Гињола (од француски: guignol) — вид кукла. Името се користи за ликот и за видот на куклата, т.е. куклената техника.

Гињоли од 19 век

Куклата е со француско потекло, направена е во Лион во 1808 година. Автор бил Лоран Мурге. Со оваа кукла, Мурге ги прославил Лион и француското кукларство.

Кај овој вид кукла, кукларот ја става раката во куклата, а со прстите одвнатре ги управува рацета на куклата или со помош на две прави цврсти жици. Куклата се управува одоздола. Куклата има дрвена глава, бидејќи е предвидено да може да добие удар од друга кукла.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES