Дербент
Дербент (руски: Дербент, персиски: دربند) е град во Русија во република Дагестан. Дербент е најјужниот град во Русија, и втор по значење град во Дагестан. Според пописот на населението од 2010 година во градот живело 119.961 жители.
Дербент Дербент | ||
---|---|---|
Град[1] | ||
Други транскр. | ||
• Азербеџајн | Dərbənd | |
• Тат јазик (Кавказки) | Dərbənd | |
• Лезгини | Кьвевар, Цал, Дербенд | |
• Авар | Дербенд | |
Дербент во 2017 | ||
Држава | Русија | |
Федерален субјект | Дагестан[1] | |
Основан во | 438 | |
Градски статус од | 1840 | |
Управа | ||
• Мајор | Кизри Абакаров | |
Површина[2] | ||
• Вкупна | 69,63 км2 (2,688 ми2) | |
Надм. вис. | 0 м | |
Население (попис 2010)[3] | ||
• Вкупно | 119.200 | |
• Ранг | 137-ми во 2010 | |
• Густина | 17/км2 (44/ми2) | |
• Подреден на | Град Дебрент[1] | |
• Главен град на | Република Дегестан[1] | |
• Седиште на | Град Дебрент[1], Дербентски Округ[1] | |
• Градски округ | Дербент Урбан Округ[4] | |
• Седиште на | Дербент Урбан Округ[4], Општински Дербентски округ | |
Час. појас | московско време [5] (UTC+3) | |
Поштенски бр.[6] | 368600 | |
Повик. број. | +7 87240 | |
Мреж. место | derbent.org |
Постои тврдење дека Дербент е најстариот град во Русија. Од античко време, оваа област е многу важна заради својата позиција како порта кон Кавказ. Постојат археолошки места во Дербент стари над 5.000 години. Како резултат на географската специфичност, градот се развил помеѓу два реда sидини во ридскиот дел и брегот на Каспиското Езеро. Со векови, многу народи му давале на градот разни имиња, но секој од нив бил поврзан со „врата“, „портал“ итн.
Географија
уредиГрадот е изграден на западниот брег на Каспиското Море, јужно од реката Рубас, на падините на планините Табасаран, кои припаѓаат на Кавказ. Дербент е добро опслужуван од сообраќај - има свое пристаниште, железничката пруга минува низ него кон Баку, како и патот Баку - Ростов. Дербент има единствена стратешка позиција на Кавказ - градот се наоѓа на тесен појас на лесно проодна површина (3 км) помеѓу Каспиското Море и Кавказ, контролирајќи го копнениот сообраќај помеѓу Источната Европа и Средниот Исток. Во северниот дел на градот постои споменик на Кирк-лар, или четириесет херои, кои паднаа во одбрана на Дагестан од Арапите во 728 година. На југ се протега гранка на Кавкаскиот ѕид 50 м долг, исто така познат како Александров ѕид, кој го затвора тесниот премин на Касписката порта / Порта Атана или „Порта Каспија“. Додека овој ѕид бил недопрен, тој бил висок 9 метри и дебел 3 метри, а со своите железни порти и караули претставувал силна одбрана на персиската граница.
Историја
уредиПрвата постојана населба во областа Дербент датира од 8 век п.н.е. до 4 век од н.е., оваа област била дел од Кавкаска Албанија и обично се идентификувала со албанската престолнина. Денешното име потекнува од персискиот збор „Дарбанд“ што значи „затворена врата“, тој започна да се користи кон крајот на 5 век или почетокот на 6 век, кога градот била воспоставен во оваа област од страна на Кавад I од династијата Сасаниди на Персиско Царство.
За ѕидовите и тврдината се верува дека припаѓаат на времето на синот на Квад, Хозроје I. Дербент стана силно воено упориште и пристаниште на Сасанидската империја. Во текот на 5 и 6 век, Дербент стана важен центар за ширење на христијанството на Кавказ.Во текот на 630-ите, го заземал Казарскиот канат. Во 654 година го заземаат Арапите, кои го преобразуваат во важно управно седиште и воведуваат ислам во тоа подрачје. Калиф Харун-ал-Рашид живеел во Дербент и го довел на добар глас како уметнички и трговински центар. Во 10 век, со паѓањето на Арапскиот калифат, Дербент станува емират сè до монголската инвазија во 1239 година. Во 14 век, била окупирана од орди на Татарскиот водач Тамерлан . Во 1437 година станал под контрола на шахот Ширван . Во текот на 16 век, Дербент бил повод на војни помеѓу Османлиската Империја и Персиското Царство, со која управувала династијата Сафавиди. До почетокот на 17 век, Сафавидскиот шах Абас I му нанел тежок пораз на Отоманското Царство и го обновил Дербент. За време на Руско-персиската војна, за време на Петар Велики, Русија го освоила Дербент во 1722 година, но во 1736 година повторно бил признат авторитетот на шахот Надир. Дербент во 1747 станал главен град на Ханатот под исто име. За време на персиската експедиција нарачана од Катерина Велика, Дербент бил освоен на 10 мај во 1796 година од страна на Русите под водство на генералот Валеријан Зубов. Како резултат, беше потпишан мировниот договор Гулистан и Дербент стана дел од Руската Империја.
Население
уредиСпоред првичните податоци од пописот, градот имал 119.961 жител во 2010 година, 18.930 (18,74%) повеќе отколку во 2002 година.
Повеќето од жителите се Лезгини, проследени со Азербејџани и Табасарани.
Економија и култура
уредиВо Дербент има машинска индустрија, прехранбена индустрија (меѓу другите пиварници и винарии), текстилна индустрија, производство на градежни материјали, дрвна индустрија, риболов и преработка на риба.
Постојат неколку високообразовни институции и технички училишта во Дербент.
Во областа на културата, треба да го споменеме Легин театар (театар С. Сталски).
На два километри од градот има празнично село „Чајка“ (= галеб).
Дербент е во суштина голем музеј со прекрасни планини и крајбрежје, со голем туристички потенцијал. Од 2003 година тврдината и стариот дел на градот се наоѓаат на списокот на УНЕСКО за Светското наследство. Нестабилноста во регионот негативно влијаела и на развојот на туризмот.
Партнерски градови
уредиГалерија
уреди-
Порта во стариот дел од градот.
-
Порта на тврдината.
-
Поглед на Каспиското Езеро.
-
Поглед од тврдината на градот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRef294
. - ↑ „База данных показателей муниципальных образований“. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на June 9, 2015.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име2010Census
. - ↑ 4,0 4,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRef416
. - ↑ „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
- ↑ Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
Надворешни врски
уреди„Дербент“ на Ризницата ? |