Едеран
Едеран (германски: Oederan) — град во округот Средна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Едеран | |
Градското собрание на Едеран | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Средна Саксонија |
Градски единици | 7 |
Градоначалник | Штефен Шнајдер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 77,35 км2 |
Надм. височина | 400 м |
Население | 7.782 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 101 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FG |
Пошт. бр. | 09569 |
Повик. бр. | 037292 |
Портал | www.oederan.de |
Местоположба на градот Едеран во рамките на округот Средна Саксонија | |
Координати | 50°51′42″N 13°10′2″E / 50.86167° СГШ; 13.16722° ИГД |
Географија
уредиЕдеран се наоѓа 14 километри југозападно од Фрајберг, 17 километри источно од Кемниц и околу 50 километри западно од Дрезден.
Градот ги вклучува и селата Бернихен, Брајтенау, Франкенштајн, Галенц, Герберсдорф, Кирхбах, Лесництал и Шенерштат.
Историја
уредиЕдеран првпат бил споменат како град во 1286 година. Населбата на оваа област потекнува од лужичкото племе во IX и X век. Франкониските фармери, занаетчии и трговци се населиле овде во XII век. Од средниот век, најважни индустрии биле текстилната и ткаењето. Во XIX век, изградбата на железничката линија придонела за развој на градот. Биле изградени неколку фабрики со средна големина околу железничката станица во Едеран.[2]
Во текот на Втората светска војна, овде се наоѓал подкамп на концентрациониот логор Флосенбирг.[3]
Знаменитости
уредиЕдеран е познат по неговата туристичка атракција „Klein-Erzgebirge“, најстариот минијатурен парк во Германија. Во паркот се прикажани околу 185 минијатурни реплики на познати згради од областа на Рудните Планини во размер од 1:25[4].
Најважната стара градба е готската црква. Историјата на црква потекнува од 13 век.[2] Оргули изградени од познатиот Готфрид Зилберман се наоѓаат внатре.
Втората важна градба во градот е Градското собрание. Прво изградена околу 1400 година, но подоцна била запалена неколкупати (1632, 1709 и 1753) и повторна била изградена во нејзиниот денешен облик во 1785 година.
Луѓе
уреди- Игор Миторај (1944-) — полски вајар и сликар
- Адолф Готлиб Фидлер (1771–1850) — саксонски претприемач во Саксонија и Полска
Литература
уреди- Cziborra, Pascal. KZ Oederan. Verlorene Jugend. Lorbeer Verlag. Bielefeld. 2008 ISBN 978-3-938969-06-9
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 oederan.de: Историја на Едеран Архивирано на 26 мај 2008 г.. 8 јуни 2008
- ↑ Кристин О‘Киф: Концентрациони логори.
- ↑ klein-erzgebirge.de: Der älteste Miniaturpark der Welt lädt ein! Архивирано на 29 март 2010 г.. 8 јуни 2008
Надворешни врски
уреди- Едеран на Ризницата ?
- Официјална страница