Ева Грин (родена на 6 јули 1980 во Париз) — француска глумица и манекенка.

Ева Грин
Ева Грин во 2009 година
Роден(а)6 јули 1980(1980-07-06)(44 г.)
Париз, Франција
Занимањеглумица, модел
Активен период2001–денес
РодниниМарлен Жобер (мајка)

Грин е ќерка на глумицата Марлен Жобер и ја започнала својата кариера во театарот пред да го направи своето деби во филмот Сонувачи на Бернардо Бертолучи (2003). Таа добила меѓународно признание за нејзината улога како Сибила, кралица на Ерусалим во историскиот еп на Ридли Скот, Небесно кралство (2005). Следната година, таа ја играла Бондовата девојка Веспер Линд во филмот за Џејмс Бонд, Казино Ројал (2006) и ја добила наградата BAFTA Rising Star Award.

Оттогаш Грин играла во бројни филмови, вклучувајќи ги и Cracks (2009), Womb (2010) и Perfect Sense (2011). Во 2014 година, таа ја глумела Артемизија I во продолжението на филмот 300, Подемот на царството, и Ава Лорд во продолжението на филмот Sin City. Грин е позната и по Темни сенки (2012), Miss Peregrine's Home for Peculiar Children (2016) и Dumbo (2019). За нејзината улога како мајка астронаут во филмот Проксима (2019), таа се здобива со Сезар номинација за најдобра глумица.

Таа е позната и по неколку улоги на телевизиските екрани. Ја има толкувано улогата на Моргана Пендрагон во краткотрајната серија Камелот, но попозната е по улогата на Ванеса Ајвс во серијата Хорор приказни. За улогата на Ванеса, се здобива со номинација за Златен глобус за најдобра глумица.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES