Грдата Бети (англиски: Ugly Betty) — популарна и наградувана американска телевизиска серија. Оваа серија освои многу Еми и Златен Глобус награди, како за најдобра серија и најдобра главна глумица, која ја доби Америка Ферера. Римејк на колумбиската теленовела "Јас сум Грдата Бети", која постигнала невиден успех, Грдата Бети оживеа во Холивуд во студијата на Touchstone Television. Продуцент на серијата е познатата американска глумица, Салма Хајек.

Грдата Бети
Податотека:Ugly bety header.jpg
Создадена одФернандо Гајтан
УлогиАмерика Ферера
Ерик Мабиус
Ален Деил
Тони Плана
Ана Ортиз
Кристофер Горам
Ешли Џенсен
Беки Њутон
Мајкл Јури
Ванеса Вилијамс
Марк Инделикато
Џудит Лајт
Ребека Ромијн
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони3, за сега
Бр. на епизоди41, за сега
Производство
Времетраење42 минути
Прикажување
Првична мрежаABC
Сликов формат480i (SDTV),
720p (HDTV)
Првично прикажување28 септември, 2006 – сегашност
Надворешни врски
Мрежна страницаabc.go.com/primetime/uglybetty/index

Синопсис

уреди

Во површниот свет на високата мода, изгледот значи сѐ. Модата доаѓа и заминува, а единствена константа се супер слабите убавици кои ја носат. Како една сосем обична површна девојка, дебела и грда се вклопува во тоа? Ако одвоите момент и ја запознаете Бети Суарез, ќе откриете дека таа е мила, паметна и добра девојка. Но, во светот на модата Бети не се вклопува ама баш никако. Кога новинскиот тајкун Бредфорд Мид му го препушта своето царство, Библијата на модната индустрија Мода, синот Даниел, ја вработува Бети како помошничка, воглавно таа е единствената жена во Њујорк која Даниел не ја посакува во кревет. Иако Даниел прво не сака да ја прифати, непобедливиот дух на Бети и свежите идеи малку по малку ќе го освојат.

Овде е и Вилемина Слејтер главниот антагонист во серијата. Таа е креативен директор во компанијата, таа е жена со префинет вкус и секогаш облечена до совршенство. Таа ги прави најголемите интриги и замки само да стане главна и да го добие тоа што го сака. Марк е нејзиниот асистент, лојален асистент кој и помага во се. Аманда Танен е рецепционистка во компанијата, таа е луда по работата на Бети бодејќи е заљубена во Даниел. Кристина МекКини е најдобрата пријателка на Бети и марионетка на Вилемина. Подоцна се запознаваме и со Алексис Мид најпрвин ја знаеме како мистериозната жена но подоцна дознаваме дека тоа е братот на Даниел кој извршил операција и сега е женско. Таа е привлечна и амбициозна и работи со Вилемина да го уништи Даниел. Дома Бети ја има сестра и Хилда, внукот Џастин и таткото Игнасио со кои споделува се.

Освен овиее ликови се запознаваме и со други. Нико Слејтер, бунтовната ќерка на Вилемина која има чудна врска со Вилемина. Софија Рејес препривлечна жена и сопственичка на списание кое е голем соперник на списанието на Даниел. Таа започнува врска со Даниел но врска полна со тајни и интриги. Сантос е таткото на Џастин и мажот на Хилда со кој таа се мажи долго време откако затруднела со Џастин и др.

Глумечка екипа

уреди

Протагонистот и насловниот лик на серијата е Бети Суарез (Америка Ферера). Во останати ликови спаѓаат нејзиното семејство, нејзините пријатели, љубовни интереси и нејзините колеги. Бети е главен фокус на серијата, но покрај неа серијата се фокусира и на нејзиниот шеф Даниел Мид (Ерик Мабиус), богат плејбој кој ја наследува позицијата на главен уредник на Mode од својот татко. Главниот антагонист на серијата и непријател на Даниел е Вилемина Слејтер (Ванеса Вилијамс), суетна, егоцентрична дива и поранешен супермодел, одговорна за сите сплетки во списанието. Таа е креативен директор на Mode, но постојано се обидува да ја заземе позицијата на Даниел, а и да ја заземе целата Meade империја. Марк Џејмс (Мајкл Јури) е отворениот геј асистент и следбеник на Вилемина. Тој и помага во сите завери и сплетки по секоја цена и останува со неа дури и кога таа го напушта Mode. Аманда Самерс (Беки Њутон) е привлечната рецепционерка во Mode, најдобра пријателка на Марк, соперник на Бети (подоцна и пријателка) и ќерка на претпоставено мртвата поранешна главна уредничка на Mode Феј Самерс. Семејството на Бети е составено од Игнасио Суарез (Тони Плеина), грижлив човек со здравствени и имиграциони проблеми кој секогаш и дава поддршка, Хилда Суарез (Ана Ортиз), добродушна сестра на Бети и самохрана мајка очајна да пронајде љубов и Џастин Суарез (Марк Инделикато) внук на Бети и син на Хилда, кој е премногу заинтересиран во модата и глумата.

Надворешни врски

уреди
  NODES