Дев Пател (роден на 23 април 1990 г.)[1][2] — англиски глумец. Првата улога во кариерата тој ја добил во британската тинејџерска серија Скинс (2007–2008), иако претходно немал професионално филмско искуство. Неговиот пробив се случил во 2008 година со главната улога на Џамал Малик во филмот Милионер од гетото, за која бил номиниран за наградата која ја доделува здружението на филмски глумци за најдобар глумец во споредна улога и за награда БАФТА за најдобар глумец.

Дев Пател
Дев Пател во 2016 година
Роден(а)23 април 1990(1990-04-23)(34 г.)
Лондон, Англија
НационалностБританец
ЗанимањеГлумец
Активен период2006–сè уште

Пател глумел во успешната романтична комедија Најдобриот егзотичен Мариголд хотел (2012) и во нејзиното продолжение Вториот најдобар егзотичен Мариголд хотел (2015), во фантазијата Последниот владетел на ветровите (2010) и во научно-фантастичниот филм Чапи (2015). Во 2015 година, Пател го толкувал индискиот математичар Шриниваса Рамануџан во биографскиот филм Човекот кој ја познаваше бесконечноста, а следната година Сару Брирли во драмата Лав (2016). За Лав, тој добил номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобар спореден глумец како и номинации за наградите кои ги доделуваат филмските критичари и здружението на филмски глумци.

Кариера

уреди

2006–2007: Почетоци со Скинс

уреди

Во 2006 година, Пател ја започнал својата филмска кариера кога учествувал на аудицијата за тинејџерската телевизиска серија Скинс. Мајката на Пател ја видела рекламата за кастингот во весник и го донела на аудицијата иако тој следниот ден имал тест во училиште.[3] По две аудиции, тој ја добил улогата на Анвар Харал, британско-пакистански муслимански тинејџер.[3] Особините на Анвар биле делумно засновани на карактерот на Пател и улогата била напишана специјално за него откако тој ја добил улогата во Скинс.[4] Пател, кој немал претходно филмско искуство, изјавил „на првиот ден од снимањето не знаев што треба да правам.“[3]

Првата сезона на серијата била емитувана во јануари 2007 година и серијата добила номинација за најдобра драматична серија на БАФТА телевизиските награди во 2008 година.[5][6] Пател ја повторил својата улога на Анвар во втората сезона на Скинс, која била емитувала во февруари 2008 година.

2008–2010: Пробив со Милионер од гетото

уреди
 
Пател во 2008 година

Својата прва улога во догометражен филм, Пател ја добил во филмот Милионер од гетото режиран од Дени Бојл. Тој го играл Џамал Малик, момче од Индија, родено и израснато во сиромаштија во Бомбај, Индија.[7] Бојл земал предвид стотици млади глумци за улогата, но сметал дека глумците од Боливуд биле главно "силни, згодни налик на херои", но немале карактер каков што тој барал.[8] Неговата ќерка Кејтлин му ја посочила серијата Скинс.[8][9]

По одржани пет аудиции за улогата,[10] Пател ја добил улогата во август 2007 година.[11] Продуцентите на филмот сметале дека првичниот избор за главната улога, Руслан Мумтаз, изгледал премногу добро за улогата.[12] Бојл изјавил, „Сакав момче кое не изгледа како потенцијален херој; Сакав тој тоа да го добие во филмот.“[3] За да се подготви за улогата, Пател патувајќи со Бојл, кој барал локации за снимање, ги набљудувал гетата во Дарави за својата улога. Тој исто така работел во повикувачки центар преку ден и во хотел, каде миел садови.[13][14]

По објавувањето на Милионер од гетото кон крајот на 2008 година, Пател добил бројни награди за својата изведба. Тој бил номиниран за наградата најдобар глумец во споредна улога од страна на здружението на филмски глумци, награда која посмртно му била доделена на Хит Леџер за неговата изведба во Темниот витез. На 8 јануари 2009 година, Пател ја добил наградата најдобар млад глумец која ја доделува здружението на филмски критичари.[15] Филмот освоил четири Златни глобуси,[16] од кои еден за најдобар филм во категорија драма, и осум Оскари, од кои еден за најдобар филм.[17]

Пател го играл Зуко во Последниот владетел на ветровите, долгометражен филм адаптиран на анимираната серија Аватар: Последниот владетел на ветровите,[18][19][20] кој бил издаден на 1 јули 2010 година и кој добил голем број на негативни критики. И покрај тоа што имал висока заработка, филмот се здобил со критички неуспех и Пател дури бил номиниран за Златна малина за најлош глумец во споредна улога таа година, и покрај тоа што неговата улога била добро прифатена, и според многумина била една од позитивните аспекти на филмот.

Во 2012 година Пател глумел во романтичната комедија Најдобриот егзотичен Мариголд хотел, режирана од Џон Маден, заедно со Џуди Денџ, Бил Нај и Меги Смит; филм кој се здобил со позитивни рецензии од критичарите[21] и кој бил финансиски успешен, заработувајќи 136.8 милиони долари во светски рамки.[22] За улогата, тој земал часови за да може да зборува со индиско-англиски акцент, бидејќи неговиот англиски акцент бил премногу силен.[23]

2011–денес

уреди

Од 2012 до 2014 година, Пател играл споредна улога во серијата Вести која се прикажувала на HBO.[24] Тој исто така глумел заедно со Џејмс Франко и Хедер Грејам во филмот Чери, кој премиерно бил прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во 2012 година.

Во 2014 година, Пател глумел покрај Роберт Шијан и Зои Кравиц во комичната драма Внатрешен пат, а во 2015 година бил дел од филмот Вториот најдобар егзотичен Мариголд хотел, кој бил продолжение на Најдобриот егзотичен Мариголд хотел. Истата година тој глумел во научно-фантастичниот филм Чапи кој бил режиран од Нил Бламкамп и во биографскиот филм Човекот кој ја познаваше бесконечноста посветен на индискиот математичар Сриниваса Рамануџан, во кој Пател глумел покрај Џереми Ајронс кој го играл професорот Г. Х. Харди.

Во 2016 година, Пател го глумел Сару Брирли во биографскиот филм Лав, режиран од Герет Дејвис во кој уште глумеле и Никол Кидман и Руни Мара. Филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Торонто и наишол на позитивни пофалби и критики.[25][26][27][28] Филмот е заснован врз основа на романот Долг пат до дома напишан од Брирли.[29] За оваа улога Пател бил номиниран за Оскар за најдобар спореден глумец и добил номинација за наградата БАФТА во категоријата најдобар спореден глумец.

Личен живот

уреди

Тој бил во врска со Фрида Пинто, колешката од Милионер од гетото од 2009 до крајот на 2014 година.[30]

Филмографија

уреди

Филм

уреди
Година Наслов Улога Белешки
2008 Милионер од гетото Џамал Малик
2010 Последниот владетел на ветровите Зуко
2012 Најдобриот егзотичен Мариголд хотел Сони Капур
2012 Чери Ендру
2014 Внатрешен пат Алекс
2015 Вториот најдобар егзотичен Мариголд хотел Сони Капур
2015 Чапи Деон Вилсон
2016 Човекот кој ја познаваше бесконечноста Сриниваса Рамануџан
2016 Капки сеќавања Тошио (глас) Англиска синхронизација на филмот
2016 Лав Сару Брирли
2017 Хотел Момбаи Постпродукција

Телевизија

уреди
Година Наслов Улога Белешки
2007–2008 Скинс Анвар Харал 18 епизоди
2009 Господин единаесет Хотелски келнер Епизода „1.1“
2012–2014 Вести Нил Сампат 22 епизоди

Наводи

уреди
  1. „Nev Patel“. Internet Movie Database. Посетено на 15 May 2014.
  2. „Nev Patel Biography“. Tribute. Посетено на 15 May 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Тим Бароус (2008-12-01). „Slumdog Millionaire: Dev Patel hits the jackpot“. The Daily Telegraph. Посетено на 2009-03-26.
  4. Мајк Бејли; Хана Мари. (2008-08-08) (SWF). Cast weighs in on...Anwar. BBC America. https://www.youtube.com/watch?v=tUzstR1QDOk. Retrieved 2009-03-26. 
  5. Дејв Вест (2008-05-07). 'Skins' wins Rose d'Or for best drama“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2009-04-14. Посетено на 2009-03-26.
  6. Овен Гибсон (2008-03-19). „Cranford wins three Bafta nominations“. The Guardian. Посетено на 2009-03-26.
  7. Lane, Anthony (2008-12-01). „Slumdog Millionaire: The Film File“. The New Yorker. Архивирано од изворникот на 2008-12-17. Посетено на 2009-03-26.
  8. 8,0 8,1 Roston, Tom (2008-11-04). 'Slumdog Millionaire' shoot was rags to riches“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 17 December 2008. Посетено на 2008-11-12.
  9. Finlay, Nicki (reporter); Boyle, Danny (director); Patel, Dev (actor). (2008-11-05) (SWF). Prepare to Slum It With Slumdog Millionaire. https://www.youtube.com/watch?v=MydmOBOpSd0. Retrieved 2009-03-26. 
  10. „Dev's harrowing Slumdog experiences“. Metro. 2009-01-06. Посетено на 2009-01-25.
  11. Dawtrey, Adam (2007-08-30). „Danny Boyle to direct 'Slumdog'. Variety. Посетено на 2008-01-15.
  12. „Ruslaan too good to be a slumdog!“. Hindustan Times. 2009-01-14. Архивирано од изворникот на 2009-04-14. Посетено на 2009-03-26.
  13. Vieira, Meredith (interviewer); Patel, Dev (actor); Pinto, Freida (actor). (2008-11-21) (SWF). Dancing With the 'Slumdog' Stars. Archived from the original on 2012-11-05. https://web.archive.org/web/20121105181156/http://www.msnbc.msn.com/id/21134540/vp/27839806#27839806. Retrieved 2009-03-26. 
  14. Yount, Stacey (2008-11-21). 'I wanted his eyes to say everything.' – Dev Patel“. BollySpice.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-11. Посетено на 2009-03-27.
  15. „Nominees | 14th Annual Critics Choice Awards“. VH1. 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-22. Посетено на 2009-01-09.
  16. Farndale, Nigel (2009-02-06). „Slumdog Millionaire star Dev Patel: an underdog no more“. The Daily Telegraph. Посетено на 2009-03-26.
  17. Џон Хорн (2009-02-23). 'Slumdog' strikes it rich with 8 Oscar wins“. Los Angeles Times. Посетено на 2009-03-26.
  18. Earle, Alison (presenter); Patel, Dev (actor). (2009-02-05) (SWF). Miley Cyrus says sorry and Dev Patel's next film. ITN. https://www.youtube.com/watch?v=gQdhZlg_uFg. Retrieved 2009-03-26. 
  19. Fleming, Michael (2009-02-01). „Shyamalan cast floats on 'Air'. Variety. Посетено на 2009-02-03.
  20. Fernandez, Jay A. (2009-03-15). „Four more land 'Airbender' roles“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 20 March 2009. Посетено на 2009-03-26.
  21. The Best Exotic Marigold Hotel, Посетено на 2016-09-16
  22. „The Best Exotic Marigold Hotel (2012) - Box Office Mojo“. www.boxofficemojo.com. Посетено на 2016-09-16.
  23. Doshi, Riddhi (3 March 2011). „Dev Patel had to take lessons in English“. Архивирано од изворникот на 2011-03-04. Посетено на 18 June 2013.
  24. „New Drama Series The Newsroom starring Jeff Daniels and Emily Mortimer Debuts 24 June, TVbythenumbers.com, 19 June 2012“. Tvbythenumbers.zap2it.com. 2012-06-19. Архивирано од изворникот на 2016-04-25. Посетено на 2015-03-04.
  25. Busis, Hillary. „Dev Patel's Lion May Be the Inspirational Awards-Season Tale You're Looking For“. Посетено на 2016-09-16.
  26. „TIFF 2016: Garth Davis' 'Lion' with Dev Patel is an Emotional Journey“. Посетено на 2016-09-16.
  27. „Lion“. 2016-09-13. Посетено на 2016-09-16.
  28. 'Arrival,' 'La La Land,' 'Moonlight' and more: How the Toronto Film Festival movies will play with Oscar voters“. Los Angeles Times (англиски). ISSN 0458-3035. Посетено на 2016-09-16.
  29. „Lion, A Monster Calls Oscar Chances: Will Tearjerkers Reign?“ (англиски). 2016-09-11. Посетено на 2016-09-16.
  30. Marquina, Sierra (December 10, 2014). „Freida Pinto, Dev Patel Split After Almost Six Years Together -- Get All the Details“. Us Magazine. Посетено на December 13, 2014.

Надворешни врски

уреди


  NODES
inspiration 1
INTERN 1