Дија

река во Средна Европа

Дија (чешки: Dyje) или Таја (германски: Thaya) — река во Средна Европа, најдолга десна притока на Морава. Долга е вкупно 224 км,[1] протегајќи се од запад кон исток на пограничното подрачје помеѓу Долна Австрија и Јужна Моравија (Чешка), иако границата на највеќето места не минува по самата река. Настанува од две помали реки, наречени Германска Дија (Deutsche Thaya) и Моравска Дија (Moravská Dyje, Mährische Thaya) кои потоа се среќаваат кај гратчето Рабс.

Дија
Изворно имеDyje, Thaya
Местоположба
Земји Чешка,  Австрија
Физички особености
Извор 
 • местокај Паненска Росичка
 • надм. вис.410 м
Устие 
 • место
Морава
 • координати
48°37′01″N 16°56′25″E / 48.6170° СГШ; 16.9402° ИГД / 48.6170; 16.9402
 • надм. вис.
148 м
Должина224 км [1]
Големина на сливот13 419 км2
Проток 
 • просечен43,9 м3
Особености на сливот
ТечениеМораваДунавЦрно Море

Името Дија значи „тромава“. Недалеку од Знојмо се наоѓа истоименото селце Дије, наречено по реката.

Географија

уреди

Во горното течение, реката минува низ длабоки клисури во Националниот парк Подији и минува покрај повеќе замоци и дворци. Тука има изградено неколку брани.

Дија ги собира водите од западната половина на Моравија и соседните краишта на Долна Австрија. Нејзини најголеми притоки се Свратка и Јихлава кои се среќаваат во средната акумулација од хидросистемот „Нове Млини“.

Населени места

уреди

Поважни населени места по течението на Дија (по низводен редослед) се:

Брани

уреди
 
Акумулацијата „Знојмо“.

Сите брани на Дија се наоѓаат во Чешка и служат за наводнување, производство на електрична енергија и заштита од поплави.

Брана Моќност Вид
„Вранов“ 18,9 MW обична
„Знојмо“ 1,4 MW проточна
„Нове Млини I“ (горна) проточна
„Нове Млини II“ (средна) проточна
„Нове Млини III“ (долна) 2,4 MW проточна

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Niederösterreich Atlas (Lower Austria)

Надворешни врски

уреди
  NODES