Рамон (или Рејмонд) Луис Ајала Родригес (роден на 3 февруари 1976), познат под уметникото име Деди Јенки е порторикански пејач, рапер, глумец и музички продуцент.

Деди Јенки
Daddy Yankee in 2019
Роден(а)Рамон Луис Ајала Родригес[1]
3 февруари 1976(1976-02-03)(48 г.)[2]
Сан Хуан, Порторико
Занимање
  • пејач
  • рапер
  • текстописец
  • актер
  • музички продуцент
Активен период1992–денес[2][3][4][5]
Познат(а) поБарио Фино
СопружникМиредис Гонсалес (в. 1994)
Деца3
Награди
Страница
daddyyankee.com

Ајала е роден во Рио Пиедрас, најголемата населба на Сан Хуан , каде што створил интерес за музиката уште од многу млада возраст. Додека бил помлад се занимавал со бејсбол и се стремел да влезе во професионалната лига. Не можеше да продолжи со овој спорт, поради повреда на ногата. Беше дел од андерграунд рап-движењето, кое подоцна се нарече регетон. Откако го подучија неколку регетон-артисти, започна соло-кариера со прво снимање во продукцијата “Pleyero 37“. По оваа отскочна даска, почна да снима независни албуми; неговиот прв соло албум беше “No Mercy“. Откако го издаде, формираше дуо со Ники Џем и ја продолжи соло-кариерата со издавањето на следните два албуми “El Cartel“ и “El Cartel II“. Со ова тој стана еден од многуте пионери во регетонот и се здоби со прекарот Папи Вакеро. Во 2002 “El Cangri.com“ стана прв албум со меѓународен успех и доби свое место на музчкиот пазар во Њујорк и Мајами. Албумот “Barrio Fino“ се објави во 2004 и доби многу награди, какошто се “Premio Lo Nuestro“ и на латинскиот Билборд, номинации на латинските Греми награди и Ем Ти Ви наградите. “Barrio Fino“ се продаваше доста добро во САД, Латинска Америка, Европа и Јапонија. На 5 Јуни 2007 Ел Картел Рекордс го издаде албумот “El Cartel: The Big Boss“, кој беше рангиран како најпродаван албум меѓу латинските музички жанрови. Го промовираше албумот на меѓународна турнеја, која започна во САД и продолжи низ Латинска Америка, со кршење на рекордите на посетеност во Еквадор и Боливија. Неговите песни се снимани на повеќе од 70 албуми, во кои се вклучени и компилациите Mas Flow 2 и Blin Blin vol.1. Покрај тоа што е музичар, Ајала има работено и како глумец и продуцент. Во текот на целата негова кариера, отсекогаш е бил воздржан да дискутира за неговиот приватен живот, но јавно има кажано дека сопругата и децата му се најважни.

Живот и кариера

уреди

Рејмонд Ајала е роден во Сан Хуан, Порторико и големо влијание на неговата музика имале музичарите од неговата фамилија, како и роднините на мајка му и татко му. Во детството вежбал пеење и се сосредочил на импровизации со текстови. Иако се стремел да се придружи на професионалната бејсбол лига, отстапи од таа цел откако се случи несреќата во која беше вмешан –на 17 години; учествуваше во престрелка во “соседството“ и беше ранет на две места. Едниот куршум му помина низ раката, а другиот од AK -47, го погоди во десниот бут и го остави куц. По инцидентот, тој се интересираше за андерграунд рап-движењето, кое во тоа време беше во експериментална фаза. Исто така се интересираше и за музичките настани кои се случуваа во соседството во кое беше израснат- населбата Виља Кенеди. На почетокот на неговата кариера, се обиде да го имитира стилот на раперот Вико Ц. Продолжи да апсорбира и од други артисти, како на пример Ди Џеј Плејеро, Ди Џеј Нелсон и Ди Џеј Голди, со тоашто земаше елементи од нивните стилови со цел да развие свој и ориглнален. Откако го постигна тоа, го напушти рапот и стана регетон- изведувач. Ајала најпрво сними со Ди Џеј Плејеро на неговиот албум “Playero 37“, издаден во 1992.

Самостојна дискографија

уреди

Првиот албум “No Mercy“, се издаде во 1995, кога Ајала имаше осумнаесет години. Продажбата не помина добро, но тој ја продолжи работата во жанрот до крајот на декадата и на крај формираше дуо со Ники Џем. Идна песна на дуото беше “Posicion” и беше вклучена во саундтракот на филмот “One Tough Cop”, режиран од Бруно Барето во 1998. Откако започна новиот милениум, Ајала се концентрираше повеќе на неговата соло кариера, со тоа што издаваше албуми од студиа со кои преходно немаше соработувано. Првиот самостоен албум беше “El Cartel“, кој вклучуваше елементи од миксовите на кесетите. Во 2001 го издаде “El Cartel II“, продолжение на претходниот албум. Во 2002 се објави албумот“ El Cangri.com“, и е првиот албум во кариерата на Ајала, што беше добро продаван и надвор од Порторико, најмногу во САД. Албумот го изработи продукцијата VI Music, независно студио во Порторико, коешто не беше поддржано од некоја значајна продукција. Најуспешната песна од албумот беше “Latigazo”, која често се вртеше по радиостаниците во Њујорк и Мајами. Албумот достигна 43то место на топ-листите за латино-албуми. По издавањето на дискот, Ајала настапи во колосеумот “Роберто Клементе“ пред 12,000 обожаватели. Наредната година VI Music го издаде албумот “Los Homerun-es”. Албумот беше најпродаван и број еден во година кога многу други значајни продукиции, ги издадоа и нивните, на пример: Луни Тунс со “Mas Flow“, Дон Омар со “The Last Don” и Тего Калдерон со “ El Abayarde”. Успехот што го доживеа овој албум, му ја овозможи на Деди Јенки потребната слава за пласман на американскиот пазар, и пред да потпише договор со Universal, на албумот ја потпиша Vi Music продукција.

2004 – 2005

уреди

Следниот албум на Ајала, “Barrio Fino“, го сними продукција Луни Тунс, а го издаде Ел Картел Рекордс и Vi Music во јули 2004. Деди Јенки уживаше во салса уште кога беше млад и ова го наведе да вклучи и други музички жанрови освен регетон во албумот. Напопуларниот хит со поразлична мелодија е “Melao”, кој го изведе со Енди Монтањез. За “Barrio Fino“ се вели дека е комплетен албум и со него тој имаше намера да ги претстави комбинациите на регетонот и другите жанрови на светскиот пазар. Албумот “Barrio Fino“ беше проследен со меѓународна турнеја во многу земји – Домениканската Република, Еквадор, Мексико, Панама, Хондурас, Шпанија, Колумбија, Аргентина, Венецуела и САД. Се продадоа 500,000 копии само во САД, плус во Латинска Америка и остатокот од светот. Во 2005 Ајала освои неколку меѓународни награди, кои го направија еден од најславните регетон-артисти во музичката индустрија. Првата награда што ја доби беше “ Premio Lo Nuestro”за албумот “Barrio Fino” во категоријата на латино музика. На овој настан тој ја изведе “Gasolina”на “иновативен“начин. Албумот ја доби наградата “регетон албум на годината“ на латинскиот Billboard, кој се одржа на 28 Април, 2005, и изведе микс од три песни во дует со Пи Диди. Неговиот хит “Gasolina”ги доби мнозинството гласови на публиката и доби осум номинации ,а освои седум награди. Мега хитот беше номиниран и на латинските греми награди и Ем Ти Ви наградите. “Gasolina” ја препеаа изведувачи од различни музички жанрови. Ова доведе до контроверзии кога Лос Лагос, мексиканска група, ја преснимаа песната со оригиналниот ритам, но го сменија текстот. Продуцентската куќа на групата, доби дозвола за преработка на песната, за да можат да ја изведуват и да ја препеваат на изменета мелодија, но според соодветната законска постапка-се задржа правото за менување на текстот. Во името на Деди Јенки, неговиот адвокат изјави дека да се преработува песната е“ чест, но тоа мора да се направи согласно законот“.

2006 – до денес

уреди

Според списанието Тајм, на 30 Април 2006, Ајала беше именуван како еден 100те најмоќни луѓе, тука се напоменаа продадените 2 милиона копии на “Barrio Fino” , потпишаниот договор од 20 милиони долари со продукцијата “Интерскоп“ и Пепси –рекламата. Овој период, Ајала и Вилијам Омар Ландрон (познат како Дон Омар) беа во музичко соперништво, кое го привлече вниманието на печатот и покрај тоа што беше одрекувано од двајцата. Конфликтот започна со коментарите на Ајала во неговиот ремикс, во кој го критикуваше прекарот на Дон Омар “King of Kings” (“крал на кралевите“). Дон Омар на ова одговори со песната “Ahora Son Mejor que yo”(“сега си подобар од мене“), песна од неговиот албум “Los Rompediscotecas”. Албумот “El Cartel: The Big Boss” го издаде продукциската куќа “Интерскоп” на 5 Јуни 2007. Ајала изјави дека овој албум го обележа враќањето на неговите хип-хоп корени. Го издаде продукцијата на Ајала во 2006 и го вклучува учеството на Вил Ај Ем, Скот Скорч, Тајни Тунс, Нели. Се направија и песни со Хектор Ел Фатер, Ферги, Никол Шерцингер и Ејкон. Откако се заврши албумот, првата песна што се објави беше “Impacto”. Имаше промоции на турнеите што се одржуваа во САД и Латинска Америка. Деди Јенки настапуваше и во Мексико, најпрво во Монтереј каде што имаше 10.000 посетители на концертот, а потоа во колосеумот во Сан Луис Потоси, каде што картите се продадоа, и 100ци обожаватели останаа надвор пред зградата. Ајала настапи и во Чиле, а во Еквадор имаше рекорден број на посетители. Во Боливиа направи нов рекорд- на концертот во Санта Крус де ла Сиера, го посетија 50.000 обожаватели. Локалните медиуми во земјата го опишаа шоуто како “шоу со најголема посетеност во историјата“ и како “нешто невидено“. Настапот траеше 2 часа, и публиката пееше со него. Според списанието “Билборд“, албумот :- El Cartel: The Big Boss, беше најпродаваниот латино-албум во сите музички категории во 2007, со продадени 500.000 копии во САД и 50.000 во Мексико. Во едно интервју Ајала изјави дека е му е многу драго што неговиот албум е попродаван од албумите на Хуан Луис Гера и Хуанес и дека ова е “официјален доказ дека регетонот ги победи останатите музички жанрови“. Деди Јенки се појави како гостин во албумот “Carribian Conection”, издаден на 24 Јуни 2008. Покарај него, учествуваа и други латински изведувачи како, Висин & Јандел, Дон Омар и Хектор Делгадо, заедно со изведувачите од Јамајка: Инер Циркал, Баунти Килер, Елефант Мен и Вејн Вондер. Во Јули 2008та, Ајала најави дека ќе ја сними песната на пејачката Талија “ten paciencia”. На 27 Февруари 2009, настапи на фестивалот “Viña del Mar”во Чиле и тука артистите добиваат награди во зависност од реакцијата на публиката. Откако настапи со “Rompe”, “ Llamado de emergencia”, “tu me dejaste caer”, “Gasolina”, “Limpia Parabrisas” и “Lo que paso, paso” , по два часа, Ајала ги доби следниве признанија: “златен фаќел“, “сребрен фаќел“ и “златен галеб“. На 24 Април 2009, ги доби наградите “Дух“ и “Надеж“ на латинските музички награди. Овие признанија се доделуваат на артисти кои учествуваат во добротворни цели (општествени и социјални) во текот на целата година. Песната “Grito Mundial” беше издадена на 8 Октомври 2009 со цел да го промовира деветтиот албум “Mundial”. Иако песната “El ritmo no perdona(prende)”се издаде месец претходно, не се сметаше за првиот официјално-промотивен хит.

Филмски и други видови и на проекти

уреди

Ајала има склучено многу договори со компании кои не се во музичката индустрија, со тоашто произведува роба, која го носи неговото име. Во 2005 тој стана првиот латино-артист кој потпишал договор со “Reebok“, за да произведува аксесоари и линија на облека брендирана под неговото име ( DY), која беше пуштена во продажба во јули 2006. Исто така се договори со компанијата да се произведуваат негови чевли и спортска облека, кои за првпат беа дистрибуирани на 23 Мај 2006. Рибок го продолжи партнерството, со претставувањето на колекцијата во јули 2007. Наредниот месец “Пепси“ започна кампања наречена “Puertas”(врати), во која Деди Јенки си замислува дека се враќа во минатото, со тоашто отвора многу врати. Во 2008, Ајала учествуваше во кампања за да го поттикне гласањето на главните избори во Порторико. Оваа иницијатива вклучуваше и негов концерт кој го носеше името “Vota o quėdate callao” (“гласај или молчи“). Во Август 2008, Ајала ја поддржа кампањата на Џон Мек Кејн за претседател на САД, изјавувајќи дека Мек Кејн “се борел за шпанските заедници“. Како дел од кампањата, модерираше дебата под името “Vota o quėdate callao: los candidates responden a los jōvenes” (“гласај или молчи: Кандидатите им одговараат на младите). Деди Јенки има работено во филмската индустрија како глумец и продуцент. Неговата прва, водечка улога беше во филмот “Vampiros”, режиран од Едуардо Ортиз и снимен во Порторико. Премиерата на филмот беше на фестивалот за латино-американските кина во Њујорк и доби позитивни реакции. Како резултат на ова филмската продукција “Image Entertainment” издаде и ДВД во март 2005. Ајала ја играше главната улога, ликот на Едгар во филмот “Talento de Barrio” (“Талент од соседството“), кој се сними во Порторико, а режисер беше Хосе Иван Сантјаго. Деди Јенки беше продуцент и филмов е заснован на неговото искуство и растењето во сиромашните делови на градот. Иако не е автобиографски, Ајала изјави дека го отсликува неговиот живот. Премиерата на “Talento de Barrio”се одржа во Њујорк на фестивалот за латино-филмови. Филмот го скрши рекордот, кој го држеше филмот “Mal de amores”, за најголем број продадени билети во карипските кина. Ајала е администратор на три организации, првата:-ко-сопственик на продукциската куќа “El Cartel Records”, со Андрес Ернандес. Втората: ја формираше фондацијата “Fundacion Corazon Guerrero”, организација за добротворни цели, која работи со млади, притворени луѓе. На 26 Април, 2008, студентската организација “Presencia Latina of Harvard College”(“латинско присуство на Харвард“) му ја додели наградата “Latino of the Year” (“Латино на Годината“), за напорите што вложил во организацијата“Corazon Guerrero”. И третата, косопственик на кошаркарскиот тим, Кориљос од Каугас, Порторико од 6 Февруари 2008.

Приватен живот

уреди

Ајала се ожени со Миредис Гонсалес кога имаше седумнаесет години. Двојката има три деца: Јамилет, Џереми и Хесарис. Во текот на целата кариера, го држеше својот приватен живот настрана од јавноста и не даваше интервјуа. Изјави дека го избегнува тоа, бидејќи приватниот живот е единственото нешто што не е откриено од јавноста и дека е еден вид “мало богатство“. Но сепак направи еден исклучок во 2006, кога зборуваше за врската со сопругата и децата во емисијата на ТВ водителката Марија Селесте Арарас. Зборуваше дека неговиот брак е стабилен, бидејќи тој и сопругата се “пред се, пријатели“ и дека се обидува да ги игнорира искушенијата, затоа што “слабоста е причината за падот на многу артисти“. Исто така опиша колку е близок со своите деца и делеше совети за негативните влијанија на дрогата и други пророци. Првото дете- ќерката, се роди кога тој беше седумнаесет години, и го опиша дека искуство било збунувачко на почетокот и дека да се одгледува ќерка на таа возраст, било доста тешко и напорно.

Дискографија на Деди Јенки

уреди
  • 1995: No Mercy
  • 2002: El Cangri.com
  • 2004: Barrio Fino
  • 2007: El Cartel: The Big Boss
  • 2010: Daddy Yankee Mundial
  • 2011: Daddy Yankee Prestige (Summer 2011)
  1. „The Boss is Back: Daddy Yankee Returns to his Roots“. LatinRapper.com. May 22, 2007. Посетено на January 14, 2008.
  2. 2,0 2,1 Birchmeier, Jason. „Daddy Yankee Biography“. Allmusic. Посетено на January 18, 2008.
  3. Daddy Yankee; DJ Playero (18 December 2015). „History of Daddy Yankee and his debut on Playero #34 - Underground Reggae - The Mixtape (1992) «posted by Daddy Yankee on his Instagram Account» (ESP)“. Instagram. Daddy Yankee. Посетено на 24 December 2015.
  4. ZDPUnderground.com; Daddy Yankee; DJ Playero and José Luis Valdéz Brador (he brings the complete mixtape) (11 December 2015). „Daddy Yankee on Playero #34 - Underground Reggae - The Mixtape (1992) «posted by ZDPUnderground.com on their Facebook Fan Page» (ESP)“. Facebook. ZDPUnderground.com; José Luis Valdéz Brador. Посетено на 24 December 2015.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. ZDPUnderground.com and José Luis Valdéz Brador (he brings the complete mixtape) (11 December 2015). „Playero #34 - Underground Reggae - The Mixtape (1992) «posted by ZDPUnderground.com on their Web Page» (ESP)“. ZDPUnderground.com. ZDPUnderground.com; José Luis Valdéz Brador. Архивирано од изворникот на 2015-12-24. Посетено на 24 December 2015.
  NODES