Грав
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Племе: Гравови
Род: Грав
Вид: Обичен грав
Научен назив
Phaseolus vulgaris
L.
Синоними[1]

Грав или бобедногодишно растение од семејството на бобовите (Fabaceae) со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (научPhaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).

Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.

Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Во Македонија е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:

Употреба

уреди

Гравот, со просечна потрошувачка од 21,6 кг по домаќинство, е 7. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[2].

Други употреби

уреди

Листовите од грав биле користени за фаќање стеници во домовите.[3] Микроскопските влакна (трихоми) на листовите од грав ги фаќаат инсектите.[3]

Од античко време, гравот бил користен како уред во различни методи на претскажување. Претскажувањето со помош на грав се нарекува фавоманција.

Откриено е дека Phaseolus vulgaris биолошки акумулира цинк, манган и железо и има одредена толеранција на нивните соодветни токсичности, што укажува на соодветност за природна биолошка санација на почвите загадени со тешки метали.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“.
  2. ПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017
  3. 3,0 3,1 Szyndler, M.W.; Haynes, K.F.; Potter, M.F.; Corn, R.M.; Loudon, C. (2013). „Entrapment of bed bugs by leaf trichomes inspires microfabrication of biomimetic surfaces“. Journal of the Royal Society Interface. 10 (83): 20130174. doi:10.1098/rsif.2013.0174. ISSN 1742-5662. PMC 3645427. PMID 23576783.
  4. Mazumdar, K.; Das, S. (2015). „Phytoremediation of Pd, Zn, Fe, and Mg with 25 wetland plant species from a paper mill contaminated site in North East India“. Environ. Sci. Pollut. Res. Int. 22 (1): 197–209. doi:10.1007/s11356-014-3377-7. PMID 25103945. S2CID 3482592.

Надворешни врски

уреди
 
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:
  NODES
Bugs 1