија
Гевгелија
Гевгелија
Местоположба на Гевгелија во Македонија
Координати: 41°08′N 22°30′E / 41.133° СГШ; 22.500° ИГД / 41.133; 22.500
ДржаваРепублика Македонија
РегионЈугоисточен Регион
ОпштинаОпштина Гевгелија
Управа
 • ГрадоначалникАнтон Сарамандов (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&1000000000000006400000064 м
Население (2021)
 • Вкупно15,156
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 034
Рег. таб.GE
Мреж. местоwww.gevgelija.gov.mk

Потекло на поимот

уреди

Најверојатно зборот Гевгелија потекнува од турскиот збор gölgeli, што означува место во кое има многу сенки.

Според една легенда за настанок на името Гевгелија се смета дека еден дервиш кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија, бидејќи многу му се допаѓало местото. Жителите не сакале да го примат и решиле насила да го прогонат. Разлутен од тоа, дервишот почнал луто да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале назад со зборовите гел-гери што значи „ела назад“. Иако легенда, гевгеличани ова го сметаат за заклетва на предците т.е. секогаш да бидат добредојдени оние што одлучуваат да ги задомат своите идеи во градот.

Историја

уреди
 
Улица во Гевгелија некаде пред 1930 г.

Гевгелија како град за првпат се споменува во официјални турски документи од 1664 година. Наоѓајќи се покрај многу важни патишта кои воделе од Солун и Дојран кон Струмица и Скопје, околу 19 век, Гевгелија бележи значаен стопански подем.[1] Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на XIX, кога населението од овие краеви ја почувствувало потребата да создава современа населба во помош на минувачите-трговци и да биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови. Па така, од 1871 до 1886 година во Гевгелија биле отворени и првите занаетчиски дуќани. Ваквиот стопански и популациски растеж на населбата за да добие градска физиономија, односно заведувањето во катастарските книги како градска населба, официјално било извршено во 1886 година[2], кога во административно-управен поглед станала средиште на посебна каза — Гевгелиска.[3]

Црквата „Вознесение Христово“ потекнува од 1842 година.[4]

Вистински градски лик Гевгелија добива во 1886 година. На референдум кој се одржал на 23 април 2017, граѓаните на Општина Гевгелија се изјасниле против отворање на рудници за металични суровини.

Вкупно 54 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Општи одлики

уреди
 
Старата чаршија во Гевгелија
 
Центарот во Гевгелија

Ова подрачје отсекогаш претставувало значајна крстосница за патниците и стоката кои патувале од Европа кон Блискиот Исток или обратно. Со изградба на железничката пруга Скопје-Гевгелија-Солун во 1873 година и на автопатот Скопје-Гевгелија, таа станала значаен транзитен коридор. Гевгелија се наоѓа на само 70 км од Солун, а на 165 км од Скопје, главниот град на Р Македонија. Токму поради значајните сообраќајници тука се вкрстуваат патиштата од север и југ, така што Гевгелија претставува европска порта за сите оние кои тргнале на север.

Клима

уреди

Гевгелија се наоѓа на 64 метри надморска височина и е под влијание на средоземна клима, пред сè, на средоземното климатско влијание од Егејското Море. Кожуф планина со својот највисок врв „Зелен бег“, кој се наоѓа на 2.167 метри надморска височина, претставува природна граница меѓу средоземната и континенталната клима. Гевгелија има 240 сончеви денови во годината, со годишна сума од 2.392 часови на осончување. Просечната годишна температура изнесува 14,3ºС, просечната годишна минимална температура изнесува 8,6ºС, додека просечната максимална годишна температура изнесува 20,6ºС. Највисоката максимална температура е измерена во јули 2004 година и изнесува 44,6ºС, а најниската минимална температура е измерена во декември 1999 година и изнесува -16ºС. Просечната годишна сума на врнежи изнесува 649 мм/м². Најмногу врнежи има во месеците октомври и ноември, додека најсушни се јули и август. Меѓутоа, само на 4 јуни 2004 година наврнаа 213 л/м². Просечниот број на денови со снежна покривка изнесува 4, а со магла 7 денови. Ваквите климатски погодности овозможуваат под ова средоземнолико поднебје да виреат и средоземните плодови, како што се, смоквите, калинките, маслинките, мандарините и лимоните. По долината на Конска Река, западно од Гевгелија, се среќава едно ретко и единствено зимзелено дрво на Балканот, познато како „гол човек“ (Arbutus andrachne), чие стебло е прекриено со црвеникава и лушпеста кора.

 
Дел од зградата на Народниот театар

Население

уреди
 
Стара неокласична куќа во центарот на градот.

Според статистиката на Стефан Верковиќ во 1860 година, во Гевгелија имало 215 куќи и приближно 1.200 жители, а само десетина години подоцна бројот на населението се зголемил на 1.610, од кои 1.257 биле христијани - Македонци, 250 Турци и 103 Власи.[2] Во 1870 година Гевгелија станува важно пазариште за жителите на Гевгелиското Поле и Мајдачката Висорамнина.

Во 1886 година Гевгелија и формално е прогласена за градска населба и административно-управен центар на Гевгелиска околија, со вкупно 68 населби. Во градот живеат над 3.000 жители. Крај главната улица, која била калдрмисана и осветлена со фенери, никнале зданијата на околиската и општинската управа, воената касарна и повеќе двокатни куќи. Во 1890 година во Гевгелија имало над 4.000 жители, од кои 3.600 биле Македонци, а другите Турци, Роми и Черкези.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гевгелија живееле 4.175 жители, од кои 3.000 Македонци, 650 Турци, 230 Роми, 175 Черкези и 120 Власи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 3.950 Македонци, 100 Турци, 25 до 50 Унгарци, 25 до 50 Власи и 100 други жители.[7]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Гевгелискиот срез имало 31.656 жители, од кои 4.967 во Гевгелија, 1.992 во Валандово, а 24.697 во селата (Бојмија, Влахомеглен, Дојранско Поле). Од етнички аспект, населението го сочинувале 24.063 (76 %) Македонци, 5.172 (16.3 %) Турци, 773 (2,44 %) Срби, 593 (1,87 %) Власи, 230 Роми и 825 останати.[8]

Според пописот од 2002 година градот има 15.685 жители.[9]

Народности

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 15.685 жители и спаѓал во групата на средни градови.[10] Етнички гледано, населението е составено од:[11]

Народности[11]
Македонци
  
96,02 %
Срби
  
1,86 %
Власи
  
1,28 %
други
  
0,52 %
Турци
  
0,18 %
Роми
  
0,08 %
Албанци
  
0,05 %
Бошњаци
  
0,02 %

Според последниот попис на населението во Македонија од 2002 година, градот имал 15.685 жители. Следува табела на националната структура на населението[12]

Националност Вкупно
Македонци 15.060
Турци 28
Роми 12
Албанци 7
Власи 201
Срби 292
Бошњаци 3
останати 82
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[11]:

Јазици[11]
македонски
  
97,15 %
српски
  
1,47 %
влашки
  
0,80 %
други
  
0,38 %
турски
  
0,11 %
ромски
  
0,06 %
албански
  
0,03 %
бошњачки
  
0,01 %
Јазик Говорници Удел (%)
македонски 15.238 97,15
албански 4 0,03
турски 18 0,11
ромски 9 0,06
влашки 126 0,80
српски 230 1,47
бошњачки 1 0,01
останати 59 0,38
Вероисповед

Во Гевгелија се застапени следните верски групи[11]:

Вероисповед[11]
православие
  
97,37 %
други
  
2,06 %
ислам
  
0,29 %
католицизам
  
0,27 %
протестантство
  
0,01 %
Вероисповед Лица Удел (%)
православни 15.273 97,37
муслимани 45 0,29
католици 42 0,27
протестанти 2 0,01
други 323 2,06

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Гевгелија:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19484.967—    
19535.777+16.3%
19617.332+26.9%
19719.414+28.4%
198112.399+31.7%
ГодинаНас.±%
199114.957+20.6%
199414.974+0.1%
200215.685+4.7%
202115.156−3.4%
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 4.967
1953 5.217 1 48 98 235 118 60 5.777
1961 7.013 1 16 185 117 7.332
1971 8.948 30 17 9 191 219 9.414
1981 11.813 20 18 7 108 259 174 12.399
1991 14.252 22 14 17 122 295 235 14.957
1994 14.449 23 25 1 121 266 89 14.974
2002 15.060 7 28 12 201 292 3 82 15.685
2021 13.621 8 53 21 260 196 8 134 855 15.156

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Религија

уреди
 
Црквата „Св. Спас“
 
Црквата „Св. Петар и Павел“

Црквата „Свети Спас“ е најстарата црква во регионот, изградена на почетокот од XIX век, каде што за панаѓурот во чест на светецот–заштитник доаѓале луѓе дури од Солун. Во 1873 година со заеднички средства гевгеличани ја изградиле црквата „Света Троица“, а на местото каде што бил подигнат параклисот, во 1895 година била изградена и црквата „Свети Кирил и Методиј“.

Општествени установи

уреди

Образование

уреди
 
Основното музичко училиште „Васо Карајанов“

Во 1888 година, во дворот на црквата „Света Троица“ била изградена еднокатна училишна зграда, каде што е сместено основното училиште, кое дотогаш се наоѓало во приземни куќи. Во 1909 година во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“, била изградена нова еднокатна училишна зграда во која е сместено основното училиште. Првото прогимназијално училиште било отворено во 1902 година во двокатницата крај железничката станица.

Култура

уреди
Библиотекарство
 
Библиотеката „Гоце Делчев“

Почетоците на библиотечната дејност во Гевгелија, датираат од 1910 година кога во градот било формирано првото читалиште што го носи името Просвета. Читалиштето било формирано за потребите на драмската секција и располагало со симболичен книжен фонд донесен од приватните библиотеки. Во периодот меѓу двете светски војни читалиштето не работело редовно. Имено, имало години, посебно кога неговите управи биле во рацете на симпатизерите на работничкото движење или во рацете на самите партиски организации кога читалиштето било затворано. Таков бил случајот во 1924, 1928 и 1938 година. Во периодот на фашистичката окупација, читалиштето работело повремено и претставувало значајно место за ширењето на напредни идеи. До 1945 година читалиштето работело со прекини, условено од тогашните општествено-политички прилики. По ослободувањето на Гевгелија (7 ноември 1944 година), Народноослободителниот одбор на Гевгелија донел одлука за формирање на градско читалиште и ги поканил граѓаните да помогнат во собирањето книги за таа цел.[13] Со оваа акција биле собрани околу 3.000 книги, по што била направена селекција и во 1945 година, во почетокот на февруари, градската библиотека ја започнала својата работа. На почетокот библиотеката била сместена во просториите на Мицо Чугунцалиев, на шеталиштето, во централното градско подрачје, а од 1950 година работи во сегашната зграда. Зградата во која е сместена библиотеката е прогласена за споменик на културата.

Музеи

Владовиот конак е изграден во 1906 , а од 1992 година е пренаменет во народен музеј. Во него се сместени повеќе одделенија од праисторијата, античкиот период, но и етнолошка историска збирка.

Културни активности

уреди

Спорт

уреди

Гевгелија ја негува спортската традиција преку унапредување на популарните спортови како што е спортската сала во Гевгелија, која е пријатен и модерно опремен простор за спортување. Во близина на центарот на градот се наоѓа и фудбалско игралиште, а традиционално секоја година се одржуваат мотокросови и првенства во европски размери.

Карате Клубот Гевгелија од Гевгелија е наследник на карате клубот Партизан кој почнал со своите активности во 1968 година во просториите на друштвото за телесни спортови Партизан од Гевгелија. Карате Клубот Гевгелија е освојувач на бројни медали на државни и меѓународни натпреварувања. најголем успех во историјата на клубот постигна женската екипа од генерацијата родени 1989/1990 година во дисциплина кати екипно. Имено ова екипа беше повеќекратен европски шампион во дисциплина кати екипно. Екипата опстојуваше околу 10 години и цело време ја водеше Александра Аврамова. Денес клубот брои околу 30 членови од кои повеќето се освојувачи на медали на државните и меѓународните турнири. Уписите на нови членови се вршат паралелно со започнувањето на полугодијата во школите.

Туризам и хотелиерство

уреди
  • Смрдлива Вода е туристичко место на Кожуф Планина кој се наоѓа на надморска височина од 850 м и на 24 км оддалеченост од градот Гевгелија. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни заболувања, како и заболувања на желудникот и бубрезите. Во шумовитите предели се изградени 400 викендички и хотел за сместување на гостите.
  • Негорски бањи се наоѓаат на 4 км од Гевгелија и претставуваат афирмиран туристичко-рекреативен центар поради лековитата минерална вода. Досегашните испитувања и искуства потврдуваат дека минералната вода е погодна за лекување на ревматични заболувања, стерилитет, гастроинтестинални заболувања, заболувања на кардиоваскуларниот систем, воспаленија и други заболувања на периферниот систем, како и на кожата. Бањите ги опколува шума и во нив има можност за подготовка на спортските екипи од земјата и странство, дури и во зимскиот период поради благата клима. Овој комплекс располага со 300 легла во три хотели, базен за капење, одделение за физикална терапија, како и со лековита вода за пиење.
 
Градскиот парк и споменикот на Сава Михајлов
  • Ски центар Кожуф е скијачки центар на истоимената планина, во непосредна близина на градот Гевгелија. Ски-терените на овој центар се протегаат во два природни амфитеатри кои се наречени Марково Езеро и Порта. Секој од амфитеатрите има по 600 хектари, а вкупната површина изнесува некаде околу 1200 хектари. И двата амфитеатри се протегаат кон север, што овозможува подолго задржување на снежната покривка. На Марково Езеро се одредени три одделни ски-патеки за разни варијанти, а тоа се: Табла, К-92 и Зелен брег.
  • Хотелски комплекси: Гевгелија е нарекувана македонски Лас Вегас, бидејќи во нејзината околина има голем број казина, меѓу кои и едно од најдобрите на Балканот - „Хотел-казино Фламинго“.

Во моментов се гради уште еден грандиозен казино-хотел - Шератон (Принцес) - кој ќе биде неколкупати поголем од Фламинго.

Личности

уреди
 
Биста на Јосиф Јосифовски во градот
Родени во Гевгелија

Литература

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.20
  2. 2,0 2,1 Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.21
  3. „Историјат“. Општина Гевгелија. Архивирано од изворникот на 2016-01-19. Посетено на 2016-02-04.
  4. „Цркви и манстири во Гевгелија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. 2020-08-26. Архивирано од изворникот 2023-10-19. Посетено на 2023-10-19.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  9. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2009-02-08.
  10. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
  12. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  13. Соопштение на Народноослободителниот одбор од Гевгелија од 16 ноември 1944 год
  14. „George Vafopoulos“. Архивирано од изворникот на 2011-10-05. Посетено на 2009-02-08.

Надворешни врски

уреди
Одредници од Гевгелија
Негорци Марвинци
 
Богданци
Конско
  С  
З   И
  Ј  
Стар Дојран
Ругуновец
 
Стојаково
  NODES
os 4