Голф палките се користат во играње на голф за удирање на голф топче. Се смета дека се делат на три општи категории, и тоа:

  • Дрва (woods) Првично имале дрвени глави. Се користат за терање на топката на долги растојанија од подметка (ти, tee) или фервејот (fairway). Имаат различни степени на накосеност. Денеска се изработуваат од титан или мешовит материјал.
  • Железа (irons) Првично со метални глави. Исто така варираат по накосеност.
  • Вметнувач или патер (putter) Се користи за терање на топката низ кратки растојанија по земја со оптимална прецизност, обично по зеленилото со дупка (putting green).
Голф палки: дрво (лево), железо (десно) и клин (средина)

Разни палки се направени со разни степени на накосеностна главата (clubhead). Оваа накосеност, по ударот, му дава голф топчето да оди по нагорна траекторија, но бидејќи главата е накосена, топчето не се удира со нагорен замав: со исклучок на почетниот удар, палката всушност ја удира топката во хоризонтално или малку надолно движење. Ударот на главата го притиска (компримира) топчето. Резовите на топчето даваат лев вртеж (од гледна точка паралелна на замавот), познат како вртена топка (backspin), кој задно со отскочниот ефект на топчето, го подигаат. Обично со што поголема накосеност, траекторијата е повисока и пократка. Со малку исклучоци, голф палките се бележат со броеви; помалите броеви значат подолги рачки и помала накосеност на главата.

Додека може да постои голема разлика во комплетите на поединечни голфери, еден комплет нема повеќе од 14 палки, и обично се состои од 3 дрва, 2 клина, патер, и 8 железа (3, 4, 5, 6, 7, 8, и 9, плус поткопен клин (pitching wedge)). Некои играчи намерно избегнуваат некои подолги железа со потежок удар и играат со понакосени „фервејски“ дрва и други посебни клинови. Ова делумно се рефлектира во изгледот на новопроизведените палки, кај кои производителите ги имаат намалено косините на железата за да можат да се користат на поголеми далечини.

Видови

уреди

Дрва

уреди

Дрвата (woods) се најдолгите палки кои главно се користат за долги удари. Имаат големи глави и се донекаде облести по облик со малку испупчено лице и зарамнет табан кој при замав се лизга по земјата без да се закопа. Се нарекуваат „дрва“ бидејќи првично главите им се правеле од дрво - бука или јасен пред XX век, а подоцна рајско јаболко или јавор. Современите глави се прават од шуплив челик, титан или мешани материјали, па затоа се нарекуваат и „метални дрва“ (metalwoods). Ваквите метални дрва станале општоприфатени и популарни дури во 1990-тите, иако биле измислени дваесеттина години пред тоа.

Најдолгото дрво, наречено 1-дрво, обично се нарекува „драјвер“ (driver). Исто така ја има и најголемата глава, па така е идеален за првични удари од подметка (ти). Пократките дрва (денес, дрвата 3 и 5 се користат најчесто, а 2, 4, 7 и 9 понекогаш) се анрекуваат фервејски дрва, и имаат поплитка висина на лицето, што им овозможува на играчите да удираат од бусен. Драјверот иусто така може да се користи од бусен, меѓутоа бара голема вештина за правилен удар.

Накосеноста на дрвата изнесува од 7.5 до 31 степени. Понакосените фервејски дрва обично се позгодни за жени и постари лица, бидејќи ја тераат топката повисоко полесно отколку подолгите железа при помала брзина.

Должината на рачката (shaft) кај дрвата варира од 100–115 cm. Рачката влегува во главата одозгора во аголот од страната на играчот преку шупливо цевче (hosel) на начин што лицето на дрвото е отприлика под прав агол на едната страна на рачката. Современите дрва можат да имаат малку подзатворени лица за полесно порамнување при удар кај просечниот играч.

Моменталната стандардна должина на драјверот е ~114 cm (45 инчи). Некои играчи претпочитаат пократки рачки (43.5"-44.5") бидејќи им се полесни за ракување, иако со тоа малку се намалува дометот. Кај дрвата се претпочитаат графитни рачки заради нивната мала тежина, која им овозможува на играчите повеќе да ја убрзат главата при замав, и така што постогнат поголем домет. Максималната дозволена должина на рачката е 122 cm (48 инчи), иако некои достигнуваат до 127 cm (50 инчи). Овие се користат за натпревари во домет, и не се дозволени на турнири.

Железа

уреди
 
Некои железа

Железата (irons) се користат за удари со пократок домет од дрвата, обично удари каде се приоѓа на зеленилото (green). Железата се најсестраните палки, овозможувајќи им на напредни играчи да прават најразлични удари со една палка. Броевите им се од 1 до 9, со тоа што помалите броеви имаат помалак закосеност. Најратките железа се нарекуваат клинови (wedges). Меѓутоа типиниот комплет железа се состои од железата од 3 до поткопниот клин. Мошне вешти играчи можат да користат и 2-железо, но денес 1-железото релиси никогаш не се користи кај професионалците. Сѐ помалата употреба на долгите железа главно се должи на сѐ поголемата популарност на хибридните палки, кои нудаат подобра траекторија и полесно ракување.

Железата се делат на долги, средни и кратки. Железата 1 до 4 (со помала накосеност) се сметаат за 'долги железа', додека железата 5 до 7 за 'средни железа', а железата 8 до поткопниот клин (со поголема накосеност) за 'кратки железа'. Оваа класификација може да се разликува од човек до човек, зависно од неговата вештина во играње. Некои подобри играчи може да го сметаат 7-железото за кратко, додека играч со висок хендикеп може да мисли дека 5-железо е долго. Иако долгите и дсредните железа обично се користат за приодни и почетни удари, кратките железа и клинови исто така можат да се користат во кратка игра (поткопување, чипување, играње во песок, и во некои случаи, дури и за вметнување).

Главите на железата се обично полни со рамно лице. Постојат отприлика два типа на железа, и тоа со вдлабната и со мускулна опачина. Мускулните се мазни одзади, додека додека вдлабнатите се со шуплива опачина. Традиционално сите железа биле со мускулна опачина. Се нарекуваат и лопатки (blades) и се синоним за тешко ракување кое бара голема вештина. Се вели дека ако еден играч владее таква палка, тогаш тој може да владее секакви палки без проблем.

Марката Ping ги изумила првите железа со вдлабната опачина, и со тоа била отстранета маса од главата и прфрлена подолу во периметарот на железото. Со ова се постигнале две нешта: последиците од промашување биле помали, а подолниот центар на рамнотежа значи дека топчето може да се удри повисоко, додавајќи домет на ударите кај просечниот играч. Меѓутоа последицата од ова е делумно губење на осетот (спрегата). Исклучок од ова е дизајнот на Mizuno наречен 'cut-muscle', чија опачина не е ни вдлабната ни мускулна.

Железата главно се изработуваат по две процедури, леење и ковање. Леаните се изработуваат со истурање на топен метал во калап. Кованите се усвитуваат и удираат во саканиот облик. Леаните му даваат на играчот помалку осет, но полесно доследно изведување на удари, додека пак кованите даваат повеќе осет, но ударите бараат вештина, и затоа се за понапредни играчи.

Типичната накосеност на железата изнесува од 16 до 48 степени. Денешните железа имаат помала косина од старинските, поттикната од желбата на просечниот голфер да го достигне дометот на професионалците. Ова резултира со денешниот поткопен клин кој има накосеност слична на стари 8-железа. Денес поткопните клинови може да имаат нагид во 45 степени, иако разликта во домет меѓу просечните играчи и професионалците сѐ уште постои.

Рачките се со должина од 90–100 cm. Обично се изработуваат од челик.

Хибридни дрва

уреди

Постои нов вид на палка наречена „хибридна“, која ги комбинира правоударните одлики на железата со нискиот центар на тежа карактеристичен за понакосените дрва. Ваквата палка е околу 2/3 од големината на стандардното фервејско дрво и често има подлабоки резови. Често се користат за удари со поголем домет на потежок груб терен (rough) и за речиси сите удари каде голферот смета дека е незгодно да се користи подолго железо. Во 2005 речиси 19% од купувачите на голф опрема во САД имале барем по една хибридна палка, што е голем пораст споредено со само 7.5% во 2004. Хибридите почесто се користат од подобри играчи заради зголемената висина на ударот и леснотијата на ракување. Главнината од професионалните играчи сега имаат барем по една хибридна палка во торбите.

Клинови

уреди

Клинови (wedges) се железа со накосеност поголема од 44 степени. Поткопните клинови имаат накосеност од 44-50 степени и се прилично слични на другите железа. Песочите клинови (sand wedges) имаат посебно изработени долни страни и имаат направа „bounce“ (отскок), која во комбинација со накосеноста од 54-58 степени ги прави соодветни за удари од бункер или од груб терен. Пополнителните клинови (gap wedges) претставуваат компромис помеѓу поткопниот клин и песочниот клин—па затоа го носат тоа име. Лоб-клиновите (lob wedges) имаат многу голема накосеност (до 68 степени) и се користат за приодни удари, од песок, или тешки избавни удари кои бараат инвонредно висок удар и краток домет. Највеќето палки се со накосеност од 48 до 60 степени, со најразлични отскоци. Со клин топката може да се фрли во воздух со многу малку или без воопшто тркалање.

Вметнувачи

уреди

Вметнувачите или „патери“ (putters) се палки со многу мала накосеност и често должина, конструирани за 'туркање' и тркалање на топчето, а не удирање и исфрлување во воздух. Се користат за играње по зеленилото, но понекогаш можат да бидат корисни за одигрување на приодни удари на терени со густо искосена трева и фервеи.

Посојат неколку вида на вметнувачи. Главата може да им биде чеканеста или лопаткаста. Чеканестиот вметнувач има голема обла глава. Тежината обично е избалансирана долж палката, овозможувајќи им на голферите подоследен удар. Затоа оваа палка ја претпочитаат оние со поголем хендикеп. Лопатката е тесна и плосната, за да даде осет за топчето при вметнување. Ја претпочитаат оние со помал хендикеп.

Самата глава може да е тежински баласирана по периметрот или направена со вметнување. Првиот вид е подобар при грешки, бидејќи тежината е расшределена по рабовите, давајќи поголемо оптимално место (sweet spot) и стабилизира мали промашувања. Како и чекаснстиот вид, овој го претпочитаат оние со повиск хендикеп. Другиот има вметнато помеки материјали. Вметнатото е на лицето, јасно отцртувајќи го оптималното место. Ова дава пособар осет при вметнувањето и помазно тркалање. Најдобар е за поискусни голфери.[1]

Правила

уреди

Владеачките установи за голф Кралски и древен голф клуб од Сент Ендрјус и Голф здружението на САД имаат право на дефинирање на обликот и физичките особености на палките кои се довзолени на турнири.

Марки

уреди
  • Acer Golf
  • Adams Golf
  • Adidas
  • AMF
  • Ashworth
  • Ben Hogan
  • Ben Sayers Архивирано на 20 август 2007 г.
  • Bridgestone
  • Dunlop
  • Callaway Golf
  • Cleveland Golf
  • Cobra Golf
  • Dynacraft Golf
  • FootJoy
  • Founders Club
  • Jack Nicklaus|Golden Bear
  • Golf Pride
  • Greg Norman
  • Hippo
  • Hireko Golf
  • Izzo
  • KZG
  • Lamkin
  • Lind Golf
  • Lynx
  • MacGregor
  • Maxfli
  • Mizuno

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-08-17. Посетено на 2007-09-05.
 

ФК Манчестер Јунајтед — професионален фудбалски клуб од Манчестер, Англија, кој се натпреварува во Премиер лигата, највисокото фудбалско натпреварување во англискиот фудбалски систем. Познат под прекарот "Црвени ѓаволи", клубот бил основан под името Њутн Хит во 1878 година, го променил своето име во Манчестер Јунајтед во 1902 година, и започнал да игра на сегашниот стадион Олд Трафорд во 1910 година.

Манчестер Јунајтед е најуспешен клуб во Англија, со освоени рекордни 20 национални титули, 12 титули во ФА Купот, 5 титули во Лига Купот и рекордна 21 титула во ФА Комјунити шилд. Клубот исто така трипати ја освоил УЕФА Лигата на шампионите, еднаш УЕФА Лигата на Европа, еднаш УЕФА Купот на победниците на куповите, еднаш Суперкупот на УЕФА, еднаш Интерконтинеталниот куп и еднаш Светското клупско првенство. Во сезоната 1998–99, клубот станал прв во историјата на англискиот фудбал кој во една сезона успеал да ги освои титулите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Во сезоната 2016–17, со освојувањето на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед станал само петти клуб во историјата кој ги освоил сите три клупски натпреварувања на УЕФА.

Прочитајте повеќе
  NODES